Connect with us
no baners

Останато

Едношалтерски систем на Царинската управа и Централниот регистер

Објавено

на

Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за  надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската управа ќе им овозможи електронски пристап до базата на податоци за платени увозни давачки.

Ова беше главната тема на денешниот состанок меѓу директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова.

Како што информира Царинската управа, интенцијата е граѓаните и фирмите да не мораат да доаѓаат во Царинска управа да вадат потврди дека немаат доспеан неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки, коишто им се потребни при уписи во Централниот регистар.

„Директорите истакнаа дека ваквите активности се во насока на подобрување на условите за водење бизнис, при што и двете институции ќе работат на унапредување и олеснување на постапките преку нивна целосна дигитализација“, се наведува во соопштението.

no baners
no baners

Останато

Од утре поевтинуваат горивата: Дизелот пониско за 3 денари, бензините за 1,5 денар

Објавено

на

Од 00:01 часот на 6 октомври стапуваат во сила новите цени на горивата, со кои Регулаторната комисија за енергетика утврди просечно намалување на малопродажните цени од 1,85% во однос на претходната пресметка.

Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, кои поевтинуваат за по 3 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за по 1,50 денар за литар.

Новите највисоки малопродажни цени изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 98,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 100,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 97,00 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 108,50 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 49,597 денари за килограм.

Цената на мазутот се намалува за 0,285 денари за килограм во споредба со претходната одлука.

Според образложението на Регулаторната комисија, намалувањето е резултат на пониските референтни цени на нафтените деривати на светските пазари. Кај бензините тие се намалиле во просек за 2,885%, кај дизелот за 4,770%, кај екстра лесното масло за 4,384%, а кај мазутот за околу 1,807%.

Во пресметката е применета и намалена акциза од 4 денари за литар кај двата бензини и кај дизелот, како и повластена стапка на ДДВ од 10% за ЕУРОДИЗЕЛ.

Трговците и понатаму можат да ги формираат цените и пониско од утврдените највисоки малопродажни цени.

Продолжи со читање

Останато

Под притисок од Трамп, Г7 ќе ослободи 100 милиони барели нафта и дизел од резервите

Објавено

на

Земјите од Г7 постигнаа договор во следните четири месеци да ослободат 100 милиони барели сурова нафта и дизел од стратешките резерви, по силниот притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врз европските сојузници.

Мерката треба да започне веднаш, а приоритет ќе има ослободувањето поголеми количества дизел во првите недели. Целта е да се зголеми понудата и да се ублажи растот на цените на горивата, кои во последниот период достигнаа исклучително високи нивоа поради нарушувањата во снабдувањето предизвикани од воените конфликти на Блискиот Исток и во Украина.

Според информации објавени од западни медиуми, Вашингтон вршел силен притисок врз европските влади да посегнат по своите стратешки резерви, при што била разгледувана и можноста САД да го ограничат извозот на дизел доколку европските земји не преземат мерки.

Таквиот пристап предизвикал незадоволство кај дел од европските дипломати, кои оцениле дека заканата со ограничување на американскиот извоз претставува силен политички притисок врз Европа.

Во рамки на разговорите, американските претставници првично барале ослободување и до 120 милиони барели, но конечниот договор на Г7 е за 100 милиони барели нафта и горива.

Францускиот претседател Емануел Макрон, сепак, отфрли дека разговорите со Трамп имале заканувачки тон и нагласи дека одлуката била донесена заеднички. Г7 истовремено се обврза да избегнува ограничувања на извозот на енергенси.

Од Белата куќа очекуваат мерката да придонесе за поголема понуда на пазарот и пониски цени на дизелот. Американските власти најавуваат дека внимателно ќе го следат спроведувањето на договорот и состојбата на енергетските пазари.

Договорот ќе биде координиран преку Меѓународната агенција за енергија (IEA), а засега не е прецизирано колкаво количество од вкупните 100 милиони барели ќе обезбеди секоја од земјите членки.

По објавувањето на договорот беше забележан пад на цените на нафтата и на дизелот на меѓународните пазари, иако глобалната енергетска ситуација останува неизвесна поради геополитичките тензии и нарушувањата во снабдувањето.

Продолжи со читање

Останато

Стопанската комора со предлог за промени во системот на празници и неработни денови

Објавено

на

Стопанската комора денеска ќе ги претстави своите предлози за промени во системот на празници и неработни денови во Македонија, во рамки на прес-конференција посветена на нивното влијание врз економијата.

На настанот се очекува да биде направен осврт на актуелното законско решение за празниците, како и да бидат презентирани конкретни предлози за измени на Законот за празниците.

Според најавите од Комората, иницијативата е насочена кон поефикасно организирање на неработните денови, со цел да се подобрат продуктивноста и економската ефикасност.

Прашањето за бројот и распоредот на празниците подолго време предизвикува интерес кај деловната заедница, особено поради нивното влијание врз организацијата на работните процеси и работењето на компаниите.

Се очекува предлогот на Стопанската комора да поттикне поширока дебата за тоа како евентуалните измени би се одразиле врз работодавачите, вработените и вкупната економска активност во земјава.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange