Connect with us

Бизнис

Design Thinking: Креативниот пристап што ги менува правилата на играта за младите претприемачи

Објавено

на

Во свет каде што неизвесноста е единствената константа, успешните претприемачи се оние што знаат да се адаптираат, тестираат идеи и брзо донесуваат одлуки. Но, како да развиеш бизнис што навистина ги решава вистинските проблеми на пазарот? Како да го намалиш ризикот од неуспех, а истовремено да бидеш иновативен?

Одговорот го нуди Design Thinking – методологија што ја користат компании како Airbnb, Google и IBM за создавање услуги и продукти кои луѓето навистина ги сакаат и им требаат. Овој пристап одамна ја надминал границата на ИТ и технолошките компании – сега се користи и во финансии, производство, малопродажба, па дури и во здравствениот сектор.

На 19 февруари, за првпат во Битола, младите претприемачи од југозападниот регион ќе имаат можност бесплатно да научат како се применува Design Thinking, во рамките на работилницата „ProBiz Superpowers“, како дел од програмата за млади претприемачи поддржана од ПроКредит Банка и ЕБОР.

Зошто Design Thinking е важен за претприемачите?

99,7% од компаниите во Македонија се мали и средни претпријатија, а нивниот опстанок и раст зависат од способноста брзо да се адаптираат на пазарните услови.

„Design Thinking не е само алатка – тоа е начин на размислување кој ти помага да разбереш што навистина сакаат клиентите. Наместо да се претпоставува, се тестира, наместо да се инвестира во нешто несигурно, се создава решение што има реална вредност“, вели Александар Стамболиев, извршен директор на Бизнис Акцелератор УКИМ-БАУ.

Никола Огненовски, портфолио менаџер на УКИМ-БАУ, додава:“Она што го гледаме е дека стартапите и малите бизниси што го применуваат Design Thinking подобро ги презентираат своите идеи, побрзо наоѓаат инвеститори и полесно освојуваат нови пазари.”

Што ќе научат учесниците?

-Како да ги препознаваат вистинските потреби на корисниците.

-Како да дефинираат проблем што вреди да се решава.

-Како да генерираат идеи што носат вредност.

-Како да креираат прототипи и да ги тестираат пред да инвестираат во нив.

-Како да користат Design Thinking во развојот на својот бизнис.

Кој може да учествува?

Млади бизнис сопственици или управителидо 35 години. Работилницата е БЕСПЛАТНА, но бројот на места е ограничен.

Детали за работилницата

Локација: Utopia Business Club, Битола

Датум: 19 февруари 2025 (14:00 – 18:00)

Линк за пријавување: Design Thinking

Претприемништвото бара нови супермоќи – подготвени сте?

Ако сакате да го развивате својот бизнис како што тоа го прават најуспешните компании, оваа работилница е вашата можност да научите како Design Thinking може да ви помогне да создадете нешто што пазарот навистина го сака.

Резервирајте го вашето место веднаш!

Програмата ЕБОР “Млади во бизнис” е поддржана од Европската Унија, Шведска преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, Италија преку Централноевропската иницијатива и Луксембург преку Фондот за малите бизниси на ЕБОР.

Програмата “Млади во бизнис” во Македонија единствено се пласира преку ПроКредит Банка и им помага на малите и средните претпријатија кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години да пристапат до знаење, експертиза, финансии и други клучни ресурси за да ги надминат своите предизвици и да го реализираат својот потенцијал. Целта на програмата е да поттикне раст, иновации и финансиско зајакнување, со што ќе се редефинира пејзажот за малите и средни бизниси кои се двигателите на економскиот развој во земјава.

ПР објава

Бизнис

ОКТА го намалува дизелот за два денари по литар, но дали ќе поевтини и на бензинските пумпи?

Објавено

на

Компанијата ОКТА воведува привремен попуст од два денара по литар дизел гориво за трговците на големо и мало, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година.

Станува збор за мерка со која компанијата има цел да го поддржи домашниот пазар на горива и да го ублажи влијанието на нестабилните цени на меѓународните пазари.

Сепак, намалувањето на цената по која ОКТА го испорачува дизелот не значи дека горивото автоматски ќе поевтини за два денара и на бензинските пумпи. Конечните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат трговците, во согласност со нивните комерцијални политики и состојбите на пазарот.

Од ОКТА информираат дека оваа мерка е продолжение на активностите за поддршка на домашниот пазар што компанијата ги спроведува од март годинава. Со најновиот попуст, вкупната вредност на поддршката од март 2026 година се очекува да достигне околу осум милиони евра.

Целта на мерките е да се придонесе за поголема стабилност и конкурентност на пазарот на горива во земјава, во услови на неизвесност на глобалните енергетски пазари.

Дали возачите ќе почувствуваат олеснување при полнењето гориво, ќе зависи од одлуките на бензинските пумпи, односно од тоа дали и во колкав износ ќе го пренесат добиениот попуст врз крајните потрошувачи.

Продолжи со читање

Бизнис

ССКМ организира тркалезна маса за поголемо учество на бизнис-заедницата во реформските процеси

Објавено

на

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) ќе организира Национална тркалезна маса на тема „Посилен глас на бизнисот за реформите“, со цел да се поттикне поголема вклученост на компаниите во креирањето економски политики и спроведувањето на реформите во земјава.

Настанот, кој ќе се одржи во Скопје, ќе биде посветен на улогата на приватниот сектор во реформските процеси, како и на можностите за зајакнување на соработката и дијалогот меѓу деловната заедница и надлежните институции.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат начините на кои компаниите можат поактивно да учествуваат во донесувањето одлуки што директно влијаат врз нивното работење, деловната клима и економскиот развој.

Преку размена на мислења, искуства и конкретни предлози, тркалезната маса има за цел да придонесе кон подобро усогласување на реформските политики со реалните потреби и предизвици со кои се соочува стопанството.

Посебно внимание ќе биде посветено на потребата од поефикасна комуникација меѓу бизнис-секторот и институциите, со цел ставовите и иницијативите на компаниите да добијат поголема тежина при подготовката и спроведувањето на реформските мерки.

Националната тркалезна маса ќе претставува платформа за конструктивен дијалог и формулирање предлози насочени кон создавање поповолно деловно опкружување и поттикнување на конкурентноста на македонската економија.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонските аеродроми со 3,33 милиони патници за девет месеци: Раст од 29% на годишно ниво

Објавено

на

Воздушниот сообраќај во Македонија продолжува да бележи силна позитивна динамика, покажуваат податоците на операторот ТАВ Македонија за периодот јануари – септември 2026 година.

Во првите девет месеци од годинава, аеродромите во Скопје и Охрид опслужиле вкупно 3.331.685 патници, што претставува зголемување од 29% во споредба со истиот период минатата година.

Истовремено, бројот на летови достигнал 22.147, што е за 10% повеќе на годишно ниво.

Најголемиот дел од патничкиот сообраќај се реализирал преку Меѓународниот аеродром Скопје, кој опслужил 3.065.692 патници, со годишен раст од 29,07%.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, забележал 265.993 патници, што претставува зголемување од 26,76%.

Разликата меѓу растот на бројот на патници и растот на бројот на летови покажува дека просечниот број патници по реализиран лет се зголемил, иако за целосна процена на искористеноста на капацитетите се потребни податоци за бројот на расположливи седишта.

Растот на воздушниот сообраќај има значење за повеќе сегменти од домашната економија, вклучувајќи го туризмот, угостителството, транспортот, трговијата и услугите.

За компаниите, поголемата поврзаност со странските пазари може да придонесе за полесно реализирање деловни патувања и подобра меѓународна достапност.

Сепак, бројот на аеродромски патници не треба директно да се поистоветува со бројот на странски туристи, бидејќи статистиката ги опфаќа и домашните патници, деловните патувања и другите категории патнички сообраќај.

Редакција Банкарство

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange