Криптовалути
БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?
Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година.
“Биткоинот би можел да ја зголеми својата вредност благодарение на факторите како што се неодамнешните превирања во банкарскиот сектор и стабилизирањето на ризичните средства, бидејќи Федералните резерви на САД го завршуваат циклусот на зголемување на каматните стапки и подобрената профитабилност од крипторударење”, изјави шефот за истражување на дигитални средства на „Standard Chartered”, Џеф Кендрик.
„Додека изворите на несигурност остануваат, мислам дека патот на биткоинот до нивото од 100.000 долари станува се појасен“, предвидува Кендрик.
Биткоинот се зголеми речиси двојно оваа година, надминувајќи го прагот од над 30.000 долари во април за прв пат по десет месеци. Добивките претставуваат делумно закрепнување откако трилиони долари беа избришани од крипто секторот во 2022 година, бидејќи централните банки ги зголемија каматните стапки и голем број крипто компании крахираа.
Последните случувања во крипто секторот и трендот на раст на криптовалутите укажуваат дека полека но сигурно криптозимата завршува и следат посветли денови за крипто секторот.
Криптовалути
Биткоинот пред клучен тест: Пробив над 64.500 долари може да донесе нов раст
Биткоинот на 30 јули продолжува да се движи во тесен ценовен опсег меѓу 63.180 и 64.500 долари, додека инвеститорите го очекуваат следниот посилен пазарен потег.
Според техничката анализа, за продолжување на растот потребен е убедлив пробив над отпорот од 64.500 долари. Доколку купувачите успеат да ја задржат цената над ова ниво, следната цел би можела да биде околу 65.700 долари.
Од друга страна, пад под границата од 63.000 долари би можел да го зголеми продажниот притисок и да ја насочи цената кон 61.709 долари.
Индексот на релативна сила изнесува 45,46 поени, што покажува дека продавачите имаат мала предност, но биткоинот сè уште не е во зоната на прекумерна продажба. Другите технички показатели даваат мешани сигнали, при што дел од нив укажуваат на присутна побарувачка, а дел на слаб краткорочен моментум.
Неутралното сценарио предвидува биткоинот да остане меѓу 63.180 и 64.500 долари, сè додека купувачите или продавачите не воспостават појасна контрола врз пазарот.
Криптовалути
Русија усвои сеопфатен закон за регулирање на криптовалутите
Руската Државна дума го усвои првиот сеопфатен закон за регулирање на пазарот на криптовалути, со кој се овозможува тргување со дигитални средства преку лиценцирани посредници.
Употребата на биткоин и на други криптовалути за плаќање стоки и услуги во Русија, сепак, и натаму ќе биде забранета, а рубљата останува единственото законско платежно средство во земјата.
Поголемиот дел од одредбите треба да стапат во сила на 1 септември 2026 година. Законот предвидува воспоставување регистар на лиценцирани криптоберзи, брокери и други даватели на услуги, додека надзорот над пазарот ќе го врши Централната банка на Русија.
Новата регулатива ја задржува можноста криптовалутите да се користат во одредени меѓународни трансакции. Тоа би можело да им го олесни прекуграничното плаќање на руските компании во услови на западни санкции.
Малите инвеститори ќе можат да ги купуваат најликвидните криптовалути преку овластени посредници, со годишно ограничување од 300.000 рубљи кај секој посредник. Квалификуваните инвеститори ќе имаат значително пошироки можности за тргување.
Со законот Русија продолжува да го формализира пазарот на дигитални средства, но ја задржува строгата контрола врз нивната употреба во домашниот платен промет, објави „Коинпејпер“.
Криптовалути
Биткоинот би можел да падне до 38.000 долари пред нов циклус на закрепнување
Биткоинот можеби сè уште не го достигнал дното на актуелниот пазарен циклус, оценува инвестициската компанија NYDIG во својот извештај за вториот квартал. Според анализата, сегашната корекција сè повеќе наликува на големите падови од 2014, 2018 и 2022 година, што отвора можност цената да се спушти до 38.000–39.000 долари пред да започне ново закрепнување.
Во првата половина од годината, биткоинот загуби 32,9 проценти од вредноста, вклучително и пад од 13,4 проценти во вториот квартал. Тоа се случи во период кога традиционалните финансиски пазари остварија силни резултати – технолошките акции пораснаа за 43,5 проценти, а индексот Nasdaq 100 за 27,7 проценти.
Според NYDIG, слабоста на биткоинот не е последица на поширока распродажба на финансиските пазари, туку на фактори специфични за крипто-индустријата, како што се слабата побарувачка на спот-пазарот, зголемената употреба на финансиски левериџ и промените во однесувањето на институционалните инвеститори.
Компанијата посочува дека биткоинот веќе изгубил речиси половина од вредноста во однос на рекордното ниво од околу 126.000 долари, достигнато во октомври 2025 година.
Дополнителен фактор на неизвесност е и промената во стратегијата на компанијата Strategy (поранешен MicroStrategy), која воведе механизам што ѝ овозможува продажба на дел од своите биткоини. Според NYDIG, тоа го менува досегашниот став дека компанијата исклучиво акумулира криптовалута.
Во вториот квартал американските спот ETF фондови поврзани со биткоин забележале нето-одлив од околу 4,9 милијарди долари. Најголеми повлекувања на средства имало од фондовите на BlackRock, Grayscale и Fidelity, додека новиот ETF на Morgan Stanley бил исклучок со прилив од околу 365 милиони долари.
Во исто време, NYDIG предупредува дека левериџот на пазарот расте побрзо од реалната побарувачка. Отворените позиции на фјучерс-пазарот продолжуваат да се зголемуваат, а пазарната капитализација на стабилните криптовалути е намалена за околу 11 милијарди долари, што укажува на одлив на свеж капитал од крипто-секторот.
Компанијата наведува дека понатамошното движење на биткоинот ќе зависи од повеќе фактори, меѓу кои се евентуални регулаторни одлуки во САД, монетарната политика на Федералните резерви, геополитичките тензии на Блискиот Исток и развојот на квантните технологии, кои на подолг рок би можеле да бараат дополнителни безбедносни надградби на биткоин мрежата.
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 1 месецДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Берзапред 2 месециРКЕ донесе одлука: Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, најголем пад на цената во последните месеци
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни


