Банки
Безготовинските платежни трансакции со платежни картички и електронски иницираните кредитни трансфери во земјата и натаму растат

Народната банка ги објави податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2023 година.
Податоците покажуваат дека и во вториот квартал од 2023 година има тренд на раст во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од граѓаните, како на платежните картички, така и на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни налози.
Годишниот раст на употребата на платежните картички издадени во земјата за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги во земјата од страна на граѓаните во вториот квартал од оваа година, во споредба со истиот период минатата година, изнесува 13,9% кај бројот, при солиден раст од 12,5% и кај вредноста на овие трансакции. Притоа, значителен годишен раст од 16,6% е забележан кај употребата на картичките за плаќања производи и услуги во земјата, при засилен раст кај плаќањата на физичките места на продажба од 17,0%, но и висок раст од 11,9% кај плаќања на виртуелните (интернет) продажни места.
Плаќањата на граѓаните со платни налози во истиот период забележаа висок годишен раст од 19,2% кај вредноста и 4,8% кај бројот на остварените трансакции, при видлива натамошна зголемена употреба на електронското банкарство за иницирање на овие плаќања. Имено, бројот на електронски иницираните платни налози во вториот квартал од 2023 година забележа годишен раст од 14,2%, што е повеќе за 5,7 п.п. од годишниот раст во вториот квартал од 2022 година (8,5%). Тренд на раст се забележува особено кај употребата на апликациите на мобилните телефони, и тоа од 23,3%, во споредба со истиот период од 2022 година и има послаб годишен раст од 2,7% кај употребата на компјутерите за извршување на плаќањата.
Податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2023 година, коишто покрај изнесените податоци за платежните трансакции на граѓаните во земјата, содржат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата, се достапни на следнава врска.
Банки
Промени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонската берза, ТТК Банка АД Скопје известува за промени во составот на својот Надзорен одбор.
„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје објавува дека, заради истекот на мандатот заклучно со 18.3.2025 година, г. Арсен Јаневски и г. Трим Ќемали повеќе не се членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје“, се вели во соопштението на ТТК Банка, објавено на Македонска берза.
По овие промени, актуелниот состав на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје е следниот:
- г-дин Бобан Гоговски – Претседател на Надзорниот одбор и Извршен член на Одборот на директори, како и генерален директор на „Тетекс“ АД Тетово.
- г-дин Владо Камбовски – Заменик-претседател на Надзорниот одбор и независен член.
- г-ѓа Драгица Јовановска – Член на Надзорниот одбор и Неизвршен член на Одборот на директори на „Тетекс“ АД Тетово.
- г-дин Златко Черепналкоски – Член на Надзорниот одбор и Директор за продажба и маркетинг на „Енерџи Деливери Солушнс“ АД Скопје.
- г-ѓа Евгенија Трпкоска – Член на Надзорниот одбор и Неизвршен член на Одборот на директори на „Тетекс“ АД Тетово.
- г-дин Михаил Петковски – Член на Надзорниот одбор и професор во пензија.
ТТК Банка АД Скопје останува посветена на стабилно и професионално управување, следејќи ги највисоките корпоративни стандарди.
Банки
ВОДЕНИ ОД МОТОТО ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ – Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг донираа 6 милиони денари како поддршка и помош на семејствата на повредените од трагедијата во Кочани

Во духот на општествената одговорност и солидарност, Шпаркасе Банка АД Скопје и Шпаркасе Лизинг издвојуваат финансиски средства во износ од 6 милиони денари како поддршка за заедницата погодена од неодамнешните случувања во Кочани и околината.
Средствата ќе бидат наменети за помош на повредените и нивните семејства, поддршка на институциите и заедницата во Кочани, како и за директна донација на наменската сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
„Како финансиска институција со силен општествен ангажман, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг остануваат посветени на вредностите на хуманоста, одговорноста и солидарноста. Ги охрабруваме сите компании и поединци, во рамки на своите можности, да се приклучат на оваа иницијатива и да дадат свој придонес во процесот на опоравување и поддршка на погодените семејства“, велат од Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг.
Во овие тешки моменти, единството е клучно. Заедно сме посилни – денес и секогаш.
Банки
КРИЗА ВО ГЕРМАНСКИОТ БАНКАРСКИ ГИГАНТ – Дојче банк ќе отпушта две илјади вработени и ќе ја намалува мрежата на филијали!?

Германскиот банкарски гигант „Дојче банк“ планира да намали околу 2.000 работни места во текот на оваа година, во рамки на стратегијата за оптимизација на трошоците, пренесува „ДПА“.
Во согласност со долгорочниот тренд на реструктурирање, банката дополнително ќе ја намали својата мрежа на филијали. Овој потег е дел од тековните процеси на прилагодување кон новите пазарни услови и зголемениот фокус на дигиталните финансиски услуги.
Извршниот директор на „Дојче банк“, Кристијан Севинг, на конференцијата организирана од „Морган Стенли“ истакна дека во наредниот период ќе се реализира значителен број затворања на филијали. Тој нагласи дека трошоците поврзани со овие мерки се веќе пресметани во тековните финансиски планови на банката.
Портпаролот на „Дојче банк“ потврди дека процесот на затворање на филијали е дел од претходно најавените мерки за оптимизација, додавајќи дека банката не воведува нова програма за намалување на трошоците.
Во согласност со новата деловна стратегија, „Дојче банк“ го префрла фокусот кон дигиталното банкарство, при што се планира значително зголемување на видео и телефонските консултации за приватни клиенти, се вели во извештајот на „ДПА“.
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Банкипред 2 месеци
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 2 месеци
Добивката на ТТК Банка порасна за 2,9% и дојде до 1,76 милиони евра во 2024 година
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје: Јануарските пензии се веќе исплатени!
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка ќе подели бруто дивиденда од 1.250 денари по акција за 2024 година!?
- Анализипред 2 месеци
Наглиот пад на Nvidia: Дали конкуренцијата од Кина ја загрозува технолошката доминација?
- Банкипред 2 месеци
Европската централна банка за разлика од ФЕД одлучи да намали три клучни каматни стапки
- Business Womanпред 2 месеци
Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје