Connect with us

Останато

Пуштена во употреба најголемата онлајн продавница во Македонија

Објавено

на

Ananas онлајн шопинг мол е конечно достапен и во Македонија, а по објавената прва кампања можеме само да погодуваме какви изненадувања подготви Ananas за своите корисници. „Шопинг мол, ā на нет“ со над 100.000 производи од различни категории со себе носи целосно нов концепт на онлајн купување во Македонија.

Што точно е онлајн шопинг мол?

Онлајн шопинг мол е дигитална платформа која функционира како виртуелен трговски центар. Слично на физичкиот трговски центар каде што различни продавници се наоѓаат под ист покрив, онлајн пазарот обединува различни продавачи и нивните производи на едно место – интернет просторот.

Тогаш што е Ananas онлајн шопинг мол?

По истиот принцип, Ananas онлајн шопинг мол ги обединува малите и средни претпријатија преку давање можност да ги промовираат и продаваат своите производи на широкaта јавност, со што директно придонесува за понатамошен раст како на локалната економија, така и на балканската е-трговија.

Понудата на Ananas, шопинг мол, ā на нет вклучува над 100.000 производи од различни категории, вклучувајќи мали апарати за домаќинство, ТВ и аудио уреди, бела техника, градинарски мебел, облека и модни додатоци, козметика, опрема за спорт и рекреација, и многу други категории.

За разлика од традиционалните онлајн продавници кои нудат само сопствени производи, Ananas нуди широк избор на производи од различни трговци, што значи дека можете да ги споредите цените и карактеристиките на производите и да го направите вистинскиот избор според вашиот вкус.

Она што го издвојува Ananas на пазарот се бројните поволности што ги нуди за своите корисници, а меѓу нив, покрај широкиот асортиман на производи, се премиум условите за сите членови на Ananas + Клуб, бројни промоции, сериозно големи попусти, најсовремени методи и експресно време на испорака – рок од 24 часа.

Што е Ananas директ?

Ananas Директ значи испорака за рекордно брзо време. Нарачуваш наутро, а пратката пристигнува најдоцна денес или утре. Секој производ на платформата означен со “ā – direkt” се наоѓа директно во магацинот на Ananas, што значи побрза и поефикасна испорака. 

Со широк асортиман на производи, висок стандард на корисничко искуство и амбиција за регионално проширување, Ananas ја крои иднината на онлајн трговијата во регионот, а со лансирањето на најголемата онлајн продавница во Македонија, Ananas е чекор поблиску до својата цел – да стане број еден во регионот кога станува збор за е-трговија.

Останато

НЛБ предупредува на лажни СМС пораки: Не отворајте сомнителни линкови

Објавено

на

НЛБ ги предупредува граѓаните на појава на лажни СМС пораки во кои се злоупотребуваат името и брендот на банката, со цел од корисниците да се приберат лични и банкарски податоци.

Во пораките, примателите се повикуваат да отворат линк и да внесат или потврдат лични податоци, информации од платежни картички или податоци поврзани со електронското и мобилното банкарство.

Од НЛБ апелираат корисниците да не кликаат на непознати и сомнителни линкови и да не внесуваат доверливи информации преку нив.

„НЛБ никогаш нема да побара од вас лозинка, ПИН или други доверливи податоци преку СМС линк“, посочуваат од банката.

Граѓаните се советуваат внимателно да ја проверат секоја порака и нејзиниот извор пред да споделат какви било податоци.

Ваквите пораки се форма на т.н. „smishing“ измама, односно обид преку СМС и лажен линк да се дојде до чувствителни податоци кои подоцна можат да бидат злоупотребени.

Од НЛБ порачуваат корисниците да бидат внимателни и навремено да ги заштитат своите лични податоци и финансиски средства.

Продолжи со читање

Останато

КБ Прво пензиско друштво со промени во Надзорниот одбор

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја извести Македонската берза за промени во составот на Надзорниот одбор на Друштвото.

Согласно одлуките донесени од Собранието на акционери, за членови на Надзорниот одбор повторно се избрани Аленка Жнидаршич Крањц, Јанез Крањц и Анита Бислимовска, додека Кирил Јовановски е избран за нов независен член на Надзорниот одбор.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС донела решенија со кои се одобрува изборот и реизборот на членовите, а нивниот мандат започнал на 4 август 2026 година.

Истовремено, на независниот член на Надзорниот одбор Душица Стевчевска-Србиноска ѝ престанал мандатот заклучно со 3 август 2026 година.

Согласно Решението на Централниот регистар од 6 август 2026 година, Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво сега го сочинуваат:

  1. Аленка Жнидаршич Крањц – член
  2. Маја Стевкова Штериева – член
  3. Јанез Крањц – член
  4. Анита Бислимовска – член
  5. Рок Папич – независен член
  6. Кирил Јовановски – независен член

Информацијата е објавена преку Македонската берза, согласно обврските за известување утврдени со Законот за хартии од вредност.

Продолжи со читање

Останато

Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026

Објавено

на

Под мотото „Lending Reimagined“, на 24 и 25 септември Скопје ќе биде регионална точка за разговор за иднината на микрофинансирањето, кредитирањето, вештачката интелигенција и новите модели на финансирање. Како може да се продлабочи соработката меѓу банките, штедилниците и небанкарските финансиски институции? Зошто небанкарското микрофинансирање е важно за финансиската инклузија и економскиот развој? На кој начин дигитализацијата и вештачката интелигенција го трансформираат кредитирањето?

Ова се дел од клучните прашања што ќе бидат во фокусот на третото издание на меѓународната конференција MicroBalkans 2026, која на 24 и 25 септември во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје ќе собере повеќе од 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји.

Под мотото „Lending Reimagined “, конференцијата ќе ги обедини финансиските институции, регулаторите, експертите, инвеститорите, компаниите и иноваторите во разговор за промените што веќе ја обликуваат финансиската индустрија – од дигитализацијата на кредитирањето и примената на вештачката интелигенција, до пристапот до капитал, европската регулатива и развојот на одговорни, одржливи и поинклузивни финансиски решенија.

Свои воведни обраќања на конференцијата ќе имаат гувернерот на Народната банка на Северна Македонија и министерот за информатичко општество и дигитална трансформација, а се очекува учество и на други истакнати претставници и реномирани експерти од финансискиот сектор од регионот и Европа.

Активно учество ќе земат и небанкарските и микрокредитните институции од земјите на Западен Балкан, членки на Алијансата, со што дополнително се потврдува регионалниот карактер и значењето на MicroBalkans 2026 како платформа за размена на искуства, регионална соработка и развој на финансискиот сектор.

Конференцијата ја организираат Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија и штедилниците, во партнерство со Western Balkans Alliance и European Microfinance Network.

„Финансискиот сектор веќе не разговара дали ќе се трансформира, туку колку брзо и одговорно ќе го направи тоа. MicroBalkans сака Скопје да биде едно од местата каде што ќе се води тој разговор – меѓу банките, штедилниците, небанкарските финансиски институции, микрокредитните институции, регулаторите, инвеститорите и останатите чинители кои можат заеднички да создаваат подобар пристап до финансии и поконкурентен финансиски сектор“, истакнуваат организаторите.

Од вештачка интелигенција до нови модели на финансирање

Во текот на дводневната програма, преку панел-дискусии, работилници и експертски сесии, MicroBalkans 2026 ќе отвори дел од најактуелните прашања што ја определуваат иднината на финансискиот сектор.

Во фокусот ќе бидат дигитализацијата на кредитирањето, примената на вештачката интелигенција и новите технологии, пристапот до капитал, новите модели на финансирање за микро, мали и средни претпријатија, регулаторните промени на европско ниво и одговорното дигитално задолжување.

Еден од важните фокуси ќе биде финансиската инклузија – како финансиските услуги да станат подостапни и како микрофинансирањето, во соработка со банкарскиот сектор, може да придонесе за развојот на претприемништвото, малите бизниси и локалните економии.

Скопје како точка на регионалниот финансиски дијалог

MicroBalkans 2026 има амбиција да биде простор на кој регионалното искуство ќе се сретне со европските финансиски трендови и во кој различните делови од финансискиот екосистем ќе можат директно да разговараат за конкретни решенија, партнерства и идни модели на соработка.

Конференцијата е наменета за претставници на небанкарските финансиски институции, микроекредитните институции, штедилниците, банките, микро, мали и средни претпријатија, финтек и ИТ компании, инвеститори, развојни финансиски институции, регулатори и други релевантни чинители.

MicroBalkans 2026 не е само конференција за финансискиот сектор. Тоа е регионална платформа за креирање на иднината на кредитирањето – поинклузивна, подигитална, поодржлива и подобро поврзана со европскиот финансиски пазар.

Пријавувањето за учество е отворено. За повеќе информации, програмата и регистрација, заинтересираните можат да ја посетат официјалната веб-страница на MicroBalkans 2026 и официјалните профили на конференцијата на социјалните мрежи.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange