Connect with us

Кариера

Алкалоид апсолутен победник, Пивара, Телеком и ТАВ меѓу најатрактивнитекомпании за вработување – Настан Работодавач на Годината

Објавено

на

Синоќа 17 Април 2024 во Хотелoт Лимак, Скопје се случи втората по ред Манифестација за избор на наjпосакуван работодавач „Работодавач на годината“, а во организација на првиот сајт за огласи за работни места во земјава Вработување.ком

Концепирана како Оскари за работодавачите, оваа манифестација прв пат се случи минатата година оддавајќи им признание на најпосакуваните, но и предизвикувајќи ги помалку атрактивните.

Оваа година пред присутни 300 посетители македонски и странски компании, им се оддаде признание на најатрактивнте за 2023 година, кои со своите огласи и објави предизвикале најмногу внимание кај посетителите на сајтот, а и спроведената анкета за привлечноста на компаниите за вработување ја потврдува нивната атрактивност.

Манифестацијата ја отвори Генералниот менаџер на Вработување.ком Дарко Велков, кој нагласи дека ова е еден исклучително тежок период за пазарот на труд и токму заради тоа ваквата манифестација е охрабрувачка за сите компании кои се дел од македонскиот бизнис.

“Вечерва нема да има губитници, ќе имаме наградени и мотивирани. Ќе имаме предизвикани и предизвикувачи. Вечерва сите овде присутни сме победници затоа што заеднички опстојуваме и се бориме за човечки ресурси, се бориме со миграциите, со инфлацијата и со пребрзото технолошко менување на светот. Но, ќе заклучам ако во маката јунакот се познава тогаш сите ние овде присутни компании сме јунаци” – заклучи Велков.

Беа доделени награди во вкупно 8 категории, а една компанија ја доби титулата апсолутен победник.

Добитници на наградите:

  1. 1. Најпосакувана болница за вработување СИСТИНА
  2. 2. Најпосакуван маркет за вработување ЛИДЛ
  3. 3. Најпосакувана компанија за вработување во категорија храна и пијалоци СКОПСКА ПИВАРА
  4. 4. Во категоријата најпосакувана банка за вработување добитник е КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
  5. 5. Најпосакувана компанија од категоријата странски инвестиции е ЏОНСОН МЕТИ
  6. 6. Најпосакувана компанија од нафтената индустрија е МАКПЕТРОЛ
  7. 7. Најпосакуван телекомуникациски оператор во кој граѓаните со задоволство би се вработиле е ТЕЛЕКОМ
  8. 8. Во категоријата најпосакувана компанија за транспорт и логистика добитник е ТАВ МАКЕДОНИЈА

Апосолутен победник пак, во однос на сите добитници, според бројот на гласови на анкетата и направената статистика на број на прегледи како и интересот на апликантите за нивните објави на сајтот Вработување.ком, е компанијата АЛКАЛОИД која со оваа титула се закити и минатата година.

Останувајќи и оваа година прва компанија во која луѓето без размислување би се вработиле, АЛКАЛОИД ја докажа својата апсолутна доминација во однос на посветеноста на своите сегашни и идни вработени.

Заблагодарувајќи се за наградата Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов им оддаде признание на своите 3000 вработени потенцирајќи ги годините на опстојување и традиција на Алкалоид – вкупно 88.

Нагласи дека и понатаму вистинските вредности ќе бидат на прво место во нивната компанија, дека им е чест што по втор пат се одбрани за најатрактивна компанија за вработување во Македонија и изрази надеж дека и во останатите 22 единици кои се надвор од Македонија во иднина ќе го добијат ова признание.

На манифестацијата беше доделена и една специјална награда.

„Работодавач со најуспешен ребрендинг раст“ која отиде во рацете на РЕПЛЕК, а за „Најуспешна емплоер брендинг кампања“ статуетката отиде во рацете на Флекс Кредит.

Организатор и творец на наградната манифестација е сајтот Вработување.ком кој прослави и 21 година од своето основање а од минатата година е во сопствеништво на финската компанија за огласи за работа Алма Кариера која работи во 11 европски земји, вклучувајќи ја Хрватска, Босна, Словенија, Словачка, Чешка, Естонија, Литванија, Латвија, Финска и Македонија.

Водител на настанот беше актерот Гораст Цветковски.

Кариера

Стопанска банка вработува: Отворени пет работни позиции во Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави дека бара нови вработени за пет работни позиции. Заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за понудените работни места на Регионалниот саем за вработување, кој ќе се одржи на 28 октомври 2026 година во Скопје.

Банката има потреба од кадар во повеќе области, меѓу кои спречување перење пари, грижа за корисници, маркетинг, платен промет и трезорско работење.

Поконкретно, Стопанска банка бара соработник за спречување перење пари, агент за грижа на корисници, маркетинг специјалист, референт за платен промет и трезорист.

Овие работни позиции опфаќаат различни сегменти од банкарското работење, од директна комуникација со клиентите и обработка на финансиски трансакции, до маркетинг активности, трезорско работење и усогласеност со законските прописи за спречување перење пари.

Учеството на Стопанска банка на Регионалниот саем за вработување претставува можност за заинтересираните кандидати да се запознаат со понудата на работни места и можностите за професионален развој во банкарскиот сектор.

Регионалниот саем за вработување е најавен за 28 октомври 2026 година во Скопје, а во објавата не се наведени дополнителни информации за потребните квалификации, условите за вработување и роковите за аплицирање.

Продолжи со читање

Кариера

iute Macedonia вработува: Отворена позиција за советник за клиенти

Објавено

на

Компанијата iute Macedonia објави оглас за вработување на нов член во својот тим, на позицијата Советник за клиенти – After Sales. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Од компанијата истакнуваат дека зад секое добро финансиско решение стои разбирањето на потребите на клиентите, нагласувајќи ја важноста на квалитетната комуникација и индивидуалниот пристап.

Новата позиција е наменета за кандидати кои умеат внимателно да ги препознаат потребите на клиентите, да идентификуваат можности и да понудат соодветни решенија што создаваат дополнителна вредност.

„Технологијата ги поврзува услугите. Луѓето го прават искуството подобро“, порачуваат од iute Macedonia, повикувајќи ги заинтересираните кандидати да станат дел од нивниот тим.

Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата биографија (CV) на електронската адреса [email protected], најдоцна до 31 октомври 2026 година.

Повеќе информации за огласот се достапни на официјалната веб-страница на компанијата: https://iute.mk/sovetnik-za-klienti/.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка Скопје отвори позиција за банкарски советник

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје објави оглас за вработување на позицијата банкарски советник за експозитура во Скопје.

Од Банката посочуваат дека позицијата е наменета за кандидати кои бараат динамична работна средина, можности за професионален развој и напредување во банкарскиот сектор.

Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталите за работното место и условите за аплицирање на официјалната веб-страница на НЛБ Банка, во делот за отворени работни позиции.

Со новиот оглас, НЛБ Банка продолжува со проширување на својот тим и привлекување кандидати заинтересирани за кариера во финансискиот сектор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange