Connect with us
no baners

Банки

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Објавено

на

Во рамките на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД Скопје вчера на Светскиот ден на планетата Земја организираше работилници со цел да ги поттикнат значењето на заштитата на животната средина и подигнувањето на еколошката свест.

Настанот се одржа во прекрасниот амбиент во Градскиот парк на Школка, каде што учесниците заеднички придонесоа за подобрување на животната средина преку работилниците за градинарство.

Децата, но и возрасните, уживаа во активностите и во процесот на садење по советите од стручните лица кои беа во улога на едукатори на самиот настан.

Споделувањето на искуства и моменти помеѓу различни генерации беше навистина убава глетка и се радуваме што присутните со голем ентузијазам и желба пристапија за да научат повеќе за хортикултурните практики. Од дедовци и баби до најмладите членови на нашата заедница, сите заедно го прославивме овој ден. Несекојдневно искуство, како што е и целиот концепт на Прајслес планет, беше присуството на работилниците со кое веруваме дека поттикнавме љубов кон растенијата и цвеќињата. Покрај тоа што се садеа шарени цвеќиња, учесниците насадија и билки кои се користат во исхраната како што се босилек, копар, нане а децата особено беа среќни садејќи ги нивните омилени јаготки. Настанот беше посетен и од развигорчињата на Првиот скопски извиднички одред, јато желади.

„Денот планетата Земја, во соработка со нашите партнери од Мастеркард, оваа година одлучивме да го прославиме со едукативна кампања и работилници наменети за граѓаните од кои што добивме впечатливи резултати – успеавме да споделиме многу важни и корисни информации за негувањето и одгледувањето на природата, засадивме бројни растенија, шарени цветни насади и заедно направивме чекор повеќе кон придонес за убава и чиста животна средина. Се надеваме дека овој настан не само што беше забавен и едукативен, туку и нè поттикна да продолжиме со активности кои ќе ја штитат и негуваат нашата планета.

Голема благодарност на сите кои учествуваа и придонесоа за успешно остварување на овој настан. Нека нашите заеднички напори продолжат да бидат инспиративен пример за поддршка на нашата планета и нејзиното богатство“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Со долгорочниот ангажман на „Халкбанк“ за одржување на животната средина и партнерството со „Мастеркард“ во иницијативата „Прајслес планет“, уште еднаш се потврдува општествено одговорното дејствување на банката за подигнување на еколошката свест. Во иднина, „Халкбанк“ планира да ја поддржи оваа иницијатива преку различни кампањи, со цел да ги зголеми свеста на заедницата и индивидуалниот придонес кон заштитата на нашата планета.

Банки

НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година

Објавено

на

Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.

Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.

Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.

Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.

Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон

Објавено

на

Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.

Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange