Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка: Денот на потрошувачите го посветивме на дигиталните услуги кои значат повеќе удобности и поевитни услуги за нашите клиенти

Објавено

на

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на правата на потрошувачите, а Комерцијална банка повторно им го посвети на своите клиенти. Вработени на Банката во пет филијали и експозитури им помагаа на клиентите да извршат трансакции на cash-in банкомати и на дигитални киосци и ги информираа за функционалностите и предностите на дигиталните банкарски трансакции.

Дигиталните услуги на Комерцијална банка им обезбедуваат на клиентите брзи, ефикасни и безбедни трансакции без потреба од посета на шалтер. Поттикнати од нивната посветеност за врвно корисничко искуство, вработените во Комерцијална банка се потрудија на клиентите да им ги доближат уште повеќе дигиталните услуги затоа што им заштедуваат време и пари.

Во експозитурата Бисер во Скопје, во експозитурите во Гевгелија, Струга и во Неготино и во филијалата во Прилеп, клиентите имаа можност да извршат трансакции на дигитален киоск и на cash in банкомат со помош на вработен од Банката, како и да дознаат дека им нудат голем број бенефити:

  • Плаќање сметки на дигитален киоск за услуги од ЕВН, ЕСМ-Снабдување, Телеком, А1 и Телекабел – бесплатно, брзо, во кој било дел од денот и со картичка од која било банка.
  • Бесплатно печатење извод од трансакциска сметка преку дигитален киоск – за физичко лице корисник на Интернет банка на Комерцијална банка.
  • Бесплатна уплата на готовина преку cash in банкомат на сметка во Комерцијална банка – за сите иматели на дебитна или кредитна картичка за физички лица издадена од Банката.
  • Бесплатна уплата на готовина по основ на дневен промет на cash in банкомат во промотивниот период до 31.03.2024 – за правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка од Комерцијална банка.

Дигиталните услуги на Комерцијална банка претставуваат не само иновативни услуги што ги следат современите стандарди и трендови во финансискиот свет, туку и го олеснуваат секојдневното финансиско работење на нашите клиенти и ги прават нивните финансии поодговорни и поефикасни.

Токму затоа Денот на правата на потрошувачите вработените во Комерцијална Банка го посветија на дигиталните услуги кои им овозможуваат повеќе удобности и поевитни услуги на нивните клиенти.  

Банки

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

Објавено

на

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија.

Ова значајно национално признание се доделува за најдобрите практики и иновативни решенија што организациите ги применуваат за унапредување на благосостојбата на своите вработени, поттикнување на нивниот професионален развој и создавање работна средина која придонесува за поголема ангажираност, продуктивност и задоволство.

Наградата претставува силна потврда за континуираната посветеност на НЛБ Банка кон градење современа и поддржувачка организациска култура, во која вработените се во центарот на вниманието. Преку бројни иницијативи и програми насочени кон нивниот личен и професионален развој, Банката систематски инвестира во создавање услови за кариерен напредок, баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот, како и во унапредување на севкупната благосостојба на својот тим.

„Во НЛБ Банка веруваме дека вложувањето во луѓето е највредната инвестиција во иднината на Банката. За нас, ова признание претставува силна потврда дека вистински и одржливи промени се создаваат тогаш кога вработените се слушнати, вклучени и поддржани. Преку програмите што ги развиваме, не само што поттикнуваме едукација и професионален развој, туку и ги охрабруваме нашите вработени да бидат двигатели на позитивни промени.“ – истакнува по повод наградата Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје упатувајќи искрена благодарност до Здружението Конект и Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија за препознавањето на овие заложби и нивното значење во градењето одговорна и одржлива организациска култура.

Грижата за вработените претставува суштински дел од организациската култура на Банката и е целосно усогласена со принципите на одржливиот развој и одговорното корпоративно работење. Вложувањата во благосостојбата и развојот на вработените ги потврдуваат заложбите на Банката да биде организација која создава трајна вредност за заедницата, општеството и идните генерации.

Продолжи со читање

Банки

ЕБОР ја назначи Екатерина Соловова за нова шефица на канцеларијата во Црна Гора

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја назначи Екатерина Соловова за придружна директорка и шефица на канцеларијата за Црна Гора, а на новата функција ќе стапи на должност на 1 септември 2026 година.

Соловова ќе ги предводи активностите на Банката во Црна Гора, вклучувајќи ја реализацијата на инвестициите, дијалогот за јавни политики и поддршката на реформските процеси во земјата. Таа ќе го наследи Ремон Закарија, кој ќе ја преземе функцијата шеф на канцеларијата на ЕБОР во Ерменија.

Во својата нова улога, Соловова ќе соработува со државните институции, приватниот сектор и меѓународните партнери за поддршка на развојните приоритети на Црна Гора. Меѓу нив се зелената транзиција, зајакнувањето на енергетската безбедност, подобрувањето на конкурентноста на приватниот сектор и поддршката на процесот на пристапување на земјата во Европската Унија.

Таа има повеќе од две децении искуство во развојното финансирање и инвестициската индустрија, стекнато преку ангажмани во Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Soros Fund Management, Varde Partners и ЕБОР. Поседува и значително искуство во управување со комплексни проекти и координација на голем број засегнати страни.

Соловова првпат се приклучила на ЕБОР во 2004 година како банкарка во секторот за технологија, медиуми и телекомуникации. По неколкугодишна работа во приватниот инвестициски сектор во Лондон, во 2012 година повторно се вратила во Банката, каде извршувала повеќе високи функции, меѓу кои советничка на претседателот на ЕБОР и придружна директорка за приватен капитал.

Во јули 2021 година беше назначена за шефица на канцеларијата на ЕБОР во Албанија. За време на нејзиниот мандат, Банката инвестирала околу 900 милиони евра во повеќе од 90 проекти, со значително проширување на поддршката за приватниот сектор во областите на обновливите извори на енергија, туризмот, рударството, агробизнисот и финансиските услуги.

ЕБОР ја смета Црна Гора за важно пазарно подрачје, со фокус на одржлива инфраструктура, енергетска транзиција, развој на приватниот сектор и реформи на јавните политики. Од Банката оценуваат дека искуството и резултатите на Соловова ќе бидат значајни за понатамошната реализација на инвестициите и реформите поврзани со европската интеграција и долгорочниот развој на земјата.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк добитник на награда за одржлив развој за иницијативата „Милион садници“

Објавено

на

Халкбанк ја доби наградата за одржлив развој во категоријата „Животна средина“, за проекти и иницијативи во областа на климатската акција и зачувувањето на природата, која ја доделуваат Министерството за економија и Клубот на одговорни бизниси – Конект. Признанието е доделено за иницијативата „Милион садници“, еден од најзначајните проекти во рамките на платформата ХалкЕко, преку која банката веќе години наназад активно придонесува кон заштита и унапредување на животната средина. Особено значајно е што Халкбанк беше единствена номинирана компанија во оваа категорија.

Како општествено одговорна компанија, Халкбанк верува дека одржливиот развој не е само деловна определба, туку и обврска кон заедницата и идните генерации. Токму затоа, во 2019 година беше создадена платформата ХалкЕко, која прерасна во долгорочно движење за поттикнување на еколошка свест, одговорно однесување и конкретни активности насочени кон создавање поздрава и позелена средина.

Во изминатите години, преку ХалкЕко беа реализирани бројни проекти за пошумување, озеленување и уредување на јавни простори, поставување урбана опрема, едукативни активности и иницијативи кои ги обединуваат граѓаните, институциите, компаниите и граѓанските организации околу заедничка цел – подобра животна средина за сите.

Иницијативата „Милион садници“ претставува еден од најамбициозните еколошки проекти на банката и симбол на нејзината долгорочна заложба за создавање зелена иднина. Преку континуирано пошумување и поддршка на активности за обновување на шумските површини, проектот придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот, заштита на биодиверзитетот и ублажување на последиците од климатските промени.

Покрај пошумувањето, ХалкЕко денес опфаќа широк спектар активности, од промоција на одржлива мобилност и велосипедизам, преку поддршка на зелени урбани решенија и еколошки и спортски настани, до поттикнување на еколошки навики кај граѓаните преку иновативна дигитална алатка и партнерства со организации кои ги споделуваат истите вредности.

„Ова признание претставува потврда дека вистинските промени се создаваат преку долгорочна посветеност, континуирана работа и искрена грижа за заедницата. За Халкбанк, наградата е мотив да продолжи уште поинтензивно да инвестира во иницијативи што оставаат трајна вредност за природата, луѓето и идните генерации“, велат од Халкбанк.

Бидејќи важни се луѓето, важна е и средината во која живеат, Халкбанк ќе продолжи да создава проекти кои не само што придонесуваат за економски развој, туку и за поздрава, позелена и поодржлива Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange