Банки
Членот на НО на Комерцијална банка Горан Антевски купи 100 акции од банката
Овој период е одличен за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје, а тоа го потврдува и информацијата дека се поголем е бројот на членови на одборот на директори на Комерцијална банка кои купуваат акции од Банката.
Генералниот менаџер на “Раде Кончар-ТЕП” и член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, г-н Горан Антевски го зголеми својот удел во Комерцијална банка со купување на 100 обични акции.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Горан Антевски, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 100 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.”, се вели во соопштението објавено на Македонска берза.
Согласно пресметките на Банкарство, просечната вредност по акција на Комерцијална банка на ден 15.02.2024 година кога е објавена информацијата, а согласно податоците од Македонска берза изнесувала 16.649,00 денари, што значи дека блок трансакцијата за 100 обични акции изнесувала околу 1,66 милиони денари или приближно 27.000 евра.
Претходно, со идентичен број на акции од Комерцијална банка се стекнаа главниот оперативен директор и член на Управниот одбор, г-н Илија Илоски, како и главниот директор за корпоративно банкарство и член на УО, г-ѓа Билјана Максимовска – Поповиќ.
Со купувањето на акциите, членови на менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје не само што покажуваат верба во стабилноста и успешноста на банката со која раководат, туку и сигнализираат дека е погодно време е за вложување во неа.
Ова предизвикува позитивна реакција на пазарот, бидејќи буди се поголем интерес кај инвеститорите. Тоа придонесува за константен пораст на цената на акција, но и зголемен апетит кај акционерите кои очекуваат да добијат “солена” дивиденда за одлично сработената 2023 година која резултираше за зголемен профит на Комерцијална банка АД Скопје од фантастични 58,2 милиони евра.
Банки
ЕЦБ ги редизајнира евробанкнотите и ги повикува граѓаните да го изберат изгледот
Европската централна банка ги повикува граѓаните да учествуваат во изборот на новиот изглед на евробанкнотите, преку анкета во која се претставени десет можни дизајни.
Учесниците во анкетата можат да ги разгледаат различните предлози за новите банкноти и за секој од нив да одговорат на по две прашања. Од ЕЦБ наведуваат дека целата постапка трае помалку од десет минути.
Различните апоени во рамки на еден дизајн може да се разгледуваат со стрелките на екранот или со повлекување на сликата. На крајот од анкетата се поставуваат и неколку општи демографски прашања, со цел одговорите подобро да се анализираат во контекст на мислењата на останатите учесници.
Учеството е доброволно и анонимно, а ЕЦБ посочува дека информациите за обработката на податоците и користењето колачиња се достапни во соодветните политики за приватност.
Со оваа анкета, граѓаните добиваат можност директно да го кажат своето мислење за тоа како би требало да изгледа следната генерација евробанкноти.
Банки
Халкбанк со 5% бонус поени за плаќање во Beauty Academy
Халкбанк АД Скопје информира дека корисниците на кредитните картички на банката можат да добијат дополнителен бенефит при плаќање во Beauty Academy.
Со секое плаќање со кредитна картичка на Халкбанк во Beauty Academy, клиентите добиваат 5% бонус поени.
Од банката порачуваат дека понудата е наменета за корисниците кои сакаат своите редовни купувања и услуги од областа на убавината да ги искористат и за дополнителни поволности преку програмата за бонус поени.

Понудата е дел од бенефитите што Халкбанк ги обезбедува за корисниците на своите кредитни картички.
Банки
Вкупната актива на банките во ЕУ порасна на 34,33 трилиони евра
Вкупната актива на кредитните институции со седиште во Европската Унија достигна 34,33 трилиони евра на крајот на март 2026 година, што претставува раст од 3,63 отсто во однос на 33,13 трилиони евра во март минатата година, покажуваат најновите консолидирани банкарски податоци објавени од Европската централна банка (ЕЦБ).
Во истиот период, уделот на нефункционални кредити во банките во ЕУ се зголемил за 0,02 процентни поени на годишно ниво и во март изнесувал 1,98 отсто.
Според ЕЦБ, агрегатниот принос на капиталот на кредитните институции во ЕУ изнесувал 2,44 отсто, додека стапката на основен сопствен капитал од највисок квалитет, односно CET1, била 16,27 отсто.
Објавените квартални податоци опфаќаат 335 банкарски групации и 2.284 самостојни кредитни институции, како и подружници и филијали под контрола на субјекти надвор од ЕУ кои работат на европскиот пазар. Според ЕЦБ, податоците покриваат речиси 100 отсто од билансот на банкарскиот сектор во Европската Унија.
Базата содржи показатели за профитабилноста и ефикасноста на банките, структурата на билансите, ликвидноста и финансирањето, квалитетот на активата, капиталната адекватност и солвентноста.
ЕЦБ посочува дека повеќето институции ги применуваат Меѓународните стандарди за финансиско известување и техничките стандарди на Европската банкарска управа, иако дел од малите и средните институции користат национални сметководствени стандарди.
Поради недостапност на податоците за Данска за првиот квартал од 2026 година, при пресметката на агрегатните податоци за ЕУ биле користени податоците од четвртиот квартал од 2025 година, а кај одредени показатели и податоци од првиот квартал од 2025 година.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово



