Connect with us

Банки

И 8 февруари може да биде 8 Март

Објавено

на

Правата, можностите и изборот како привилегија на секое хумано суштество се секојдневие во корпоративното делување на Комерцијална банка, а се и поттик како општествено одговорна компанија да ја инспирира, охрабри и мотивира секоја жена да направи правилен избор, да стане финансиски независна и полесно да ги надмине предизвиците во кои не треба да биде оставена сама.

Комерцијална банка порачува дека секој ден може и треба да биде 8 Март за секоја жена, кога таа ќе се чувствува исполнета, почитувана, посветена, среќна и желна за нови предизвици и успеси.

За таа цел Комерцијална банка оваа година ќе биде спонзор на активностите на Националниот совет за родова рамноправност, а со својата акција „Биди своја, биди силна!“ ќе придонесе за охрабрување и едуцирање на жените за да постигнат поголема финансиска независност, да ги искористат своите права и можности и да напредуваат во секој сегмент од животот.

Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“. Но, покрај тоа во текот на целата година:

  • Ќе ги едуцира жените за основните финансиски производи и услуги кои им стојат на располагање за одговорно и самостојно управување со нивните лични финансии,
  • Ќе ги мотивира и охрабрува преку личните примери на жени-вработени во Банката, кои се амбициозни, храбри, мотивирани и успешни,
  • Ќе ги поттикнува да се борат за својот напредок затоа што тоа значи прогрес за целото општество.

Ценејќи го придонесот на Националниот совет за родова рамноправност за постигнување родова еднаквост, развој и заштита на женските и човековите права, Комерцијална банка беше поддржувач на активностите на оваа организација и во периодот од 2007 до 2016 година. Со новата соработка се стремиме кон нови предизвици со кои ќе помогнеме за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените и за градење општество со еднакви можности. Родовата еднаквост не е само основно човеково право туку и основа за постигнување напредок и одржлив развој со искористување на целокупниот хуман потенцијал.

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange