Connect with us

Банки

НЛБ Банка го одбележува Меѓународниот ден на образованието

Објавено

на

Образованието е темелник на напредокот. Неговата трансформативна моќ во обликување на подобра иднина ги охрабрува поединците и општествата да достигнат нови височини на знаење и разбирање.

НЛБ Банка АД Скопје се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на образованието идентификувајќи се со него преку една од своите три клучни вредности „Се развиваме”. Зад неа се постојаните заложби на Банката за развој на вработените како модел за личен и организациски раст и напредок.

НЛБ Банка континуирано вложува во обуки и едукација на вработените. Во 2023 година, Банката посвети огромно внимание на развојот на вработените и постигна видливи резултати преку низа активности:

  • 391 тренинг активност;
  • 42.202 часови тренинг;
  • 44,4 тренинг часови по вработен;
  • 7.391 учества на тренинг;
  • 4.673 часови тренинг за „Data management” теми;
  • 16 тимбилдинзи;
  • 386 учесници на тимбилдинг.

 

Банки

Халкбанк со намалени тарифи, повеќе придобивки за граѓаните и компаниите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје донесе одлука за намалување на дел од своите тарифи, во согласност со променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија. Со оваа одлука значително се намалуваат надоместоците за услугите за граѓаните и компаниите, при што клиентите ќе добиваат уште поповолни услови за извршување на финансиските трансакции.

И досега, Халкбанк во многу сегменти нудеше атрактивни услови во однос на тарифите. Така, проверката на состојбата на било која картичка на банкомат била и е бесплатна, а сите приматели на плата или пензија преку Халкбанк со својата мастеркард дебит картичка можат да подигнуваат готовина на банкомати на било која банка во Македонија без провизија. Бесплатно е и повлекувањето готовина од платежна сметка во девизи.

Со новите промени, електронските интерни налози за физички лица отсега наместо 5 денари, ќе бидат бесплатни. Истовремено, цената на електронски, брзи меѓубанкарски плаќања (МИПС) за физички лица, се намалува од 100 на 50 денари, а кај хартиените МИПС налози преку шалтер на банката, новата цена е 80 денари по налог, односно, во овој дел извршено е намалување за 60% од досегашната тарифа.

И за правните лица цената кај електронските, интерни налози се намалува од 11 на 7 денари, како и кај електронските МИПС плаќања од 100 на 80 денари, во зависност од износот. Направена е измена и кај хартиените МИПС налози за правни лица, каде новата цена сега изнесува 200 денари т.е. направено е намалување за 33% од досегашната цена за овие трансфери.

Овие промени ќе имаат директна корист за сите клиенти, особено за оние кои активно користат дигитални канали и електронски плаќања.

Истовремено, на сила остануваат сите поволности кои досега Банката ги нудеше на своите клиенти.

Халкбанк на клиентите им нуди и посебни пакети во рамките на кои се добиваат низа поволности и намалени тарифи. За младите до 24 години е наменет HalkEzпакетот со кој се добива бесплатна трансакциска сметка, мобилно банкарство, картичка и други поволности. За пензионерите, освен што се врши редовна и навремена исплата на пензијата, креиран е и специјален Пакет за пензионери кој е со бројни бенефиции – достапни услуги, бесплатни трансакции и поддршка при секојдневните банкарски потреби. А за оние кои ја примаат својата платаили пензија преку Халкбанк, наменет е и Смарт пакетот кој претставува комплетно банкарско решение кое ги обединува најчесто користените услуги во еден економичен месечен пакет. Тука се вклучени водењето на трансакциска сметка, дебитна картичка, мобилното и електронско банкарство, електронските налози, месечните известувања и подигнување готовина од сите банкомати во земјата. Апакетот нуди и подарок ORYХ Home Аssistance – без надоместок во промотивниот.

Дополнително, од 7 октомври Халкбанк ќе започне со извршување на прекугранични трансфери кон СЕПА (Single Euro Payments Area) системот. Во СЕПА регионот, кој опфаќа 41 земја членка и повеќе од 4.000 учесници, на сите клиенти – физички и правни лица – ќе им биде овозможено да извршуваат и примаат плаќања во евра под исти услови и со иста ефикасност како во рамките на националните граници.

Со ваквите чекори, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата стратегија да биде банка која ги поддржува граѓаните и компаниите со поповолни услови, современи дигитални решенија и интегрираност во европските платежни стандарди.

Продолжи со читање

Банки

Приклучете се на ХалкЕко, за активно лето со еко придобивки

Објавено

на

Летото е период кога природата нè повикува да се движиме, да излеземе надвор и да го почувствуваме ритамот на животот. А кога тоа движење станува дел од иницијатива со вистинска еколошка вредност, секој чекор добива поголема смисла. Токму таква е мисијата на ХалкЕко, зелената платформа на Халкбанк која обединува луѓе околу заеднички вредности – грижа за природата, лична одговорност и фокус кон позитивна промена.

ХалкЕко не е обична апликација која само брои километри. Таа претставува целосно движење што ги менува навиките. Платформата нè мотивира да пешачиме, да планинариме, да трчаме, да возиме велосипед или едноставно, да ја одбереме поеколошката алтернатива во секој момент. За секоја активност, корисниците добиваат еко-поени кои може да се искористат за конкретни придобивки. Но, уште поважно, секој наш чекор придонесува за засадување нови дрвја и создавање поздраво и почисто опкружување, како дел од иницијативата што ја презема Халкбанк. Така сите заедно стануваме дел од мисијата со јасна цел, намалување на еколошкиот отпечаток и создавање поодржлива и позелена заедница.

Во изминатите пет години, Халкбанк има засадено околу 100.000 дрвја, уредено повеќе јавни простори, организирано спортски и едукативни настани, како и проекти за подигнување на еколошката свест кај младите генерации.

Ова лето е вистински момент да се приклучиме кон оваа промена. Дури и со најминималните активности во нашата најблиска околина, можеме да го намалиме негативниот белег кој го оставаме зад нас, додека истовремено се грижиме за сопственото здравје и благосостојба. ХалкЕко е потсетник дека одржливиот начин на живот не е секогаш сложен како што изгледа – доволни се мали чекори што имаат големо значење.

Токму овој период е од посебна важност бидејќи природата повторно се соочува со сериозни предизвици. Голем број пожари уништија значајни шумски површини низ нашата земја. Затоа, како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“, Халкбанк во соработка со ЈП Македонски шуми наесен ќе започне со нов бран пошумувања на најпогодените локации. Оваа акција е продолжение на посветеноста на Халкбанк кон општествено одговорно делување и заштита на животната средина.

Приклучете се на ХалкЕко и направете го вашето лето активно, исполнето со движење и корисно за природата. Движете се повеќе, живејте одговорно и оставете зелен отпечаток зад себе. Затоа што иднината што ја посакуваме започнува од нас, од секој изминат километар и секое засадено дрво.

Продолжи со читање

Банки

Стопанската комора на Северозападна Македонија ги поздрави мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот

Објавено

на

Членовите на Собранието и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонијана средба со гувернерот д-р Трајко Славески, ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги, кои веќе ги даваат првите резултати, и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги за фирмите.

Гувернерот Славески нагласи дека со овие мерки Народната банка испраќа јасна порака за поддршка на сеопфатните економски придобивки преку овозможување пониски трошоци за електронските плаќања за компаниите и обезбедување поголема достапност и ефикасност на платните услуги. 

На средбата беше истакнато дека Народната банка продолжува со посветеност да ги унапредува условите во платниот систем, во согласност со европските стандарди и во насока на претстојното приклучување кон СЕПА, кое се очекува да започне на 6 октомври.

Во разговорот, и двете страни оценија дека стабилниот и конкурентен банкарски сектор е клучен за поддршка на стопанството, а Народната банка и натаму останува отворена за дијалог со деловната заедница со цел создавање подобра економска клима и пристап до квалитетни финансиски услуги.

Во однос на монетарната политика, гувернерот подвлече дека Народната банка внимателно ги следи економските текови и е подготвена да реагира соодветно со сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс и на цените.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange