Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка ги известува студентите дека денес е забележан phishing напад, претставен како линк креиран од Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка ги известува студентите дека денес е забележана измамничка кампања, претставена како линк креиран од Шпаркасе Банка. Студентите овој линк го добиваат преку нивната е-меил пошта или преку СМС порака, кој доколку го кликнат ги води до лажна веб-страница, која не е во сопственост на Шпаркасе Банка.

Оваа лажна платформа и условите во склоп на истата, бара од студентите да ги внесат нивните лични податоци, за да се регистрираат за „членство на студентски оброк“, а дополнително бараат платежни податоци од нивните родители со скенирање на „QR“ код или со кликање на копчето „Регистрирај се“.

Кога примачот ќе ги внесе податоците, преку „бот мрежа“ напаѓачите прават трансакции преку интернет, со податоците од картичката додека има расположливи средства, или до достигнување на лимитот за интернет трансакции.

Доколку студентите кликнале на линкот од електронската пошта или порака, и оставиле податоци за платежната картичка, преку системите за електронско или мобилно банкарство, треба да ги постават интернет лимитите на 0 и веднаш да го контактираат контакт центарот на Шпаркасе Банка 02/15050 за да ја блокираат картичката.

За да се заштитите од тековните напади, доколку сте добиле таква е-маил или СМС порака, не ги оставајте Вашите лични податоци или бројот на Вашата картичка, CVV2 број (трицифрениот број испечатен на задната страна на Вашата картичка) или датум на истекување на картичката.

Шпаркасе Банка се идентификува со користење на соодветен валиден сертификат (https), којшто спречува напади од ваков вид.

Дополнително, „Phishing мејлот“  води до адреса, која не е на Банката и сертификатот не е валиден.

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува студентите да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, кои ги добиваат преку СМС порака, електронска пошта или социјални медиуми. Аплицирањето за ко-брендираната картичка за субвенциониран студентски оброк се врши исклучиво преку веб-страницата на Министерството за образование и наука „е-услуги“, а податоците се ажурираат преку официјалната e-платформа на Шпаркасе Банка.

Банки

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и СБ

Објавено

на

Делегација предводена од гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат оваа седмица во Вашингтон, САД. Во составот на делегацијата на Народната банка се и вицегувернерката Емилија Нацевска и советничката на гувернерот Весна Стојчевска. Во рамките на Годишните средби, гувернерот Славески, вицегувернерката Нацевска и советничката Стојчевска ќе одржат состаноци со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски институции.  

Економските состојби и предизвиците во контекст на геоекономските тензии и ефектите од трговскиот протекционизам, финансиската стабилност и монетарната политика се дел од темите коишто ќе бидат обработени на предвидените работни средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерот, ќе оствари средби и со претставниците на одделите за статистика, за правни работи и за монетарните и капиталните пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на кои ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка. 

Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со потпретседателката на Светската банка, Антонела Басани, и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

На маргините на средбите, гувернерот Славески ќе го потпише писмото за намери за остварување на проектот за клонот на ТИПС. Овој систем ќе ги унапреди брзината, сигурноста и ефикасноста на финансиските трансакции и значително ќе ги намали трошоците и ќе ги поедностави секојдневните финансиски активности преку извршување инстант плаќања во реално време 24 часа дневно, седум дена во неделата.

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за повеќе суштински теми, како намалувањето на сиромаштијата, меѓународниот економски развој и финансии, развојот на човечкиот капитал и зајакнувањето на отпорноста и одржливоста. 

Продолжи со читање

Банки

Поддршка од Комерцијална банка и за 20-та јубилејна награда „Новите“ за дебитантски прозен ракопис

Објавено

на

Со поддршка од Комерцијална банка, беше доделена и 20-та јубилејна награда „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Јубилејното издание на оваа значајна награда беше збогатено со вечер на 20-те досегашни победници, а Комерцијална банка е особено горда што ја поддржува оваа литературна манифестација од самиот нејзин почеток.

Оваа година, наградата „Новите“ ѝ беше доделена на Мила Митевска за нејзиниот ракопис „Фиока”. Наградата традиционално ја доделува книгоиздателството „Темплум“.

Комерцијална банка како ексклузивен спонзор обезбедува парична награда за лауреатот и средства за печатење и објавување на награденото дело.

„Со особено задоволство го одбележуваме јубилејното 20-то издание на наградата „Новите“, затоа што оваа година е јубилејна и за Комерцијална банка, која одбележува 70 години постоење. Нашиот мотив за поддршката на овој конкурс останува непроменет и по сиве овие години, а тоа е дадеме поттик на новите автори да го направат првиот чекор во личното творештво, со што ја збогатуваат и ризницата на македонската книжевност“, изјави Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка.

Со континуираната поддршка на наградата „Новите“, Комерцијална банка ја потврдува својата посветеност на развојот на културата и на литературата и поттикнување на талентираните автори. Вложувањето во креативноста и во уметноста е дел од нашата поширока мисија, која значи придонес за создавање општество што ќе расте преку знаење, инспирација и вредности што траат.

Продолжи со читање

Банки

Алта Банка успешно го заврши преземањето на Стопанска Банка а.д. Битола

Објавено

на

Алта Банка официјално влегува на македонскиот пазар, завршувајќи ја аквизицијата на Стопанска Банка а.д. Битола, воедно потврдувајќи ја својата стратегија за раст и проширување на своите деловни операции во регионот.

Според неофицијалните информации до кои дојде Банкарство, Алта Банка откупи над 88% од вкупниот број на издадени обични акции, односно се стекна со бројка од 344.420 акции од повеќе од 250 акционери, што ја прави оваа трансакција успешна и значајна за банкарскиот сектор во Македонија.

Согласно неофицијалните информации, прагот на успешност е достигнат уште на 21.09.2025 година. Понудата до тој датум ја имале прифатено вкупно 54 акционери кои поседуваат 291.992 акции, што претставува 74,68% од вкупниот број акции на Стопанска банка а.д. Битола.

Првично, намерата за преземање на Стопанска Банка а.д. Битола беше објавена од страна на Алта Банка, но постапката беше привремено запрена поради промена на преземачот во рамките на истата групација. Новото одобрение за преземање Алта Банка го доби на 11 септември годинава, по што веднаш беше објавена јавната понуда за преземање на акциите.

Со ова преземање, Алта Банка не само што го влегува на македонскиот банкарски пазар, туку и ја проширува својата мрежа на клиенти и финансиски производи. Според аналитичарите, оваа трансакција е стратешки чекор кој ќе и овозможи на групацијата подобра синергија и ефикасно искористување на капиталот и ресурсите.

Поглед кон иднината

Аналитичарите нагласуваат дека успешното преземање на Стопанска Банка а.д. Битола од страна на Алта Банка претставува пример за континуирано консолидирање на банкарскиот сектор во Македонија. Алта Банка со ова ја потврдува својата стратегија за раст и проширување на деловните операции во регионот, како и фокусот кон воведување на иновативни решенија за своите клиенти.

Во наредниот период се очекува подобрување на услугите, воведување нови производи и засилување на конкурентската позиција на пазарот, што дополнително ја прави оваа аквизиција значајна за целиот финансиски сектор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange