Connect with us
no baners

Банки

Се зголеми профитабилноста на корпоративниот сектор во 2022 година, а задолженоста и натаму е во умерени рамки

Објавено

на

no baners

И покрај предизвиците коишто ги донесе енергетската криза и инфлациските притисоци, речиси во сите дејности од корпоративниот сектор се зголемија приходите од работењето и се подобри нивната профитабилност, се наведува во Извештајот за финансиската стабилност за 2022 година.

Во 2022 година, сите дејности се вратија на патеката на профитабилно работење, при што во однос на големината на субјектите, главен двигател на растот на нето-добивката на домашниот корпоративен сектор се големите претпријатија, коишто воедно имаат и најголемо учество во вкупната остварена нето-добивка на корпоративниот сектор (55,2%). Од друга страна, микросубјектите и натаму остваруваат загуба во работењето и тие сѐ уште се најранливата група субјекти од корпоративниот сектор. Учеството на субјектите од корпоративниот сектор што работеле со загуба се намали во 2022 година и изнесува 26,8% од вкупниот број субјекти од корпоративниот сектор. Растот на профитабилноста придонесува за одржливоста на долгот на корпоративниот сектор, којшто и натаму има соодветен капацитет за редовно намирување на обврските.

Во Извештајот се наведува дека корпоративниот сектор бележи подобрување и на оперативната ефикасност, при подобра уредност во извршувањето на обврските и наплатата на побарувањата, поради што показателите за ликвидноста сѐ уште се на стабилно ниво, но тоа и натаму е скромно.

Задолженоста на корпоративниот сектор расте, со што учеството на вкупниот долг во БДП се зголеми (71,1% наспроти 69% во претходната година), но и натаму е во умерени рамки и под меѓународните прагови за ранливост. Сепак, неопходна е претпазливост во овој сегмент. Доколку долгот на домашниот корпоративен сектор се прикаже без краткорочните трговски кредити, како инструмент за финансирање на трговската размена со странство, којшто вообичаено е бескаматен, тогаш учеството на вкупниот долг на домашниот корпоративен сектор во БДП на крајот од 2022 година е речиси исто во споредба со претходната година и изнесува 55,1%. Секторот на нерезидентите и натаму е главниот доверител на домашниот корпоративен сектор, а се зголеми и задолженоста кон домашните банки во услови на висок раст на цените на енергентите и општ пораст на трошоците во работењето, што влијаеше врз потребите за ликвидност на домашниот корпоративен сектор.

Сепак, ризиците за работењето на корпоративниот сектор и натаму се нагласени и во периодот што следи главно се поврзани со надворешното окружување коешто е  променливо и неизвесно.

Целиот извештај е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/content/FSR_2022_MKD.pdf.

Банки

По повод Светскиот ден на штедењето – награди за најдобрите банкарски службеници

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација традиционално ги препознава и наградува најдобрите вработени во банкарскиот сектор.

Овој настан ја истакнува посветеноста, професионалноста и извонредните резултати на службениците кои го зголемуваат квалитетот на услугата и ја градат довербата на клиентите.

Преку ова признание, се промовира одговорното штедење и мотивира другите вработени да се стремат кон највисоки стандарди во работењето.

Главните цели на настанот се:

Поттикнување на професионалноста и посветеноста – наградените службеници се признаени за својот извонреден придонес во работењето и за квалитетната услуга кон клиентите.

Препознавање на успехот во банкарскиот сектор – наградите се доделуваат од страна на Македонската банкарска асоцијација (МБА) како дел од годишната традиција за идентификување на врвни професионалци.

Промоција на одговорното штедење – преку наградување на посветените вработени, се нагласува значењето на финансиската дисциплина, довербата во банките и правилното управување со средства.

Мотивација за другите вработени – настанот ја нагласува важноста од континуирано усовршување, иновативност и високи стандарди во работењето.

Ова големо признание во 2025 година го добија:

1. Комерцијална банка АД Скопје

  • Дијана Мушовска
  • Ангела Ивановска
  • Цвета Јосифовска

2. Стопанска банка АД Скопје

  • Иванова Сања
  • Оџакова Верица
  • Петровска Викторија

3. НЛБ банка АД Скопје

  • Катерина Крстевска 
  • Милица Славковска
  • Марија Томевска

4. Шпаркасе банка Македонија АД Скопје

  • Анита Таневска
  • Јована Трпеска
  • Александар Богоевски

5. Халк банка АД Скопје

  • Халук Џафер
  • Симона Трајковска
  • Амра Салијовска

6. Прокредит банка АД Скопје

  • Панче Петрески 
  • Џемиљ Шефки

7. Универзална инвестициона банка АД Скопје

  • Наталија Стојменовиќ 
  • Даниела Стојановска

8. Развојна банка на Република Северна Македонија АД Скопје

  • Надица Павличковска
  • Габриела Димитриевска

9. Стопанска банка АД Битола

  • Бранкица Дамевска

10. Централна кооперативна банка АД Скопје

  • Зорица Шаламанова 

11. ТТК банка АД Битола

  • Ѓорѓи Атанасовски

12. Силк Роуд банка АД Скопје

  • Александар Божиќ

13. Капитал банка АД Скопје

  • Сашо Јовановски

14. Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје

  • Атанас Манушев

15. Штедилница Можности ДОО Скопје

  • Ирена Вурмеска Боцевска

16. Клириншка куќа КИБС АД Скопје

  • Марија Манасова
  • Виктор Петрески

17. Македонско кредитно биро АД Скопје

  • Елена Поповска

Ова е настан кој се повторува секоја година за препознавање на квалитет и извонредни резултати, кој ја поврзува професионалната афирмација со промоција на финансиската култура и довербата на клиентите.

Продолжи со читање

Банки

Ѓорѓи Атанасовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2025 година

Објавено

на

На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2025 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.

Со големо задоволство, ТТК Банка АД Скопје оваа година го номинираше Ѓорѓи Атанасовски, соработник во одделот за позадински обработки на ПП и средства и ликвидност, за најдобар банкарски службеник.

“Горди сме на нашиот колега Ѓорѓи Атанасовски за професионалноста, посветеноста и придонесот во работата. Честитки колега за ова заслужено признание! ТТК Банка АД Скопје останува посветена на развојот на потенцијалот на своите вработени, поттикнувајќи иновации и одржливи резултати во сите сегменти на работењето.” – велат од Банката.

Продолжи со читање

Банки

Јубилејни награди за 18 вработени за долгогодишна посветеност и успех во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка традиционално го одбележа Денот на штедењето и со доделување признанија и парични награди на 18 вработени, кои со години придонесуваат за развојот и успехот на Банката.

Наградените вработени оваа година одбележуваат 15 и 30 години работа во Комерцијална банка и се вистинска инспирација за новите генерации што ја градат својата кариера во Банката.

Тие заедно со целиот тим на Комерцијална банка секојдневно се посветени на потребите на клиентите, го движат напред развојот на Банката и го создаваат нејзиниот успех.

На сите наградени, Комерцијална банка им упатува благодарност за долгогодишната посветеност, професионализам и лојалност, со желба за уште многу заеднички достигнувања и нови успеси.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange