Банки
Анита Ангеловска-Бежоска: Новата алатка за споредба на надоместоците на банките ќе придонесе за зголемена конкурентност и поповолни цени за платежните услуги
Новата алатка на Народната банка за споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги придонесува кон поголема транспарентност на банките и значително ја подобрува информираноста на јавноста за надоместоците коишто ги наплатуваат банките за најрепрезентативните услуги поврзани со платежната сметка. „Преку поголемата транспарентност и олеснетата споредливост на надоместоците, ќе се зголеми конкурентноста помеѓу банките што може да придонесе за поповолни цени на платежните услуги за граѓаните“, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во поздравното обраќање на работилницата за новинарите наменета за објаснување на функционалностите на алатката за споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги.
„Заради заштитата на потрошувачите, како една од најзначајните цели на новиот закон, за првпат се воведе обврската за банките да ги уредат правата и обврските на корисниците со рамковен договор во стандардизирана форма, проследен со информативен документ за надоместоците пред неговото прифаќање, што обезбедува нивна поголема информираност и сигурност при носењето на одлуките. За најчесто користените услуги, Народната банка врз основа на податоците од банките подготви листа од 11 т.н. најрепрезентативни услуги за чиишто надоместоци започна да прибира податоци и почнувајќи од крајот на минатиот месец овозможи нивна достапност и споредливост по банки, со користење на алатката. На овој начин, граѓаните ќе можат на едно место, преку веб-страницата на Народната банка, да добијат брза и лесно достапна информација за надоместоците кај секоја од банките и да направат споредба кога одлучуваат кај која банка да користат платежни услуги“, посочи гувернерката. Таа истакна дека новиот Закон за платежни услуги и платни систем, како и дваесет и шесте подзаконски акти донесени од Народната банка, претставуваат значајно усогласување со европските стандарди и регулативи.
Директорот на Дирекцијата за платни системи, Игор Величковски и аналитичарот во Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Борче Ристовски, низ практична презентација ги запознаа присутните новинари со клучните придобивки од новата алатка и можностите што ги нуди таа за увид и споредба на надоместоците за платежните услуги на банките. Со особено внимание беа презентирани прегледите коишто им овозможуваат на граѓаните да ги споредат надоместоците според давателите на платежните услуги, како и според видовите на услугите.
Податоците за надоместоците се засноваат врз информациите од банките и тие се должни редовно и навремено да известуваат за сите промени во иднина, со што преку алатката се обезбедува навремено и ажурно известување на граѓаните за актуелните надоместоци кај банките.
Одржаната работилница е дел од низата активности коишто Народната банка ги спроведува за поддршка на транспарентноста и отчетноста како принципи врз коишто се темели работењето на Народната банка.
Банки
Наградна игра за млади со ZIPP картичката од Комерцијална банка
Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка.
Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја трансакција со Zipp картичката направена во земјата со физичка картичка, преку телефон или смарт часовник, носи по една шанса (еден код) за освојување на една од наградите.
Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за освојување на една од наградите.
Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 14 септември 2026 година.
Сите детали и правилата за Наградната игра се достапни на следниот линк.
Банки
Стопанска банка со добивка од 1,41 милијарда денари во првото полугодие
Стопанска банка АД – Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила добивка пред оданочување од 1,412 милијарди денари, што претставува намалување од 30 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Според консолидираните неревидирани финансиски извештаи, позитивниот финансиски резултат пред оданочување и резервации изнесувал 1,781 милијарда денари и бил за 31 отсто понизок на годишно ниво.
Од Банката наведуваат дека намалувањето се должи на регулаторните и пазарните услови, пониските каматни стапки и каматни приходи, намалените провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и на еднократните приходи наплатени во 2025 година од претходно отпишани побарувања.
Во првото полугодие Банката издвоила 368,4 милиони денари за исправка на вредноста на финансиските средства и за посебна резерва за вонбилансна изложеност.
Вкупната актива на Банката на 30 јуни 2026 година изнесувала 159,035 милијарди денари, при што е забележан органски раст.
Консолидираните извештаи ги опфаќаат финансиските резултати на Стопанска банка АД – Скопје и на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје.
Банки
Халкбанк нуди кредитна картичка со патничко осигурување и асистенција на пат
Халкбанк АД Скопје ја промовира Visa Travel кредитната картичка, наменета за корисниците кои сакаат дополнителна сигурност и поволности за време на патувањата.
Со картичката корисниците добиваат асистенција на пат, како и патничко осигурување со покритие во времетраење од десет дена.

Дополнително, на корисниците им се овозможува попуст од 10 проценти при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на интернет-страницата на Халкбанк.
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 1 месецДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Берзапред 2 месециРКЕ донесе одлука: Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, најголем пад на цената во последните месеци
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни



