Connect with us
no baners

Банки

Народната банка ја овозможи алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“

Објавено

на

За прв пат во историјата на нашата земја граѓаните можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките  преку веб – страницата на Народната банка на Република Северна Македонија, преку користење на алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“.

Зголемената транспарентност и споредливост на услугите се најзначајните придобивки и новини кои за граѓаните ги донесе Законот за платежни услуги и платни системи. Со обврската за примена на стандардизирани термини и опфат за најрепрезентативните, односно најчесто користените платежни услуги од страна на банките и нивно редовно доставување до Народната банка за објавување, ќе им се овозможи на граѓаните брзо и лесно да ги споредат понудите и надоместоците за услугите поврзани со платежните сметки.

Во таа смисла, истакнуваме дека Народната банка на својата веб страница ги објави податоците по поединечна банка за видот и висината на надоместоците што ги пресметуваат и наплаќаат за секоја од услугите што се определени како најрепрезентативни за потрошувачите.

Давателите на платежните услуги самостојно ги утврдуваат надоместоците и се одговорни за точноста на доставените податоци за објавување од Народната банка. Со цел корисниците на платежни услуги да можат да располагаат со ажурни и соодветни информации, банките имаат обврска истите да ги ажурираат при секоја промена на надоместоците.

Банки

Комерцијална банка нуди продолжен промотивен период за станбен кредит без трошоци за одобрување и процена

Објавено

на

Промотивниот период за станбен кредит без трошоци за одобрување и процена на имот продолжува до 30 септември, информираат од Комерцијална банка.

Кредитот е наменет за купување нов дом, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Од банката посочуваат дека финансиското решение овозможува намалени почетни трошоци, фиксна каматна стапка од 3 проценти за првите пет години, рок на отплата до 30 години, како и можност за грејс период до 12 месеци.

Дополнително, за поголема сигурност, достапна е и опција со вклучено животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе информации или да поднесат податоци за контакт преку веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Банки

Јунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк

Објавено

на

Јунските пензии од денеска, 29 јуни 2026 година, се достапни за пензионерите кои ги примаат средствата преку Халкбанк АД Скопје.

Од банката информираат дека средствата се достапни на сметките на корисниците и можат да се подигнат во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

„Важни се луѓето“, порачаа од Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со Mastercard промоција: 10% поврат за плаќања во ресторани, барови и достава на храна

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави нова промоција за корисниците на Mastercard картички, преку која можат да добијат 10% поврат на средства при плаќање во ресторани, барови или за достава на храна.

Според објавата на банката, промоцијата важи за плаќања направени на првиот ден во месецот со Mastercard картичка издадена од Стопанска банка. За учество, корисниците треба претходно да се регистрираат на платформата Priceless.

Повратот на средствата се исплаќа директно на сметката на корисникот.

Од банката порачуваат дека промоцијата е можност месецот да започне со прослава и дополнителна заштеда при секојдневните плаќања со Mastercard картичка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange