Connect with us

Банки

Освој TESLA само со Mastercard® картичките од Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје започна голема наградна игра за клиентите корисници на Mastercard дебитните и кредитните картички.

Од 1 јули до 31 октомври со користење на картичката за плаќање во трговија секој клиент станува потенцијален добитник на една од вредните награди:

  • 12 Garmin паметни часовници
  • 4 х ваучери во вредност од 50.000денари
  • 4 х ваучери во вредност од 100.000денари и
  • ГЛАВНАТА НАГРАДА – автомобил TESLA model 3

Согласно правилата за наградната игра, различни видови на трансакции со платежните картички носат различни шанси за добивка за корисниците:

  • за секоја трансакција во трговија – 1 право на учество во извлекувањата односно, 1 шанса за добивка
  • за секоја трансакција на рата – двојна шанса за добивка
  • за секоја трансакција на интернет – тројна шанса за добивка
  • за секоја трансакција направена со Google Pay™ шансата за добивка се зголемува до 5 пати.

Банката ќе спроведе 4 месечни извлекувања и со последното, четвртото ќе го извлече и среќниот добитник на главната награда. Сите добитници ќе бидат објавувани во дневниот весник „Вечер“ и на веб-страницата на Банката согласно роковите наведени во правилата.

Ако просечно месечно клиентот прави 20 трансакции со својата платежна картичка, во период од 4 месеци ќе генерира најмалку 80 шанси за добивка, а се надеваме дека клиентите во периодот ќе бидат и мотивирани почесто да ги користат своите платежни картички. Сакајќи да ја промовираме повеќе новата функционалност достапна за клиентите, Google Wallet и Google Pay овој вид на трансакции носат најголеми шанси за добивка, односно секоја Google Pay трансакција носи 5 учества во извлекувањата, а соодветно поголема вредност имаат и трансакциите направени кај e-commerce трговци и плаќањето на рати со кредитните картички. На овој начин ги заокружуваме и наградуваме сите разновидни искуства кои ги нудат нашите платежни картички.

Граѓаните кои немаат Mastercard картичка од Стопанска банка, а се заинтересирани за учество во наградната игра може да се обратат во нашите филијали, на АлоКредит 15110 или да поднесат барање на www.alokredit.mk во секое време од денот.

Правилата за наградната игра се достапни на www.stb.com.mk

Банки

Комерцијална банка: Илјадници корисници веќе плаќаат со Apple Pay

Објавено

на

Илјадници корисници веќе го користат Apple Pay за брзо и безбедно плаќање во продавници, преку апликации и онлајн, информираат од Комерцијална банка.

Корисниците на Mastercard дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка можат да ги додадат своите картички во Apple Wallet и да плаќаат преку iPhone, Apple Watch, iPad или Mac.

За плаќање во продавница, потребно е корисникот двапати да го притисне страничното копче на уредот, да се автентицира и да го доближи iPhone или Apple Watch до терминалот за бесконтактно плаќање.

Од Комерцијална банка посочуваат дека секоја трансакција преку Apple Pay е заштитена со Face ID, Touch ID или лозинката на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код.

Apple Pay може да се користи во маркети, аптеки, ресторани, кафетерии, продавници и на други продажни места што поддржуваат бесконтактно плаќање.

Активирањето на услугата е едноставно. На iPhone потребно е да се отвори апликацијата Wallet, да се избере знакот „+“ и да се следат чекорите за додавање на Mastercard дебитна или кредитна картичка од Комерцијална банка.

Откако картичката ќе биде додадена, Apple Pay може веднаш да се користи на соодветниот Apple уред.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со викенд поволност: Подигнување готовина од банкомат без провизија

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје најави специјална поволност за своите корисници во текот на овој викенд.

Корисниците на VISA или MasterCard кредитни картички на банката ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на Стопанска банка без провизија.

Поволноста важи само во текот на овој викенд, информираат од Стопанска банка преку објава на социјалните мрежи.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ ги претстави предлозите за новите евробанкноти, граѓаните ќе избираат меѓу десет дизајни

Објавено

на

Европската централна банка ги претстави десетте дизајнерски предлози што влегоа во потесен избор за новата серија евробанкноти и започна јавна анкета во која граѓаните низ Европа ќе можат да го кажат своето мислење.

Предлозите се базираат на две теми – „Европска култура“ и „Реки и птици“, а онлајн анкетата ќе биде отворена до 21 септември 2026 година.

„Евробанкнотите се повеќе од средство за плаќање – тие се еден од највидливите изрази на Европа“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, додавајќи дека новите дизајни треба да ја зајакнат заедничката европска идентификација.

Десетте предлози беа избрани по конкурс на ниво на Европската Унија, на кој пристигнале повеќе од 1.200 пријави од графички дизајнери. Од нив, 25 автори биле поканети да изработат предлози, по што независно жири составено од 21 експерт избрало десет финални решенија.

Покрај јавната онлајн анкета, независна истражувачка компанија паралелно ќе спроведе и посебно истражување меѓу репрезентативен примерок граѓани од еврозоната.

Управниот совет на ЕЦБ се очекува да ја донесе конечната одлука за дизајнот на новите банкноти кон крајот на годинава. При изборот ќе бидат земени предвид оценките на жирито, техничките анализи и резултатите од двете анкети.

Избраниот дизајн потоа ќе помине низ дополнителен развој и тестирање пред да започне производството. Новите банкноти се очекува да влезат во оптек во следните години, додека постојните евробанкноти ќе ја задржат својата вредност и ќе продолжат да се користат.

Ова ќе биде првиот целосен редизајн на евробанкнотите од нивното воведување во 2002 година.

Новата серија ќе содржи и подобрени безбедносни карактеристики за полесно препознавање на фалсификати и поголема пристапност за лицата со оштетен вид. ЕЦБ најавува и употреба на поодржливи материјали и производствени процеси со цел да се намали влијанието врз животната средина.

Извор: ECB

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange