Connect with us

Банки

Ангеловска-Бежоска на годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на годишното генерално собрание на најстарата меѓународна финансиска институција ̶ Банката за меѓународни порамнувања (БИС), коешто се одржа во Швајцаријa. Нашата централна банка е полноправна членка со уште шеесет и две централни банки и монетарни власти од светот, кои учествуваат и имаат право на глас на генералното собрание, што говори за улогата на  Народната банка како активен учесник во дебатите и анализите и носењето на дел од одлуките коишто се клучни за монетарната политика и монетарните движења и во светски рамки.

На 92. годишно генерално собрание на БИС беа разгледани и усвоени најновиот Годишен извештај за работата на БИС и Годишниот економски извештај на БИС за 2023 година. Усвоениот Економски извештај се осврнува на три области: антиинфлациските политики, заедничкото дејствување на монетарната и на фискалната политика со цел одржување на стабилноста и довербата, како и идните движења во монетарниот систем. Во Извештајот се нагласува потребата од холистички пристап при конципирањето на монетарните, фискалните, макропрудентните и структурните политики, земајќи ја предвид сложеноста на тековните предизвици. Како приоритет на кус рок се нагласува потребата од стабилизирање на инфлацијата и нејзино враќање кон претходните ниски стапки, фискалната консолидација и јакнење на отпорноста на финансискиот систем. На долг рок, потребни се политики коишто ќе обезбедат стабилна макроекономска и финансиска околина за одржлив и забрзан економски раст. Како значаен аспект и структурна реформа за јакнење на економскиот потенцијал се истакнуваат иновациите во дигиталната сфера во монетарниот и на финансискиот систем, имајќи превид дека иновациите во монетарната сфера секогаш биле двигателот на економската активност и раст.

Гувернерката воедно учествуваше и на 22. годишна конференција на БИС, каде што вниманието беше свртено кон актуелните теми, односно централните банки, макрофинансиската стабилност и иднината на финансискиот систем, на која беше дискутирано за односите помеѓу монетарната и фискалната политика во контекст на макроекономската стабилност, пазарите на капитал, политиките на централните банки во смисла на пазарот на обврзници, а се дискутираше и за иднината на криптосредствата, додека акцентот на дискусиите беше ставен на одржувањето на монетарната и финансиската стабилност во времиња исполнети со предизвици.

Имајќи ја предвид улогата на БИС на банка на централните банки, како и улогата на меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност, овие настани се од исклучително значење за справување со тековните предизвици, но и подготовка за идните движења во монетарната сфера. Гувернерката оствари и билатерални средби со повеќе свои колеги од централни банки членки на БИС.

Банки

Народната банка со награди до 130.000 денари за млади истражувачи

Објавено

на

Народната банка ги повикува младите истражувачи да учествуваат на Конкурсот за годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи.

Целта на наградата е да се поттикнат научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, но и да се даде поголема афирмација на младите стручни кадри во земјава.

Право на учество имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Пријавениот истражувачки труд треба да содржи осврт на македонската економија.

Трудовите може да бидат подготвени на македонски, албански или англиски јазик. Дозволено е учество и со веќе објавен труд, под услов тој да е објавен по 1 јануари 2025 година.

За најуспешните истражувачи се предвидени и парични награди. Авторот на прворангираниот труд ќе добие 130.000 денари, додека за второрангираниот труд е предвидена награда од 65.000 денари.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.

Деталите за условите за учество, начинот на пријавување, критериумите за оценување и целокупната постапка се наведени во Конкурсот за доделување на годишната награда на Народната банка за 2027 година.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со наградна игра за средба со Ламин Јамал и натпревар на Барселона

Објавено

на

Комерцијална банка организира наградна игра за корисниците на Visa картички, во која главната награда е средба со фудбалската ѕвезда Ламин Јамал и можност за следење натпревар на Барселона во живо на „Камп Ноу“.

Во наградната игра учествуваат плаќањата направени до 31 октомври 2026 година со Visa Debit, Visa Classic Revolving, Visa Classic Standard, Visa Signature и Visa Gold картичките на Комерцијална банка.

Со секоја трансакција корисниците добиваат кодови за учество, додека плаќањата преку Google Pay, Apple Pay или Garmin Pay носат по два кода.

Главната награда вклучува средба со Ламин Јамал за добитникот и негов придружник, како и фудбалско искуство поврзано со Барселона.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 ноември 2026 година.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка АД Битола бронзен партнер на MicroBalkans 2026

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола е најавена како бронзен партнер на регионалниот настан MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined, кој ќе се одржи на 24 и 25 септември во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

Банката нуди широк спектар финансиски услуги за физички и правни лица, меѓу кои кредитирање, штедење, платежни картички, трансакциски сметки и дигитално банкарство.

АЛТА банка АД Битола, поранешна Стопанска банка Битола, во 2025 година стана дел од српската ALTA Group, а во декември истата година го презеде новото име.

Со долгогодишно присуство на финансискиот пазар во Северна Македонија, банката со учеството на MicroBalkans 2026 се вклучува во регионалниот дијалог за развојот на нови модели и современи решенија во финансиските услуги.

Настанот MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined е во организација на Групацијата на небанкарски финансиски институции во Северна Македонија и ќе обедини претставници од финансискиот сектор со фокус на трендовите, иновациите и идниот развој на кредитирањето и финансиските услуги во регионот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange