Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

no baners

Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте љубопитни за другите земји и култури

ПроКредит Банка вработува:
Советник за клиенти во Експозитура Струмица

Потребни вештини:

  • Високо образование од областа на економијата или друго високо образование;
  • Работно искуство во област на продажба на финансиски услуги на клиенти – ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Способност за индивидуално и самостојно извршување на работните задачи и донесување на одлуки;
  • Способност за комуникација и спремност за динамична и тимска работа.

ПроКредит Банка нуди:

  • Можност за напредок и развој во кариерата;
  • Одлична работна атмосфера;
  • Интеракција со клиенти.

Во филијалите на ПроКредит Банка нема процесирање на налози и готовински трансакции за клиентите. Се е автоматизирано!

Аплицирајте на: [email protected], не подоцна од 15.05.2023 година.

Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Во делот за мотивациско писмо треба да ги наведете Вашите амбиции за аплицирање. Дополнително, во мотивациското писмо истакнете што е она што ви оставило впечаток во релација со содржината од меѓународната веб страна на Банката (www.procredit-holding.com) и веб страната на ПроКредит Банка (www.pcb.mk).

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни. 

Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.

Бидете ПРОактивен советник за клиенти и работете во модерна дигитална банка!

no baners
no baners

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange