Connect with us
no baners

Банки

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Објавено

на

Од денеска, 8 мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски продукти, кој Банката, трета година по ред, го организира во соработка со своите партнери Сава Осигурување, Триглав Осигурување Живот, Кроација Осигурување Живот, Генерали Инвестмент и Сава Пензиско Друштво.

Караванот има за цел да им овозможи на клиентите подобра информираност, советување и едукација за осигурителните продукти во делот на животно и неживотно осигурување, производи за инвестициско осигурување на живот и удели од инвестициски фондови, како и да ја зголеми свесноста кај клиентите за значењето на капиталното финансирано пензиско осигурување и придобивките од доброволниот пензиски фонд.

Во текот на караванот, пред повеќе експозитури на НЛБ Банка низ земјава ќе бидат поставени штандови каде клиентите ќе можат да добијат стручен финансиски консалтинг, но и да ги искористат промотивните поволности на осигурителните партнери на Банката.

Локациите и времето на одржување на промотивните активности за време на караванот за финансиско советување може да ги најдете на социјалните мрежи на НЛБ Банка и друштвата за осигурување. Распоредот на караванот е достапен он-лајн и истиот можете да го погледнете ТУКА.

НЛБ Банка е водечка банкарска институција која следејќи ја својата стратегија за сеопфатни финансиски услуги, постојано го унапредува портфолиото на производи и услуги, овозможувајќи им на клиентите понуда на банкарски и небанкарски производи на едно место. Банката овозможува и советување, консултација и едукација на клиентите при носење на нивните финансиски одлуки, оптимално управување со средствата за задоволување на нивните моментални финансиски потреби и идеална финансиска стабилност со цел поквалитетен и подобар живот за нив.

Банки

Народната банка го објави Конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2027 година

Објавено

на

Народната банка го објави Конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2027 година. Наградата се доделува со цел да се поттикне развојот на научната мисла и изработката на истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи, како и да се афирмираат млади и стручни кадри.

Право на учество на Конкурсот имаат државјаните на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка немаат право на учество.

Трудот со кој се конкурира треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 80.000 карактери со празни места (без фусноти, прилози, графикони, табели, апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување.

Авторите можат да конкурираат и со труд којшто веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2025 година. При поднесувањето на веќе објавен труд, потребно е да се наведе кога и каде е објавен.

Трудовите се доставуваат по електронски пат, во форматот „Word“, на електронската адреса: [email protected], со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Еден автор може да поднесе само еден труд. Трудовите може да бидат напишани на македонски, албански или англиски јазик.

Трудовите ќе се оценуваат според повеќе критериуми, меѓу кои се релевантноста на истражуваното подрачје за македонскиот контекст, квалитетот на освртот на литературата, јасноста на дефинирањето на проблемот и целите на истражувањето, соодветноста на анализата и применетите методи, како и квалитетот на заклучоците и препораките.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.

Наградата е во парична форма. За првонаградениот труд се доделува награда во износ од 130.000 денари, а за второнаградениот труд наградата изнесува 65.000 денари.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка.

Продолжи со читање

Банки

Девизните резерви достигнаа 5,21 милијарди евра на крајот од мај

Објавено

на

Девизните резерви на државата на крајот од мај 2026 година изнесувале 5,21 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Според структурата на резервите, најголем удел имаат вложувањата во хартии од вредност, кои сочинуваат 68,5 проценти од вкупните девизни резерви. Монетарното злато учествува со 16,6 проценти, додека валутите и депозитите имаат удел од 14,9 проценти.

Девизните резерви претставуваат важен показател за финансиската стабилност на земјата и нејзината способност да одговори на надворешни економски предизвици.

Продолжи со читање

Банки

Унапредувањето на институционалната соработка во фокусот на средбата меѓу гувернерот Славески и гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг

Објавено

на

Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега.

За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат централните банки во услови на засилена неизвесност во меѓународното окружување. Воедно, беа споделени искуства поврзани со спроведувањето на монетарната политика и зачувувањето на финансиската стабилност.

Во рамките на разговорите им беше посветено внимание на трговските и на финансиските односи меѓу двете земји, при што беа разгледани и можностите за нивно понатамошно унапредување преку продлабочување на институционалната соработка. Притоа, беше нагласена долгогодишната традиција на пријателски односи меѓу двете земји, како и подготвеноста на Народната банка за натамошно засилување на дијалогот и размената на искуства со Народната банка на Кина.

Исто така, соговорниците се осврнаа на можностите за соработка во областа на дигиталната трансформација на финансискиот сектор, унапредувањето на финансиската вклученост, како и јакнењето на институционалните капацитети преку размена на знаења, експертиза и добри практики.

Славески и Гонгшенгсе согласија дека постои потенцијал за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете централни банки.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange