Connect with us

Банки

Дел од експозитурите на Шпаркасе Банка ќе работат со продолжено работно време

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека согласно зголемениот обем на работа поради реиздадени картички, Банката донесе одлука во периодот од 05.05.2023 до 13.05.2023 година, одредени експозитури да работат со продолжено работно време исклучиво за подигнување на картички.

Eкспозитурите во Скопје: Аеродром 1, Аеродром 2, Центар и Чаир, како и во градовите: Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево, Кочани, Куманово и Прилеп ќе работат со продолжено работно време за подигнување на картички секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот и сабота од 09:00 до 13:00 часот.

Eкспозитурите во Скопје-Капиштец, Штип и Струга во истиот период од 05.05.2023 до 13.05.2023 ќе работат со продолжено работно време за подигнување на картички од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот.

Банки

Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото

Објавено

на

„Во услови на светски економски предизвици, зголемувањето на учеството на жените на пазарот на труд носи значителни економски и општествени придобивки. Намалувањето на родовите разлики придонесува за поголема иновативност, поефикасно искористување на човечкиот капитал и за намалување на јазот во приходите. Сепак, жените и натаму се соочуваат со предизвици, како што се пониска застапеност на раководните позиции и ограничен пристап до финансиски услуги“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во своето обраќање на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, во организација на агенцијата „Марили“.

Таа посочи дека, во услови на забрзана технолошка трансформација и развој на вештачката интелигенција, неопходни се соодветни политики за заштита и унапредување на родовата еднаквост на пазарот на труд. Според некои процени, околу 75% од работните места на жените се во занимања со висока изложеност на вештачка интелигенција, што укажува на потребата од навремено приспособување и дополнителна поддршка.

„Светскиот извештај за родовиот јаз за 2025 година покажува дека има натамошен напредок кон родова еднаквост, но тој е бавен и со нерамномерно темпо. На светско ниво, родовиот јаз е затворен за околу две третини, а за постигнување целосна еднаквост, со сегашната динамика, ќе бидат потребни уште 123 години. Нашата земја е рангирана на 90-тото место од вкупно 148 земји, додека во делот на економското учество и можности, се наоѓа на 119-тото место. Јазот во платите изнесува околу 12%, а разликата во учеството на пазарот на труд е околу 18 процентни поени во корист на мажите. Во однос на финансиската вклученост, податоците од „Финдекс“ (2024) покажуваат дека 77% од жените и 92% од мажите имаат сметка. Овие разлики упатуваат на родов јаз во финансиската вклученост од околу 10 процентни поени“, посочи Митреска.

Таа нагласи дека Народната банка активно работи на унапредување на финансиската едукација и вклученост, како и на поддршка на женското претприемаштво преку Кодексот за финансирање жени претприемачи.

„Иако учеството на фирмите што се во сопственост на жени во вкупните кредити сè уште е ниско, тие покажуваат висока финансиска дисциплина, со нефункционални кредити од 1,54%, во споредба со 2,76% кај фирмите што се во сопственост на мажи. Во наредниот период, активностите ќе бидат насочени кон проширување на коалицијата, подобрување на податоците и осмислување системски решенија за зголемена финансиска поддршка на жените претприемачи“, истакна Митреска.

На крајот, таа им упати честитки на наградените жени менаџерки, посочувајќи дека нивниот успех претставува инспирација за идните генерации и значаен придонес за развојот на современата економија.

Продолжи со читање

Банки

Нова понуда од УНИБанка: лојалност без обврска за префрлање на плата

Објавено

на

УНИБанка воведе флексибилна програма за лојалност „УНИПлус“, која им овозможува на клиентите пристап до различни банкарски поволности без да имаат обврска платата да ја примаат преку оваа банка.

За да се приклучат на програмата, клиентите треба да отворат платежна сметка во УНИБанка и да обезбедат месечни приливи од најмалку 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери. Во овие приливи може да влезат приходи од кирии, хонорари, договори за дело, девизни трансакции или уплати од трети лица.

Програмата нуди низа бенефити, меѓу кои пониски каматни стапки за кредити, повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за управување со личните финансии, како и можности за инвестирање во благородни метали.

Од банката посочуваат дека овој модел претставува отстапување од вообичаената пракса во секторот, каде што лојалноста најчесто е условена со префрлање на плата. Според нив, целта е да се понуди поголема флексибилност и подобро корисничко искуство, особено за клиенти кои веќе имаат финансиски обврски во други банки.

Во пресметката на месечните приливи не се вклучуваат трансакции поврзани со отплата на кредити, преорочување на депозити и интерни трансфери меѓу сметки на ист клиент.

Финансиските експерти оценуваат дека со оваа програма УНИБанка дополнително ја зајакнува својата позиција како модерна и клиентски ориентирана институција, во услови на засилена конкуренција на банкарскиот пазар. Истовремено, банката продолжува да инвестира во безбедноста на своите услуги и дигиталните решенија.

Продолжи со читање

Банки

Алта банка Белград го зголеми уделот во битолската Алта банка на над 95 проценти

Објавено

на

Алта банка АД Белград дополнително го зајакна своето мнозинство во Алта банка АД Битола, откако купи уште шест обични акции, со што вкупниот удел достигна 95,16 проценти.

Според објавата на Македонската берза, српската банка сега поседува 372.043 обични акции, односно 95,1573 проценти од вкупниот број акции на битолската банка.

Ова е втора трансакција во текот на месецот. Претходно, пред околу десет дена, беа купени уште девет акции, додека во март беа стекнати дополнителни 84 акции. По преземањето во октомври минатата година, Алта банка Белград стартуваше со удел од 93,26 проценти.

Цената на акцијата на Алта банка Битола во подолг период се движи околу 3.777 денари. Последната трговија е регистрирана на 21 април, кога се реализирани шест акции со вкупна вредност од 22.662 денари.

Во изминатите 12 месеци на берзата се евидентирани вкупно 36 трансакции со овие акции.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange