Connect with us

Банки

Вработените во Халкбанк го одбележаа Денот на планетата земја со зазеленување на просторот околу повеќе филијали на Банката

Објавено

на

Денот на планетата Земја, 22 април, вработените на Халкбанк го одбележаа со засадување садници во околината на филијалите на Банката во Гевгелија, Струмица, Куманово, Тетово Шар, Ресен и Велес. На овој начин тие го зазеленија и разубавија просторот околу филијалите, истовремено придонесувајќи и за поубава и позелена средина во овие градови.

Како дел од одбележувањето на денот посветен на нашиот единствен дом – планетата Земја, беше направен и Giveaway на социјалните мрежи и беа подарени растенија на најкреативните учесници.

Халкбанк која е препознаена како еко ориентирана банка, постојано посветува внимание на зачувување и заштита на природата и поттикнување и негување здрави животни навики и со низа акции придонесува за зголемување на зеленилото, како во урбаните средини, така и на други локации каде што тоа е потребно. Преку платформата ХалкЕко досега се засадени над 33.000 дрвја на повеќе локации во земјата, а во дел од овие акции учествуваа и вработените во Банката. Основа на платформата е истоимената апликација со која сите оние што пешачат, трчаат или возат велосипед, со поминатите километри во овие активности, придонесуваат Халкбанк да засади дрвја. И хронометар велосипедската трка Халк Вело Грин која ја организира Банката е со цел поттикнување здрави животни навики, но и обзбедување нови садници бидејќи средствата од котизацијата за учество во трката се искористуваат за обезбедување нови дрвја.

Сите акции за засадување нови садници се и придонес на Халкбанк во рамките на коалицијата Priceless Planet чиј дел е Банката, која има за цел до 2025 година во светот да бидат засадени над 100 милиони дрвја. Коалицијата беше формирана од страна на Mastercard во јануари 2020 година, а во октомври истата година Халкбанк влезе во партнерство со оваа големата глобална иницијатива, со што стана и прва банка во регионот што се приклучи на оваа широка Коалиција.

Со сите еко акции и иницијативи Халкбанк настојува да додаде видлив отпечаток кон подобра, почиста и поздрава животна средина, но и да поттикне повисока одговорност кај секој чинител во општеството.

Банки

Халкбанк АД Скопје донираше инклузивна опрема, училница на отворено и го уреди училишниот двор на ООУ „Имри Елези“ во Чаир

Објавено

на

Со донација од Халкбанк АД Скопје, во основното училиште „Имри Елези“ во Општина Чаир, Скопје, беше реализиран проект за уредување на училишниот двор, кој опфати поставување инклузивна урбана опрема за децата, изградба на училница на отворено и уредување на училишна градина за одгледување градинарски култури, со што се создаваат подобри услови за игра, учење и престој на учениците.

Со уредувањето на просторот, училишниот двор доби нова функција како место каде учениците ќе можат да поминуваат повеќе време на отворено, да се дружат и да учествуваат во различни активности. Поставената урбана опрема овозможува просторот да биде достапен и функционален за сите деца, поттикнувајќи инклузивност и еднакво учество во училишниот живот.

Новата училница на отворено ќе им овозможи на наставниците дел од наставата да ја реализираат во поинаква и поинтерактивна средина, додека училишната градина ќе служи како практичен простор каде учениците ќе учат за природата, растенијата и процесот на одгледување градинарски култури.

„Нашата банка верува дека секое дете заслужува средина во која ќе може да учи, да се развива и да ги гради своите потенцијали. Со уредувањето на дворот во ООУ „Имри Елези“ сакаме да придонесеме кон создавање поинклузивен и инспиративен простор кој ќе го користат сите ученици, како за учење, така и за игра и дружење“, истакна Фатих Шахбаз, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Оваа донација е дел од континуираните активности на Халкбанк насочени кон поддршка на образованието и развојот на локалните заедници, преку проекти кои придонесуваат за подобри услови за учење и развој на младите.

Продолжи со читање

Банки

Глобалната недела на парите 2026 година: „Разговори за паметно управување со парите“

Објавено

на

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, во периодот од 16 до 22 март 2026 година, четиринаесетта година по ред ќе ја одбележат Глобалната недела на парите. Глобалната недела на парите традиционално се одбележува преку предавања за различни возрасни групи, објавување едукативни материјали од областа на финансиите на интернет-страниците, одржување работилници со физичко присуство или онлајн, како и објавување едукативни содржини на социјалните мрежи.

Темата на која е посветена годинешната глобална недела на парите е: „Разговори за паметно управување со парите“ (Smart money talks).

Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите, Народната банка ќе организира бројни активности коишто вклучуваат повеќе возрасни групи, како и повеќе едукативни алатки. Во соработка со Сојузот на средношколци ќе биде одржана трибина со учениците од средните училишта на тема: „Паметно со парите – зборувај, размислувај, одлучувај“. Во неделата на парите, ќе се одржат и предавања за учениците од основните училишта, како и за студентите. Преку објавување прашања во рамките на едукативниот квиз на социјалните мрежи на Народната банка, јавноста ќе има можност да го провери своето финансиско знаење. Народната банка ќе даде придонес и кон националниот натпревар на Европскиот квиз на парите, којшто ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите.

Во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД),  Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата. Досега одбележувањето е во повеќе од 176 земји во светот, при што се вклучени 32.000 организации и институции и се опфатени 71 милион деца и млади. Целта е да се зајакнува свеста на младите луѓе, од рана возраст, за значењето на финансиската писменост и потребата да стекнуваат знаења и вештини и да градат ставови и однесувања потребни за донесување разумни финансиски одлуки и за постигнување финансиска благосостојба и финансиска отпорност.

Повеќе информации за Глобалната недела на парите се достапни на врската: www.globalmoneyweek.org  

Продолжи со читање

Банки

Централна Кооперативна Банка со промотивна понуда за станбен кредит за млади брачни парови

Објавено

на

Централна Кооперативна Банка АД Скопје во текот на март нуди промотивен станбен кредит наменет за млади брачни парови, со попуст до 2.000 евра вклучен во каматата. Од банката велат дека новата понуда има цел да им помогне на младите семејства полесно да го направат првиот чекор кон сопствен дом и стабилна заедничка иднина.

Според условите на промоцијата, кредитот овозможува фиксна каматна стапка од 2,90 проценти во првите пет години, по што следува променлива камата од 3,80 проценти. Дополнително, понудата предвидува и низа олеснувања за корисниците, меѓу кои немање трошоци за нотар, без надомест за документација, како и без трошоци за проценка на недвижноста во првата година.

Од Централна Кооперативна Банка посочуваат дека почетокот на заедничкиот живот носи многу планови, соништа и одговорности, а сопствениот дом е еден од најважните чекори во градењето на стабилна иднина. Затоа, како што велат, со оваа кредитна линија сакаат да понудат сигурна основа, поволни и транспарентни услови, како и флексибилност што ќе го следи ритамот на младите семејства.

Заинтересираните можат да поднесат барање преку електронска апликација или да ја посетат најблиската експозитура на банката за брза консултација со банкарските советници. Повеќе информации за промотивната понуда се достапни на официјалната веб-страница на Централна Кооперативна Банка АД Скопје.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange