Банки
„Best Buy Award“ за Комерцијална банка затоа што обезбедува најдобра услуга за најдобра цена
Комерцијална банка се стекна со уште едно меѓународно признание – „Best Buy Award“ за 2023/2024 година, како резултат на тоа што нуди најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на македонскиот пазар на банкарски услуги. Банката е особено горда и почестена од оваа награда, која ја доделува швајцарската организација ICERTIAS, затоа што таа е „гласот на клиентите“.
Оваа награда се доделува врз основа на изборот на потрошувачите, кои на истражувањето од ICERTIAS одговорија дека од Комерцијална банка добиваат најдобар квалитет на производите и услугите за најдобра цена. Наградата е признание за компаниите кои обезбедуваат најдобра вредност за парите и им помагаат на потрошувачите да донесат информирани одлуки за купување.
Наградата „Best Buy Award“ се доделува во над 40 земји на 5 континенти и ја имаат добиено редица реномирани компании кои во фокусот на своето работење го имаат интересот на потрошувачите.
„Best Buy Award“ е уште еден поттик за да останеме фокусирани на интересот и потребите на нашите клиенти, на постојаните иновации и инвестиции во нови производи и услуги кои ги следат новите потреби на пазарот, на знаењето, посветеноста и професионалноста на вработените за да донесат клиентите вистинска финансиска одлука.
Оваа награда доаѓа кратко време по прогласувањето на Комерцијална банка за „Најдобра банка за 2023 година во Македонија“, што е уште едно признание за лидерската позиција на Банката, која постојано создава иновативни и модерни финансиски можности и решенија за физички лица, компании, како и за мали и средни бизниси, со цел да остане нивниот партнер во создавањето среќа, задоволство и успех.
Банки
Славески од Шангај: Централните банки мора да останат фокусирани на ценовната стабилност
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите „Трасирање на идниот развој“, одржана во рамки на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем“ во Шангај.
Настанот беше организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, а на него се дискутираше за предизвиците со кои се соочува глобалната економија и улогата на централните банки во услови на зголемена неизвесност.
Во своето обраќање, Славески истакна дека централните банки во последните години се соочуваат со серија сериозни предизвици, меѓу кои последиците од пандемијата, геополитичките конфликти, нарушувањата во синџирите на снабдување, како и растот на цените на енергијата и суровините.
„Искуството од последните години потврди дека централните банки и натаму мора да бидат посветени пред сѐ на зачувувањето на ценовната стабилност, дури и кога инфлацијата е поттикната од надворешни фактори, како што се енергетските шокови. Одложените или недоволните реакции може да предизвикаат многу поголеми економски и социјални трошоци“, нагласи гувернерот Славески.
Тој посочи дека во услови на глобална финансиска неизвесност, навремените и соодветни политики остануваат клучни за одржување на макроекономската стабилност и довербата во финансискиот систем.
Банки
НЛБ Банка: Исплатена паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за мај
НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за мај 2026 година.
Од банката соопштуваат дека корисниците на парична помош од социјална и детска заштита можат да ги подигнат средствата во секое време преку банкоматите на НЛБ Банка.
Воедно, од банката ги потсетуваат клиентите дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во трговската мрежа, како и преку услугите за електронско и мобилно банкарство.
НЛБ Банка апелира до корисниците да ги искористат достапните дигитални канали за побрзо и поедноставно управување со средствата.
Банки
Игор Наумоски ја доби главната награда во наградната игра на Комерцијална банка и Visa
Едно секојдневно плаќање со Visa картичка му донесе незаборавно доживување на клиент на Комерцијална банка. Банката ја додели главната награда од наградната игра „Плаќај со Visa – Disneyland® Paris те чека!“, а среќниот добитник е Игор Наумоски.
Наумоски заедно со своето семејство ќе отпатува во Disneyland Paris, каде ќе има можност да ужива во магијата на еден од најпознатите забавни паркови во светот.

„Навистина сме пресреќни и благодарни за ова изненадување. Искрено, никогаш не помислив дека едно секојдневно плаќање може да ни донесе ваква можност. Оваа награда за нашето семејство значи многу – заедничко време, нови спомени и едно искуство што долго ќе го паметиме“, изјави Наумоски по примањето на наградата.

На свеченото врачување, д-р Никола Џамбазовски, главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, му честиташе на добитникот и истакна дека Visa Signature картичката нуди бројни поволности и привилегии за корисниците.
Од Комерцијална банка велат дека и понатаму ќе продолжат да создаваат вредност и нови можности за своите клиенти преку вакви наградни игри и промотивни активности.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Фондовипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво потсетува на навремено планирање на пензијата
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата


