Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Дирекцијата за деловна мрежа во Одделот за работа со население и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Благајник во Експозитура Гостивар
(1 извршител)

Кариера

Нова ера во вработувањето: MKJOB ја лансира првата AI платформа за барање работа во Македонија

Објавено

на

Пазарот на труд денес е полн со понуди за работа и луѓе кои бараат работа, а сепак и компаниите и кандидатите сè почесто остануваат фрустрирани. Компаниите не можат да ги пронајдат вистинските луѓе, а кандидатите тешко доаѓаат до вистинските можности.

MKJOB (www.mkjob.com) се појавува токму во овој јаз меѓу понудата и побарувачката – не како уште едно место за објавување огласи, туку како платформа што го редефинира начинот на кој компаниите и кандидатите се поврзуваат.

Наместо класичниот пристап „објавување оглас – чекање апликации“, MKJOB воведува пристап базиран на вештачка интелигенција кој овозможува подлабока интеракција и попрецизно совпаѓање меѓу кандидатите и компаниите. Фокусот не е на бројот на апликации, туку на нивната релевантност.

Персонализирано искуство и поголема видливост за кандидатите

За кандидатите, тоа значи можност да креираат MKJOB профил кој јасно ги прикажува нивните вештини, искуство и кариерни цели. Врз основа на овие податоци, тие добиваат препорачани огласи кои одговараат на нивните преференции.

Дополнително, кандидатите можат да одлучат дали нивниот профил ќе биде видлив за компании што активно бараат вработени. Кога компанија ќе објави оглас за кандидат со одредени вештини или искуство, системот може да ги истакне профилите што најмногу одговараат, овозможувајќи кандидатите да бидат забележани дури и ако не аплицирале директно.

Целосна контрола и побрзи одлуки за компаниите

За компаниите, MKJOB нуди поефикасен пристап до таленти. Платформата располага со напреден систем за управување со процесот на вработување, кој овозможува јасен преглед на кандидати што навистина одговараат на барањата на позицијата, со увид во нивните клучни вештини, искуство и степен на усогласеност со огласот.

Ова им помага на работодавачите побрзо и посигурно да ги идентификуваат вистинските кандидати.

Дополнително, MKJOB овозможува директна комуникација меѓу кандидатите и компаниите преку вграден чет. Наместо чекање е-пошта или телефонски повици, двете страни можат веднаш да воспостават контакт, да разјаснат детали за позицијата или да разменат документи важни за следните фази од процесот.

MKJOB со мобилна апликација

За подобро корисничко искуство, платформата е достапна и како мобилна апликација на Google Play и App Store, овозможувајќи им на кандидатите постојано да бидат поврзани со можностите за работа, без разлика каде се наоѓаат.

MKJOB е веќе активен и отворен за кандидати и компании кои сакаат да го користат новиот, попаметен начин на поврзување на талентите и можностите.

Продолжи со читање

Кариера

Иуте Македонија вработува Специјалист за плаќања

Објавено

на

Иуте Македонија е дел од мултинационалната бизнис корпорација Iute Group AS, избрана за една од најбрзо-растечките компании во Европа. Со добивањето на дозвола за Институцијата за електронски пари, Иуте Пеј директно учествува во креирањето на новото поглавје на иновациите во личните финансии.

Нашиот тим се шири и доколку те интересира развојот на дигитални продукти кои го олеснуваат секојдневниот живот, те повикуваме да растеме и градиме заедно успешна приказна.

Институцијата за електронски пари Иуте Пеј има потреба од Специјалист за плаќања.

Твоите предизвици се организација и координација на прием и обработка на платни налози, решавање рекламации од платежни трансакции, дневно следење и усогласување на готовински и безготовински промет, комуникација со платни системи (КИБС, МИПС), спроведување присилна наплата и наплата на провизии, активности за затворање на работен ден, одговор на барања од надворешни институции, следење и примена на домашна и меѓународна регулатива за платежни услуги, организација и координација на платежни трансакции со странство (СЕПА), генерирање и контрола на извештаи кон НБРСМ, организација и координација на отворање, затворање и блокада на сметки, како и извршување на останати задачи по барање на раководното лице.

Компанијата нуди можност како дел од мултинационална финтек компанија Iute Group AS да ги запознаеш најновите иновации во овој сегмент, едноставна организациска структура, вреднување на индивидуалниот придонес и тимскиот дух, континуирани професионални обуки, членство за спортски активности, подароци за родендени, годишнини и приватни значајни настани, тимбилдинг активности во земјата и странство, размена на искуства во земјите од Групацијата, како и бесплатни дополнителни здравствени прегледи.

Потребни квалификации и способности се универзитетска диплома од економски науки или сродна област, минимум две години искуство во платни системи и позадинско работење со денарски или девизен платен промет, познавање на платни системи и регулативи на НБРСМ, напредно познавање на англиски јазик, напредно користење на MS Office пакетот, добри аналитички и организациски способности, високо ниво на прецизност и внимание на детали, како и комуникациски и тимски вештини.

Рокот за аплицирање е 25 декември 2025 година.

Испратете ја Вашата биографија на [email protected] со назнака „Специјалист за плаќања“.

Сите апликации ќе бидат разгледани со високо ниво на доверливост. Согласно Законот за заштита на личните податоци, со доставување на Вашата апликација за работа давате согласност Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кандидати спроведен од страна на Иуте Пеј. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак ќе бидат достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Кариера

Оглас за вработување во Комерцијална банка

Објавено

на

Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, стабилност, ефикасност и иновативност, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Соработник за администрирање фондови

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 21.12.2025 година

Работни цели и задачи:

  • Вреднување на имотот на инвестициски и пензиски фондови – клиенти на Банката;
  • Следење на усогласеност со законската регулатива при чување на средствата на пензиски и инвестициски фонд, континуирано следење и контрола на структурата на вложувањата, почитување на лимитите за изложеност, оценување на квалитетот на инвестициите и мониторинг на процентуалната изложеност во секоја поединечна инвестиција;
  • Порамнување на купопродажни трансакции со хартии од вредност на Македонската берза за хартии од вредност и во странство;
  • Следење и известување за корпоративни активности за хартии од вредност купени на домашен и на странски пазар, како и континуирана комуникација со суб-чувар на имот;
  • Креирање налози во денарски и во девизен платен промет;
  • Следење и усогласување со регулативата која го третира пазарот на капитал.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на економските науки;
  • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
  • Напредно познавање на Microsoft Excel;
  • Способност за аналитичко мислење и антиципативно одлучување;
  • Најмалку 2 години работно искуство во финансиска институција ќе се смета за предност;
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон потребите на клиентите;
  • Адаптибилност во динамична работна средина;
  • Комуникациски вештини за работа во тим;
  • Способност за брзо одлучување.

Придобивки за вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Програма за спорт и рекреација;
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк, преку е-пошта [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Соработник за администрирање фондови”.

Телефон за контакт: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на вашата апликација за работа согласни сте вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange