Банки
Уште една нова дигитална услуга од Комерцијална банка – активирање Интернет банка со електронска идентификација OneID
Многу едноставно и без посета на шалтер, направете ги вашите лични финансии достапни во секое време и од секое место! Сега, може да активирате Интернет банка на Комерцијална банка преку електронска идентификација со OneID. Така добивате пристап од далечина до банкарски услуги и можност за вршење трансакции 24/7, по ваша желба и потреба.
Активирањето Интернет банка со електронска идентификација OneID преку веб-страницата на банката ви дозволува максимална слобода и задоволство. Станувате корисник на Интернет банка со неколку клика и влегувате во светот на одговорни и привилегирани лични финансии.
Интернет банката на Комерцијална банка ви овозможува:
- неограничен увид во состојбата на вашите сметки
- вршење банкарски трансакции секогаш кога имате потреба од нив
- пристап до голем број банкарски услуги во кој било период од денот
- од 60 % до 80 % пониски надоместоци за трансакции отколку на шалтер
- максимално безбедни трансакции и заштита на вашите податоци
Ова е уште една услуга со која Комерцијална банка, како лидер на пазарот, овозможи практична примена на услугата електронска идентификација во вашите секојдневни финансиски трансакции. Со употреба на електронската идентификација OneID, без посета на шалтер, веќе може да ажурирате лични податоци, а наскоро ќе може отворите платежна сметка во Комерцијална банка, како и да поднесете барање преку Интернет банка за дозволено пречекорување на сметка и за потрошувачки кредит.
Вашите секојдневни финансиски обврски не мора да бидат товар на вашето слободно време и на вашето задоволство. Услугата електронска идентификација и Интернет банката на Комерцијална банка ги прават вашите финансиски трансакции брзи и ефикасни без посета на шалтер. А корисничкото задоволство и безбедноста ги задржуваат како врвен приоритет.
Дознајте повеќе на следниот линк.
Банки
Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс
„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед.
Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 година, централната банка изврши приспособување на оперативната монетарна рамка ставајќи поголем акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика. Овие промени ја потврдуваат посветеноста на Народната банка на ефективното спроведување на монетарната политика и на одржувањето на финансиската стабилност.
Во 2026 година, според оцената на „Стандард и Пурс“, се очекува дека инфлациските притисоци ќе се намалуваат, поткрепени од умереното движење на цените на храната, претпазливата поставеност на монетарната политика и поволната споредбена основа. Агенцијата заклучува дека согласно состојбите, на краток рок, Народната банка ќе продолжи со примена на внимателна монетарна политика, заради задржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.
Во делот на банкарскиот сектор, Агенцијата ја оценува солвентноста како солидна, со адекватност на капиталот од 19,5% во третото тримесечје од 2025 година, додека квалитетот на активата и натаму е висок, со историски најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,3% од вкупните кредити. Овие показатели, според Агенцијата, ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот систем.
Банки
Од Visa трансакција до клучеви од нов автомобил: НЛБ Банка исполни уште еден сон!
НЛБ Банка со големо задоволство му го додели новиот Opel Frontera на Фатмир Алили од Гостивар, среќниот добитник на главната награда од наградната игра „Со НЛБ Visa, вози ги своите соништа!“.
Со новиот автомобил, секое патување за Фатмир и неговото семејство од денес добива ново значење – повеќе удобност, сигурност и нови авантури, но и уште повеќе причини за насмевка.
Од НЛБ Банка истакнуваат дека наградната игра донела возбудување и кај голем број клиенти, кои во текот на кампањата освоија и бројни неделни награди, меѓу кои парични износи и iPhone 16E.
„Нè радува што преку оваа наградна игра создадовме моменти што се паметат и што им донесовме радост на нашите клиенти. Им честитаме на сите добитници, а на корисниците на НЛБ Visa им благодариме за укажаната доверба“, порачуваат од НЛБ Банка.
Со вакви иницијативи, НЛБ Банка продолжува да ја зајакнува врската со клиентите и да креира вредност преку иновативни производи, наградни кампањи и позитивни кориснички искуства.
Банки
Извлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка
Комерцијална банка ги извлече среќните добитници од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard картичките на Банката.
Извлечени се добитниците на Главната награда – Патување и посета на карневалот во Рио де Жанеиро за две лица и на останатите вредни награди:
- 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB
- 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце
- 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7
- 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во Skopje City Mall
- 50 подарок-картички во вредност од 3.000 денари за шопинг во East Gate Mall
Комерцијална банка им честита на сите добитници!
За да проверите дали сте добитник на награда, кликнете на следниот ЛИНК или посетете ги профилите на Комерцијална банка на социјалните мрежи.
Правилата за Наградната игра и информации за подигнување на наградите се објавени на веб-страницата на Банката.
-
Продуктипред 2 месециГолема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
-
Продуктипред 2 месециХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Продуктипред 2 месециПразници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | СИЛВАНА МИЛЕНКОВА И РАДИСАВ БУЛАТОВИЌ: Најважни се добрата комуникација, емоционалната интелигенција, искреноста и создавање на долгорочни односи на доверба со клиентите
-
Осигурувањепред 2 месециКЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
-
Продуктипред 1 месецХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Останатопред 2 месециУЈП започна засилени проверки на приливи од странство остварени од 2020 година досега
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје




