Кариера
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ДЕЛОВНИ ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ, во Служба за корпоративно работење.
Дел од работните задачи на референт за деловни односи за клиенти во Служба за корпоративно работење се следните:
- Анализи и обработка на финансиските податоци за клиентите, подготовка на кредитни предлози со комплетна анализа на клиентот и доставување на истите до соодветните служби;
- Подготовка на кредитно рангирање на кредитниот ризик на клиентот во соработка со кредитните референти. Преговарање, во рамки на надлежноста, за условите за соработка со клиентите;
- Оценка на кредитни барања и креирање соодветни извештаи;
- Учество во работата на банката, во случај кога се одобруваат кредити/заеми, во согласност со ограничувањата и надлежностите, дадени во постапката за одобрување и др.
- Надзор врз зголемувањето на приходите преку растење на соработката со постојните клиенти и привлекувањето на нови клиенти;
- Следење на активностите на пазарот и конкуренцијата со цел да се најдат можности за понатамошен напредок во работењето;
- Постигнување на таргетите за пораст/продажба, приходи и задоволство на клиентите, на начин поставен од Управниот одбор на банката;
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Универзитетска диплома пожелно, по можност во банкарство, финансии или друга релевантна област;
- Посета на образовни програми, соодветни за предметното работно место;
- 3 (три) години искуство пожелно, по можност во банкарство или друг финансиски сектор
- Многу добро познавање на даночниот систем, сметководството и анализа на финансиската состојба;
- Многу добро познавање на прашањата поврзани со пазарот на средства/капитал;
- Познавање на продажни техники и маркетинг;
- Познавање на MS Office;
- Многу добро познавање на англискиот јазик;
- Добро познавање на банкарските производи;
- Добри организациски и комуникациски вештини;
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Добри преговарачки вештини;
- Флексибилност;
- Иницијативност;
- Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на банката.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected] со задолжителна назнака за “референт за деловни односи со клиенти”, најдоцна до 31.03.2023 година.
Силк Роуд Банка замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за приватниот живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]
Кариера
Комерцијална банка нуди можност за кариерен развој во филијалата во Велес
Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност.
Во објавата се истакнува дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и поддржувачка работна средина, со простор за личен и кариерен напредок и активно учество во развојот на банката.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.
Кариера
Комерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и иновативност преку посветен тим на професионалци.
„Искористи ја можноста да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности, да ги оствариш твоите професионални цели и активно да учествуваш во модерниот развој на банката“, порачуваат од Комерцијална банка.
Пријавувањето е отворено преку официјалната веб-страница на банката.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
АЛТА Банка објави оглас за вработување на позицијата референт за работа со благајна во својата експозитура во Прилеп.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат искуство во банкарското работење, развиени комуникациски вештини и желба да работат во динамична средина ориентирана кон клиентите, да се пријават на огласот.
Кандидатите треба да достават биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака во предметот на пораката: „За Референт за работа со благајна во експозитура – Експозитура Прилеп“.
Од АЛТА Банка посочуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да ја гради својата професионална кариера во банкарскиот сектор и да биде дел од организација која е посветена на обезбедување квалитетна услуга за клиентите.
Огласот е отворен за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите и сакаат да се приклучат на тимот на АЛТА Банка.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


