Connect with us
no baners

Банки

Ангеловска-Бежоска: Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, но мора да задржиме мудри монетарни политики

Објавено

на

Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, која од октомври лани е во опаѓачки тренд, но сепак мора да ги задржиме мудрите монетарни политики, порача гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панелот насловен „Монетарната и фискалната политика во свет со висока инфлација“ во рамките на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“. што денеска и утре се одржува во Скопје, а чиј домаќин е Народната банка.

„Во овој тренд можеме да видиме дека дестабилизацијата и инфлацијата коинцидираа со олеснување на некои влијанија, барем според анкетата на Европската Унија за очекувањата. Гледаме и намален удел на компонентите во ЦПА во високата инфлација од 10 проценти и повеќе”, рече Ангеловска-Бежоска.

Таа нагласи дека има некои знаци, но додаде дека иднината на инфлаторната динамика во некои земји, каква што е и нашата, сигурно ќе зависи од опстојувањето на мобилните шокови, од ранливоста кон шоковите и значителниот раст на кредитирањето кое ќе ги намали притисоците на среден и долг рок.

„Мора да задржиме мудри монетарни политики. Но, имајќи ги предвид комплексните монетарни шокови со кои се соочуваме клучно е дека монетарните политики мора да бидат поддржани со фискални политики за да се спречи зголемување на платите кое не е поврзано со растот на продуктивноста”, потенцира Ангеловска-Бежоска.

Минатата недела Министерството за финансии ја информираше Владата дека започнува со реформа која ќе ја унапреди фискалната децентрализација во земјава. Предвидено е спроведување на повеќе мер

Со нејзиниот став се согласи и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој посочи дека мора да се работи на сите различни гледишта во однос на цените.

„Оваа година имаме малку поразлична проекција во однос на годинашната инфлација, но во однос на политиките се обидуваме да ја задржиме конзистентноста во мерките. Од буџетска гледна точка и од гледна точка на владините политики важно е да се обезбеди финансирање на она што го проектираме и она што денеска несигурноста е сигурност”, рече Бесими.

Сите, додаде министерот, се подготвувавме за тешка зима и тоа ни даде простор за воспоставување рамнотежа меѓу монетарните и фискалните политики.

„Сега влегуваме во пролетното време во однос на трошоците и се надевам дека ќе постигнеме рамнотежа, но економската активност останува пониска од тоа што го проектиравме. Се надевам дека во следната година ќе имаме подобри услови и дека ќе ги одржиме нашите начелни проекции”, потенцира министерот за финансии.

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 25 мај

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка и Visa со наградна игра: Патување во Disneyland Paris за четири лица

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa Inc. организира наградна игра преку која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland® Paris за четири лица.

Од Банката информираат дека наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Во овој период, секое плаќање со Visa картичка носи дополнителна шанса за освојување на главната награда.

„Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за награда“, велат од Комерцијална банка.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 јуни 2026 година.

Повеќе информации и правилата за наградната игра се достапни на: Комерцијална банка

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје доби LEED Gold сертификат за одржлива градба

Објавено

на

Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво.

Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за значаен успех не само за тимот што работел на проектот, туку и за развојот на одржливата и енергетски ефикасна градба во регионот.

LEED сертификатот претставува меѓународно признат стандард за зелени и еколошки одржливи објекти, кој ги оценува енергетската ефикасност, одржливоста и влијанието врз животната средина.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange