Connect with us

Банки

30.000 банкари остануваат без работа како последица на банкарската криза?

Објавено

на

Спасувањето на „Credit Suisse“ од страна на најголемата швајцарска банка „UBS“ се очекува да резултира со укинување на десетици илјади работни места, а швајцарскиот финансиски сектор веќе се подготвува за тешкиот удар дел од спорното преземање.

Домашното работење на „Credit Suisse“ и нејзината инвестициска банка, кои заедно вработуваат повеќе од 30.000 работници, се очекува да го сносат најголемиот дел од кратењата, според оние кои се запознаени со плановите на „UBS“.

Премногу е рано точно да се процени за колку вкупно отпуштања се работи, но тоа би можело да биде дури една третина од 120.000 работни места на комбинираната група бидејќи „UBS“ ќе затвори голем број на филијали од својот конкурент каде што веќе им се преклопуваат локациите и улогите на домашниот пазар, пренесува „Financial Times“.

Договорот за преземање беше организиран од швајцарските власти во текот на викендот, откако тие станаа загрижени од стапката на повлекувања од клиентите што „Credit Suisse” ја претрпе минатата недела.

Договорот од 3,25 милијарди долари беше критикуван поради загубите што ги претрпеа сопствениците на обврзници и недостатокот на глас од акционерите за синдикатот.

„Credit Suisse”, која вработуваше нешто повеќе од 50.000 луѓе на крајот на 2022 година, веќе беше во средината на големи кратења на работни места, со 4.000 скратени работни места досега оваа година.

Но, се очекува преземањето да резултира со дополнително кратење на работните места, при што голем дел од инвестициските банкари на „Credit Suisse” кои се 17.000 на број, ќе ги загубат своите работни места бидејќи „UBS” ќе ги затвори најголемиот дел од филијалите.

Според луѓето кои се запознати со плановите на „UBS”, која вработува 74.000 вработени на глобално ниво, исто така ќе се обиде да ги отстрани преклопените улоги на „Credit Suisse” во Швајцарија, да ги затвори филијалите и да го намали персоналот на административни позиции.

Банки

Комерцијална банка со наградна игра за средба со Ламин Јамал и натпревар на Барселона

Објавено

на

Комерцијална банка организира наградна игра за корисниците на Visa картички, во која главната награда е средба со фудбалската ѕвезда Ламин Јамал и можност за следење натпревар на Барселона во живо на „Камп Ноу“.

Во наградната игра учествуваат плаќањата направени до 31 октомври 2026 година со Visa Debit, Visa Classic Revolving, Visa Classic Standard, Visa Signature и Visa Gold картичките на Комерцијална банка.

Со секоја трансакција корисниците добиваат кодови за учество, додека плаќањата преку Google Pay, Apple Pay или Garmin Pay носат по два кода.

Главната награда вклучува средба со Ламин Јамал за добитникот и негов придружник, како и фудбалско искуство поврзано со Барселона.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 ноември 2026 година.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка АД Битола бронзен партнер на MicroBalkans 2026

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола е најавена како бронзен партнер на регионалниот настан MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined, кој ќе се одржи на 24 и 25 септември во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

Банката нуди широк спектар финансиски услуги за физички и правни лица, меѓу кои кредитирање, штедење, платежни картички, трансакциски сметки и дигитално банкарство.

АЛТА банка АД Битола, поранешна Стопанска банка Битола, во 2025 година стана дел од српската ALTA Group, а во декември истата година го презеде новото име.

Со долгогодишно присуство на финансискиот пазар во Северна Македонија, банката со учеството на MicroBalkans 2026 се вклучува во регионалниот дијалог за развојот на нови модели и современи решенија во финансиските услуги.

Настанот MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined е во организација на Групацијата на небанкарски финансиски институции во Северна Македонија и ќе обедини претставници од финансискиот сектор со фокус на трендовите, иновациите и идниот развој на кредитирањето и финансиските услуги во регионот.

Продолжи со читање

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година

Објавено

на

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.

Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.

Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange