Connect with us

Банки

Роберт Кијосаки – човекот кој ја предвиде финансиската криза во 2008 година и колапсот на Леман Брадерс, предвидува слично сценарио и за уште еден банкарски гигант!?

Објавено

на

Колапсот на Silicon Valley Bank (SVB), која прекина со работа во петокот, откако не успеа да собере нов дополнителен капитал, па продаде државни обврзници со големи загуби за да ги исплати клиентите што ги подигнаа своите парични средства, придонесе целиот финансиски сектор да биде нестабилен и стравувањата се дека кризата може да се прошири и во други банки и земји.

Роберт Кијосаки е американски претприемач, бизнисмен и автор на повеќе од 26 книги, вклучувајќи го и меѓународниот бестселер за лични финансии „Богат татко сиромав татко“ која е продадена во над 41 милион примероци ширум светот.

Финансискиот експерт точно го предвиде колапсот на Леман Брадерс во 2008 година, кога започна големата финансиска криза. Кијосаки предупреди дека “Credit Suisse” може да биде следниот банкарски гигант изложен на ризик бидејќи нестабилниот пазар на обврзници паѓа, а зголемениот интерес предизвикува вртоглав пад на цената на обврзниците.

Говорејќи на “Cavuto: Coast to Coast”, Кијосаки рече: „Проблемот е пазарот на обврзници и моето предвидување, кажав за Lehman Brothers пред неколку години, и мислам дека следната банка што ја чека слична судбина е Credit Suisse.”

„Американскиот долар ја губи својата хомогеност во светот во моментов. Така, тие ќе печатат се повеќе и повеќе од ова обидувајќи се да го спречат ова нешто да потоне“, рече експертот држејќи банкнота од еден долар.

Тој го даде предвидувањето само неколку часа пред “Credit Suisse” да признае дека има „материјална слабост“ односно дека банката има проблем со ликвидноста.

Кијосаки дополнително објасни како пазарот на обврзници е „најголемиот проблем“ на економијата кој ќе ги доведе САД во „сериозни проблеми“ бидејќи очекува американскиот долар да ослаби.

Тој понатаму изрази загриженост за пензиските планови и индивидуалните пензиски сметки (IRA) во сегашното пазарно опкружување, додавајќи дека американскиот даночен обврзник ќе биде најтешко погоден од спасувачките пакети на банките.

„Мојата генерација, бумовите (boomers), се обидуваме да се пензионираме. Значи, ова е совршена бура на многу начини“, изјави Кијосаки. „Како што реков, повторно, мислам дека ФЕД и ФДИК сигнализираа дека ќе печатат повторно, што ги прави акциите добри. Но, оваа мала сребрена паричка овде е сè уште најдобра, таа е 35 долари, така што сметам дека секој може да си дозволи 35 долари, а јас сум многу загрижен за “Credit Suisse”, додаде Кијосаки.

Во услови на хиперинфлација и на се поголемото печатење повеќе пари, Кијосаки советуваше да се инвестира во сребро и злато за време на нестабилниот пазар.

„ФЕД и ФДИК сигнализираат хиперинфлација, што го прави златото и среброто уште подобри бидејќи ова нешто овде е ѓубре алудирајќи на доларите. Тие ќе шират се повеќе и повеќе од овие лажни пари, и тоа е она што ФЕД и ФДИК го сигнализираат – ние ќе отпечатиме што е можно повеќе од ова за да го спречиме забрзувањето на падот. Но, тие се момците кои го предизвикуваат тоа“, дополни финансискиот експерт.

Банки

Пред 59 години беше поставен првиот банкомат: Како започна револуцијата што го промени банкарството?

Објавено

на

Банкоматот, денес едно од најважните и најкористени банкарски решенија, во јуни годинава одбележа 59 години од поставувањето на првиот уред за подигнување готовина.

Првиот банкомат бил инсталиран во јуни 1967 година, во филијала на британската банка „Barclays“ во Северен Лондон. Иако за негов пронаоѓач најчесто се смета Џон Шеперд-Барон, идејата за машина преку која клиентите би можеле да подигнуваат пари датира уште од 1939 година.

Тогаш американскиот иноватор од ерменско потекло Лутер Дорге Симџијан развил уред за автоматско подигнување пари. „Citigroup“ ја тестирала идејата, но по само неколку месеци проектот бил прекинат поради слаб интерес од клиентите.

Речиси три децении подоцна, „Barclays“ повторно ја актуелизирала идејата. Првиот уред користел картички за еднократна употреба, со кои можело да се подигнат 10 фунти.

Следната година, американскиот иноватор Доналд Ветцел придонел за развојот на технологијата, овозможувајќи банкоматите да исплаќаат различни износи, во зависност од расположливите средства на сметката.

Првите банкомати значително се разликувале од денешните. Некои од нив не ја враќале картичката веднаш, па корисниците морале дополнително да ја подигнат од филијалата.

Од едноставна машина за подигнување готовина, банкоматот со текот на годините прерасна во клучна точка на современото банкарство, а неговиот развој го отвори патот кон 24-часовниот пристап до банкарски услуги.

Продолжи со читање

Банки

Маја Михајлова реименувана за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка

Објавено

на

Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза.

Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години.

Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит Банка продолжува да работи во состав од четири членови:

  • Емилија Спировска
  • Стевче Кузмановски
  • Милан Дамчевски
  • Маја Михајлова

Михајлова е дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка од 2024 година, кога Банката го прошири својот менаџмент со нејзиното именување.

Актуелниот состав на Управниот одбор е наведен и на официјалната веб-страница на ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Банки

4 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој

Објавено

на

НЛБ Банка преку нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра ја зајакнува поддршката и го проширува пристапот на домаќинствата до зелено финансирање за енергетски поефикасни домови. Средствата се обезбедени во соработка со ЕБОР во рамките на програмата GEFF III REpower Residential на Западен Балкан, а ќе се пласираат преку Банката. Наменети се за зелени инвестиции што придонесуваат за енергетски поефикасни, поодржливи и покомфорни домови, овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните – намалени трошоци и подобрен квалитет на живеење.

Во време кога енергетската ефикасност и одговорното користење на ресурсите стануваат сè поважен дел од секојдневието, ваквата финансиска поддршка отвора можност повеќе домаќинства да ги реализираат потребните подобрувања во своите домови – изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија.Сите овие технологии директно придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата, поголема удобност и  порационална потрошувачка.

НЛБ Банка во своето портфолио веќе нуди зелени кредити наменети за поддршка на одржливи и еколошки решенија, а новата кредитна линија од 4 милиони евра од ЕБОР претставува зајакнување на оваа определба.

Дополнителна придобивка на овие кредити е повратот на средства, кофинансиран од Европската Унија, кој може да изнесува и до 20% од вкупната инвестиција. На овој начин, зелените кредити стануваат практичен инструмент преку кој енергетската ефикасност, одржливоста и заштитата на животната средина се претвораат во реални и достижни решенија за секое домаќинство.

Придобивки од „зелените“ инвестиции во домот

Кога домот троши помалку енергија, преку намалените сметки, придобивките се чувствуваат веднаш. Долгорочно, тие имаат и пошироко значење. Секоја инвестиција што ја намалува потребата од енергија придонесува и за помала потрошувачка на ресурси, помал притисок врз енергетскиот систем и помало влијание врз животната средина. Во Македонија, ваквите вложувања се особено значајни имајќи ја предвид потребата од обновување и модернизација на станбениот фонд.

Токму затоа, зеленото финансирање има сè поважна улога во претворањето на одржливоста од концепт во конкретна одлука за секое домаќинство. Со соодветна финансиска поддршка, граѓаните можат полесно да направат чекор кон зелени решенија.

*GEFF програмата на ЕБОР во Западен Балкан е кофинансирана од европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, јапонија, данска и швајцарија преку Партнерството со високо влијание врз климатската акција (HIPCA).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange