Банки
ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со нова експозитура во Ѓорче Петров
ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа со отворање нова експозитура во Општина Ѓорче Петров во Скопје на ул. „Мице Козар“ бр. 1.
Експозитурата ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок, со работно време од 8:00 до 16:00 часот.
На новата локација, Банката ќе им овозможи на физичките и на правните лица сеопфатни банкарски услуги, со конкурентни и поволни услови.
„Со особено задоволство, денес, свечено го означуваме почетокот на работата на новата експозитура на ТТК Банка АД Скопје на уште една атрактивна локација во Скопје, во Oпштина Ѓорче Петров. Наша цел е да им понудиме на нашите корисници што е можно подостапни производи и услуги и да им овозможиме брзa и ефикасна поддршка при реализација на нивните финансиски цели и потреби. ТТК Банка АД Скопје континуирано работи на својот раст, развивајќи и модернизирајќи ги своите производи и услуги, a исто така минатата година значајно ја прошири и мрежата банкомати којашто достигна над 80 локации’’ – истакна претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, проф. д-р Драгољуб Арсовски.
Со отворањето на новата експозитура, ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа на вкупно 30 локации, од кои 9 во Скопје, а останатите 21 надвор од главниот град.
Тековно сите корисници имаат можност да го користат електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank без трошоци за активирање и за месечно одржување.
Банката, со својата стабилна пазарна позиција и потврден капацитет, континуирано остварува позитивни резултати. Еден од главните приоритети на ТТК Банка АД Скопје продолжува да биде постојаното вложување во новата технологија и понуда на брзи, поволни, едноставни и достапни производи и услуги.
Банки
Гувернерот на Риксбанк: Независноста е клучна за довербата во централните банки
Независноста на централните банки е еден од најважните предуслови за одржување на ниска и стабилна инфлација, доверба во парите и стабилен финансиски систем, оценува гувернерот на Шведската централна банка, Ерик Тедеен.
Во интервју по повод одбележувањето 80 години централно банкарство на Народната банка на Република Северна Македонија, Тедеен нагласува дека политичките притисоци врз монетарната политика стануваат сè почести, дури и во земјите во кои независноста на централните банки традиционално има силна поддршка.
Според него, централните банки што самостојно ги носат одлуките имаат поголема можност долгорочно да ја задржат инфлацијата на ниско и стабилно ниво. Како дополнителен ризик тој го посочува влошувањето на јавните финансии во голем број земји, што може да доведе до поголемо влијание на фискалната политика врз монетарните одлуки.
Говорејќи за улогата на централните банки, Тедеен истакнува дека нивните основни цели и натаму остануваат макроекономската и финансиската стабилност, како и зачувувањето на вредноста на парите.
Тој предупредува и на ризикот од прекумерно проширување на надлежностите на централните банки. Според него, тие треба внимателно да проценат дали новите економски и општествени прашања се во рамките на нивниот законски мандат, бидејќи излегувањето надвор од овластувањата може да ја наруши довербата на јавноста и демократската легитимност на нивната независност.
Како пример ги наведува климатските промени, кои можат да влијаат врз инфлацијата, синџирите на снабдување и финансиската стабилност, но нагласува дека централните банки не треба да носат политички одлуки за изборот на енергетски извори.
Тедеен потсетува дека Риксбанк, основана во 1668 година и позната како најстара централна банка во светот, и денес ги задржува основните принципи врз кои била создадена – работа во јавен интерес, грижа за економската стабилност, сигурен платен систем и одржување на довербата во финансискиот систем.
Извор: НБРМ
Банки
НЛБ Банка ја исплати јулската пензија
НЛБ Банка АД Скопје информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец јули и дека средствата им се достапни на пензионерите веднаш.

Од банката ги советуваат корисниците да го заштедат своето време преку користење на мрежата на банкомати, безготовинско плаќање во продажните места, како и преку електронското и мобилното банкарство.
Банки
НЛБ Банка Скопје обезбеди субординиран заем од 10 милиони евра
НЛБ Банка АД Скопје реализираше нова трансакција со Нова Љубљанска банка од Љубљана, врз основа на договор за субординиран заем во износ од 10 милиони евра.
Финансискиот инструмент се квалификува како додатен основен капитал, односно Additional Tier 1 capital, со што ќе придонесе за зајакнување на капиталната позиција на НЛБ Банка Скопје.
Нова Љубљанска банка е доминантен акционер во НЛБ Банка АД Скопје, со учество од 86,97 отсто во вкупниот број акции на банката.
Информацијата е објавена како ценовно чувствителна од Македонската берза, согласно Правилата за котација.
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 1 месецДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Берзапред 2 месециРКЕ донесе одлука: Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, најголем пад на цената во последните месеци
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни



