Connect with us

Банки

Митреска на конференција на БИС во Базел: Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки

Објавено

на

Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки“.

Во рамките на настанот, Митреска ја водеше сесијата под наслов „Нови и експериментални податоци“, во која беа презентирани истражувања за употребата на иновативните податоци за оцена на климатските ризици, како и на алатките на вештачката интелигенција за утврдување на недостатоците во статистиките за климатските промени и одржливоста.

На Конференцијата учествуваше и претставничката на Народната банка Даница Уневска Андонова, која го презентира трудот под насловен „Прогнозирање на македонскиот БДП со економски показател изведен преку „Чет џи-пи-ти“: докази од машинското учење“, изработен со коавторите Магдалена Петровска, Неџати Куртиши и Елена Божиновска Стојчевска. Трудот беше претставен на сесијата „Иновации за подобра статистика“, а во него се покажува како можат да се користат алатките на вештачката интелигенција за добивање показател за економските услови од квалитативните одговори од анкетите за очекувањата за растот на БДП и на инфлацијата и за негово вклучување во моделите на машинското учење, заради побрзо и поточно проценување на економската активност во земјава.

Овогодинешната конференција беше посветена на теми што се од директен интерес за пошироката јавност, како што се: користењето на вештачката интелигенција за побрзо следење на инфлацијата и економската активност; новите начини за процена на ризиците од климатските промени за финансискиот систем; подобрувањето на достапноста и квалитетот на економските податоци што им служат на граѓаните и на носителите на политиките и искористувањето податоци од платежните системи за подобро разбирање на потрошувачката на домаќинствата.

Учеството на претставниците на Народната банка на овој значаен меѓународен настан покажува дека статистичката практика во земјава е во чекор со најновите светски трендови во примената на податоците и вештачката интелигенција во централното банкарство.

Банки

Халкбанк започна со исплата на августовските пензии

Објавено

на

Пензиите за месец август од денеска, 27 август 2026 година, се достапни за клиентите на Халкбанк АД Скопје, информираат од Банката.

Средствата се префрлени на сметките на пензионерите и можат да се користат во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, своите пензии можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Од Халкбанк ги информираат своите клиенти дека средствата се веќе достапни за користење.

Продолжи со читање

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 28 август

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат во петок, 28 август 2026 година, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

Од Банката информираат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да користат дел од банкарските услуги.

За уплата и подигнување готовина достапни се банкоматите на Банката, додека за останатите финансиски трансакции клиентите можат да ги користат Интернет банка и мБанка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 ќе бидат достапни дигитализираната експозитура на улица „Македонија“ во Скопје, како и дигиталните делови на повеќе експозитури низ Скопје и земјата.

Дигитални услуги ќе бидат достапни на локациите во ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија, како и во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово – Илинденска.

За клиентите кои имаат потреба од банкарски услуги на 28 август, Банката препорачува користење на дигиталните канали и широко распространетата мрежа на банкомати.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка го објави празничното работно време: Три експозитури ќе работат на 28 август

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје информира дека по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, во петок, 28 август 2026 година, ќе работат три експозитури со редовно работно време од 8:00 до 16:00 часот.

Филијала/ЕкспозитураАдресаРаботно време
Филијала Тетовобул. „Илинденска“ бр.2б, Тетово 8:00 до 16:00 часот
Експозитура Куманово 1ул. „ЈНА“ бр.102, Куманово 8:00 до 16:00 часот
Експозитура Дебарул. „8-ми Септември“ бр. 16, Дебар 8:00 до 16:00 часот

За клиентите кои нема да ги користат услугите во филијалите, Банката потсетува дека во текот на празничниот ден се достапни услугите преку TTK M-bank, TTK E-bank, како и мрежата на банкомати.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange