Бизнис
Државата префрли нови 2,4 милиони евра за поддршка на инвестиции во компаниите
Министерството за финансии префрли нови 148,6 милиони денари, односно околу 2,4 милиони евра, кон Развојната банка за поддршка на инвестициите на домашните компании.
Со оваа уплата, вкупниот износ на средства пласирани во економијата преку оваа мерка достигна 14,5 милијарди денари, или околу 235,8 милиони евра.
Средствата се дел од државната програма за поддршка на домашниот бизнис-сектор, чиј вкупен буџет изнесува 250 милиони евра. Според проценките, преку програмата треба да се поттикне инвестициски циклус од околу 300 милиони евра.
Финансиската поддршка е наменета за компании што планираат нови инвестиции, проширување на производството и забрзување на развојот.
Кредитите до крајните корисници ќе се пласираат преку деловните банки, под поволни услови. Предвидена е фиксна каматна стапка од 1,95 проценти годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до три години.
Од Министерството за финансии посочуваат дека целта на мерката е да се стимулира приватната иницијатива, да се создадат нови можности за компаниите и да се даде дополнителен поттик на економскиот раст.
Бизнис
Американските технолошки гиганти доминираат меѓу најпрофитабилните компании во светот
Најпрофитабилните компании во светот во 2026 година главно доаѓаат од Соединетите Американски Држави, покажува најновото рангирање базирано на листата Forbes Global 2000 и финансиските резултати на компаниите за последните 12 месеци.
Од 30-те најпрофитабилни компании во светот, дури 16 имаат седиште во САД. Американските компании доминираат и во првите десет, а првите четири места им припаѓаат на технолошки гиганти од Западниот брег.
На врвот е Alphabet, матичната компанија на Google, со годишен профит од 160,2 милијарди долари. По неа следуваат Microsoft со 125,2 милијарди долари, Apple со 122,6 милијарди долари и NVIDIA со 120,1 милијарда долари.
Петтото место му припаѓа на саудискиот нафтен гигант Saudi Aramco, кој остварил профит од 99,3 милијарди долари. Потоа следуваат Amazon со 90,8 милијарди долари, Berkshire Hathaway со 72,5 милијарди долари, Meta Platforms со 70,6 милијарди долари, тајванскиот TSMC со 62,5 милијарди долари и JPMorgan Chase со 58,6 милијарди долари.
Покрај технолошките компании, САД се дом и на некои од најпрофитабилните светски трговци и финансиски институции. Меѓу нив се Amazon и Walmart, како и Berkshire Hathaway и JPMorgan Chase, кои се меѓу најсилните играчи во финансискиот сектор.
Анализата посочува дека американската доминација се должи на комбинација од силен пристап до капитал, развиен пазар за стартапи, универзитети од светска класа, поволно деловно опкружување и долгогодишен прилив на висококвалификувани имигранти. Овие фактори им овозможуваат на компаниите побрзо да растат и да ја задржат предноста пред конкуренцијата.
Надвор од САД, силно се издвојуваат компаниите од Источна Азија. Кина е застапена со големи државно поддржани банки како ICBC, China Construction Bank, Agricultural Bank of China и Bank of China, но и со технолошкиот гигант Tencent и енергетската компанија PetroChina.
На листата се и водечки азиски технолошки компании, меѓу кои тајванскиот TSMC, најголемиот светски производител на чипови, јужнокорејските Samsung и SK Hynix, како и јапонскиот SoftBank. Toyota Motor, исто така од Јапонија, е меѓу најпрофитабилните компании од автомобилската индустрија.
Посебно се издвојува Saudi Aramco, единствената компанија надвор од САД што се наоѓа меѓу првите пет. Саудиската нафтена компанија останува еден од најголемите играчи во глобалниот енергетски сектор, иако во последниот период се соочува со пониски профити поради падот на цените на суровата нафта и нестабилноста во регионот.
Меѓу 30-те најпрофитабилни компании се најдоа и Швајцарската народна банка, која остварила профит од 24 милијарди долари, како и неколку големи компании од секторите технологија, финансии, енергетика, трговија и автомобилска индустрија.
Берза
Македонската берза и ЕБОР отвораат врата до капитал: 10 македонски компании ќе добијат бесплатна експертска подготовка за излез на берза
Македонска берза АД Скопје официјално ќе го започне Проектот за поттикнување и подготовка на македонските компании за пазарно финансирање, иницијатива насочена кон зголемување на пристапот на домашните компании до пазарот на капитал преку издавање акции и обврзници.
Проектот се реализира со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со Македонската берза, а ќе го имплементираат PwC Северна Македонија и PwC Хрватска.
Во рамки на програмата, до десет македонски компании ќе добијат професионална и независна проценка на нивната подготвеност за пристап до пазарот на капитал, ќе учествуваат на специјализирана лидерска академија и ќе добијат конкретни препораки за понатамошна подготовка за прибирање финансиски средства преку берзата.
Очекувањата се проектот да придонесе за појава на нови издавачи на акции и обврзници, проширување на понудата на финансиски инструменти и натамошен развој на македонскиот пазар на капитал.
Бизнис
Македонската берза ќе подготвува домашни компании за финансирање преку акции и обврзници
Македонската берза денеска го стартува проектот чија цел е да ги поттикне и подготви домашните компании за користење пазарно финансирање преку пазарот на капитал.
Проектот се реализира со поддршка од Европската банка за обнова и развој, врз основа на претходно потпишан Меморандум за соработка, а неговата имплементација ќе ја водат PWC Северна Македонија и PWC Хрватска.
Во проектот ќе бидат вклучени најмногу десет компании, кои ќе добијат професионална и независна проценка за тоа колку се подготвени да пристапат до пазарот на капитал преку издавање акции или обврзници. Компаниите ќе учествуваат и на специјализирана лидерска академија, а ќе добијат и конкретни препораки за следните чекори во подготовката за прибирање финансиски средства преку пазарни инструменти.
Од Македонската берза велат дека очекуваат проектот да придонесе за создавање нови финансиски инструменти и нови издавачи на берзата.
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 1 месецХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
-
Банкипред 1 месецАЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии
-
Советипред 1 месец
УЈП: За користење на „МојДДВ“ задолжителна е регистрација во е-Даночни услуги

