Банки
Единствено со НЛБ Банка, банкарство од почеток до крај, директно преку твојот мобилен телефон
Денес „mobile first“ не е само тренд, туку начин поевтино, полесно и побрзо да управуваш со своите финансии. Никогаш не е доцна да научиш нешто ново, особено кога дигиталното банкарство значајно ти го олеснува секојдневието и ти овозможува банката да ја имаш секогаш со себе, директно преку мобилен телефон.
НЛБ е првата банка на пазарот чија дигитална платформа за физички лица овозможува банкарство „од почеток до крај“ и во која сите банкарски услуги се достапни преку мобилниот телефон.
Оваа сабота во нашата експозитура во East Gate Mall, во рамките на проектот за финансиски консалтинг и средби со клиентите, разговаравме токму за предностите на мобилното банкарство и за тоа како дигиталните услуги овозможуваат побрзо, поедноставно и пофлексибилно банкарско искуство.

За клиентите кои нè посетија, ја активираа мобилната апликација мКлик и NLB Pay дигиталниот паричник и направија чекор кон својата дигитална независност веќе нема дилема што значи да се биде дигитализиран и „mobile first“ во светот на финансиите.
Тие, едноставно, сега можат сè преку својот мобилен телефон. Можат да отворат банкарска сметка, по активирање на мобилното банкарство, веднаш да ја добијат својата платежна картичка во дигитална форма, да ја додадат во дигитален паричник и да ја користат за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.



Преку својот мобилен телефон, можат да отворат и депозит, да активираат дозволено пречекорување, да аплицираат за добивање на картичка или да зголемат лимит на истата, да аплицираат за кредит. Практично, да управуваат со сите свои финансии, со исклучителна удобност и флексибилност. И сето тоа, без чекање, без непотребна посета на експозитура.


Сè уште се двоумиш дали да се дигитализираш? Следи нè за идни настани, посети ја експозитурата на НЛБ Банка во East Gate Mall или јави се во нашиот контакт центар на 02/15600, со задоволство ќе одговориме на сите твои прашања и ќе те водиме низ процесот на премин кон дигитално банкарство со леснотија.
ПР објава
Банки
ЕЦБ ги редизајнира евробанкнотите и ги повикува граѓаните да го изберат изгледот
Европската централна банка ги повикува граѓаните да учествуваат во изборот на новиот изглед на евробанкнотите, преку анкета во која се претставени десет можни дизајни.
Учесниците во анкетата можат да ги разгледаат различните предлози за новите банкноти и за секој од нив да одговорат на по две прашања. Од ЕЦБ наведуваат дека целата постапка трае помалку од десет минути.
Различните апоени во рамки на еден дизајн може да се разгледуваат со стрелките на екранот или со повлекување на сликата. На крајот од анкетата се поставуваат и неколку општи демографски прашања, со цел одговорите подобро да се анализираат во контекст на мислењата на останатите учесници.
Учеството е доброволно и анонимно, а ЕЦБ посочува дека информациите за обработката на податоците и користењето колачиња се достапни во соодветните политики за приватност.
Со оваа анкета, граѓаните добиваат можност директно да го кажат своето мислење за тоа како би требало да изгледа следната генерација евробанкноти.
Банки
Халкбанк со 5% бонус поени за плаќање во Beauty Academy
Халкбанк АД Скопје информира дека корисниците на кредитните картички на банката можат да добијат дополнителен бенефит при плаќање во Beauty Academy.
Со секое плаќање со кредитна картичка на Халкбанк во Beauty Academy, клиентите добиваат 5% бонус поени.
Од банката порачуваат дека понудата е наменета за корисниците кои сакаат своите редовни купувања и услуги од областа на убавината да ги искористат и за дополнителни поволности преку програмата за бонус поени.

Понудата е дел од бенефитите што Халкбанк ги обезбедува за корисниците на своите кредитни картички.
Банки
Вкупната актива на банките во ЕУ порасна на 34,33 трилиони евра
Вкупната актива на кредитните институции со седиште во Европската Унија достигна 34,33 трилиони евра на крајот на март 2026 година, што претставува раст од 3,63 отсто во однос на 33,13 трилиони евра во март минатата година, покажуваат најновите консолидирани банкарски податоци објавени од Европската централна банка (ЕЦБ).
Во истиот период, уделот на нефункционални кредити во банките во ЕУ се зголемил за 0,02 процентни поени на годишно ниво и во март изнесувал 1,98 отсто.
Според ЕЦБ, агрегатниот принос на капиталот на кредитните институции во ЕУ изнесувал 2,44 отсто, додека стапката на основен сопствен капитал од највисок квалитет, односно CET1, била 16,27 отсто.
Објавените квартални податоци опфаќаат 335 банкарски групации и 2.284 самостојни кредитни институции, како и подружници и филијали под контрола на субјекти надвор од ЕУ кои работат на европскиот пазар. Според ЕЦБ, податоците покриваат речиси 100 отсто од билансот на банкарскиот сектор во Европската Унија.
Базата содржи показатели за профитабилноста и ефикасноста на банките, структурата на билансите, ликвидноста и финансирањето, квалитетот на активата, капиталната адекватност и солвентноста.
ЕЦБ посочува дека повеќето институции ги применуваат Меѓународните стандарди за финансиско известување и техничките стандарди на Европската банкарска управа, иако дел од малите и средните институции користат национални сметководствени стандарди.
Поради недостапност на податоците за Данска за првиот квартал од 2026 година, при пресметката на агрегатните податоци за ЕУ биле користени податоците од четвртиот квартал од 2025 година, а кај одредени показатели и податоци од првиот квартал од 2025 година.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово



