Connect with us

Банки

Народната банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

Објавено

на

По повод 34 години од монетарното осамостојување, Народната банка го истакнува значењето на независниот монетарен систем како еден од носечките столбови на економската стабилност и развојот на државата.

На 26 април 1992 година беше воведена националната валута – денарот, со што беа поставени темелите на монетарната независност на државата. Во изминатите три и пол децении, монетарната политика се соочи со бројни предизвици, вклучувајќи хиперинфлација во раните деведесетти години, макроекономска нестабилност, ниско ниво на девизни резерви и структурни слабости на економијата. Со внимателно осмислени политики и одлучни мерки, Народната банка изгради стабилен и отпорен монетарен систем.

Важен чекор во зацврстувањето на стабилноста беше воведувањето на стратегијата на стабилен девизен курс во 1995 година, а од 2002 година – врзувањето на денарот за еврото. Оваа стратегија и натаму е главното сидро на стабилноста и довербата во домашната валута и економијата во целина.

Стабилноста на денарот беше успешно зачувана и во услови на светски кризи, вклучително и пандемијата на ковид-19, енергетската криза и геополитичките тензии. Преку соодветни инструменти и политики, Народната банка обезбеди стабилно ниво на девизните резерви и придонесе за одржување стабилен и отпорен банкарски систем, којшто постојано обезбедува поддршка за економијата.

Овој значаен јубилеј се одбележува во годината кога Народната банка слави и 80 години централнобанкарско работење во земјава. Двојниот јубилеј претставува потврда за континуитетот, институционалната зрелост и посветеноста кон стабилноста и развојот на финансискиот систем.

Во изминатите триесет и четири години, институцијата постојано ги зајакнува своите капацитети и инвестира во човечкиот потенцијал, којшто е препознаен и на меѓународно ниво. Денес, Народната банка е модерна, независна и кредибилна институција, којашто е подготвена да се справи со новите предизвици.

Во фокусот и натаму е одржувањето на ценовната стабилност и на финансиската стабилност, поддршката на евроинтегративниот процес и осовременувањето и дигитализацијата на финансиите, како приоритети што ќе придонесат за натамошно јакнење на економијата и подобрување на животниот стандард.

Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на својата основна мисија – стабилен денар и сигурен финансиски систем, како предуслов за одржлив економски развој.

Банки

Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија

Објавено

на

АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.

Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.

АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.

Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.

Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста

Објавено

на

Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.

Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.

Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange