Connect with us

Банки

Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото

Објавено

на

„Во услови на светски економски предизвици, зголемувањето на учеството на жените на пазарот на труд носи значителни економски и општествени придобивки. Намалувањето на родовите разлики придонесува за поголема иновативност, поефикасно искористување на човечкиот капитал и за намалување на јазот во приходите. Сепак, жените и натаму се соочуваат со предизвици, како што се пониска застапеност на раководните позиции и ограничен пристап до финансиски услуги“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во своето обраќање на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, во организација на агенцијата „Марили“.

Таа посочи дека, во услови на забрзана технолошка трансформација и развој на вештачката интелигенција, неопходни се соодветни политики за заштита и унапредување на родовата еднаквост на пазарот на труд. Според некои процени, околу 75% од работните места на жените се во занимања со висока изложеност на вештачка интелигенција, што укажува на потребата од навремено приспособување и дополнителна поддршка.

„Светскиот извештај за родовиот јаз за 2025 година покажува дека има натамошен напредок кон родова еднаквост, но тој е бавен и со нерамномерно темпо. На светско ниво, родовиот јаз е затворен за околу две третини, а за постигнување целосна еднаквост, со сегашната динамика, ќе бидат потребни уште 123 години. Нашата земја е рангирана на 90-тото место од вкупно 148 земји, додека во делот на економското учество и можности, се наоѓа на 119-тото место. Јазот во платите изнесува околу 12%, а разликата во учеството на пазарот на труд е околу 18 процентни поени во корист на мажите. Во однос на финансиската вклученост, податоците од „Финдекс“ (2024) покажуваат дека 77% од жените и 92% од мажите имаат сметка. Овие разлики упатуваат на родов јаз во финансиската вклученост од околу 10 процентни поени“, посочи Митреска.

Таа нагласи дека Народната банка активно работи на унапредување на финансиската едукација и вклученост, како и на поддршка на женското претприемаштво преку Кодексот за финансирање жени претприемачи.

„Иако учеството на фирмите што се во сопственост на жени во вкупните кредити сè уште е ниско, тие покажуваат висока финансиска дисциплина, со нефункционални кредити од 1,54%, во споредба со 2,76% кај фирмите што се во сопственост на мажи. Во наредниот период, активностите ќе бидат насочени кон проширување на коалицијата, подобрување на податоците и осмислување системски решенија за зголемена финансиска поддршка на жените претприемачи“, истакна Митреска.

На крајот, таа им упати честитки на наградените жени менаџерки, посочувајќи дека нивниот успех претставува инспирација за идните генерации и значаен придонес за развојот на современата економија.

Банки

Mastercard Platinum на Стопанска банка со промотивна каматна стапка од 4,9% и бројни премиум поволности

Објавено

на

Стопанска банка ја промовира Mastercard Platinum кредитната картичка, наменета за корисници кои бараат поголема флексибилност при плаќањето, но и дополнителни привилегии при патување и секојдневно користење.

За сите апликации примени до 30 септември 2026 година важи промотивна каматна стапка од 4,9% до крајот на годината. Картичката е меѓународна и бесконтактна, поврзана со денарска сметка, а максималниот кредитен лимит може да достигне до 600.000 денари, во зависност од примањата и исполнувањето на кредитните критериуми на банката.

Една од позначајните поволности е бесплатниот пристап до повеќе од 1.800 аеродромски деловни зони преку LoungeKey, со шест бесплатни посети годишно. На корисниците им е достапна и Mastercard Travel Rewards програмата, преку која може да се добие cashback при купување кај избрани меѓународни брендови.

Mastercard Platinum овозможува и плаќање до 36 рати без камата кај опфатените продажни места, како и подигнување готовина без провизија во рамки на промотивниот „КЕШ викенд“ секој последен викенд во месецот.

Месечната отплата изнесува 3% од вкупниот долг, а при целосно подмирување на обврските за трансакциите направени во трговската мрежа е предвиден бескаматен грејс период до 50 дена.

Дополнителна придобивка е бесплатното патничко осигурување со покритие од 20 дена и важност од 365 дена. Картичката може да се додаде и во Google Wallet и Apple Wallet, додека преку електронското и мобилното банкарство на Стопанска банка корисниците можат да ги управуваат трансакциските лимити и да ја блокираат или деблокираат картичката.

Аплицирањето е достапно преку филијалите на Стопанска банка и преку контакт-центарот 15-110, а картичката може да се користи во земјата и во странство.

Mastercard Platinum е изработена од 100% рециклиран PVC и има тактилен аголен засек, дизајниран да им помогне на корисниците полесно да ја препознаат и разликуваат картичката.

Продолжи со читање

Банки

NLB Lease&Go со решение за обновување на возниот парк без големи почетни инвестиции

Објавено

на

NLB Lease&Go нуди можност компаниите да го обноват својот возен парк со решение прилагодено на потребите на современото деловно работење.

Понудата е наменета за бизниси кои сакаат да инвестираат во помодерни возила, да ја подобрат ефикасноста и полесно да го планираат финансирањето, без потреба од големи почетни вложувања.

Од NLB Lease&Go посочуваат дека обновувањето на возниот парк може да биде важен чекор за компаниите кои растат и имаат потреба од пофлексибилно и ефикасно решение за мобилност.

Со моделот на финансирање што го нуди NLB Lease&Go, бизнисите добиваат можност возилата да го следат темпото на нивниот развој, со фокус на модернизација, подобра ефикасност и попрактично управување со трошоците.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ги поддржа идните студенти на настанот „Запознај ја Студентска Словенија 2026“

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје вчера беше покровител и генерален спонзор на настанот „Запознај ја Студентска Словенија 2026“, организиран во соработка со Македонската студентска организација во Словенија.

Настанот се одржа во експозитурата на НЛБ Банка во East Gate Mall и на едно место ги собра идните студенти, нивните родители и младите кои веќе студираат во Словенија.

Идните студенти имаа можност од прва рака да слушнат повеќе за студирањето и студентскиот живот во Словенија, како и да добијат одговори на прашањата поврзани со еден од нивните следни големи животни чекори.

Во рамки на настанот, НЛБ Банка го претстави и пакетот NLB NEXT, наменет за млади од 18 до 25 години. Беа презентирани и услугите Visa Direct, за едноставно испраќање средства, како и SEPA плаќањата, наменети за побрзи и поедноставни плаќања во евра.

Од НЛБ Банка порачаа дека поддршката на младите не завршува со еден настан, туку целта е да бидат нивен партнер и во следните чекори од образованието и животот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange