Банки
НЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства.
Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, клиентите кои ќе депонираат средства преку мобилната апликација на Банката, НЛБ мКлик, добиваат повисоки каматни стапки, што го прави он-лајн депозитот не само попрофитабилен, туку и најсоодветниот начин за управување со заштедите – во секое време и од кое било место, брзо и безбедно.
Финансиската стабилност отсекогаш била една од најзначајните животни вредности, а изборот каде ќе се чуваат заштедите, една од најважните одлуки на секој поединец. Па така, ако сè уште размислувате дали и каде да ги орочите вашите пари, сега е вистинско време да ја искористите промотивната понуда на НЛБ Банка за депозити орочени во периодот од 15 април до 15 мај, годинава.
НЛБ Банка нуди он-лајн депозити преку мобилната апликација НЛБ мКлик, и депозити преку експозитурите на Банката, со фиксни каматни стапки за целото времетраење на депозитот.
Онлајн депозитот овозможува повисоки каматни стапки, 3% за штедење во денари и 2,30% за штедење во евра, а исплатата на приносот е на месечно ниво, обезбедувајќи редовен прилив и финансиска флексибилност за клиентите.
Промотивната каматнa стапкa за депозит преку експозитурите на Банката изнесува 2,80% за штедење во денари и 2,20% за штедење во евра, со можност за исплата со рочност, но и на месечно ниво.
Новата понуда на Банката е сигурност која доаѓа во вистинско време, идеално решение за финансиска стабилност и исплатливост на долг рок.
Нудејќи атрактивни промоции, но и широка палета на штедни и инвестициски решенија за управување со личните финансии, НЛБ Банка ја потврдува својата улога на доверлив партнер на граѓаните за управување со нивните финансии.
Повеќе информации за промоцијата, но и останатите штедни и инвестициски продукти се достапни на веб-страница на НЛБ Банка www.nlb.mk, во Контакт центарот на 02/15 600 и во сите експозитури на Банката.
Банки
Комерцијална банка со наградна игра за средба со Ламин Јамал и натпревар на Барселона
Комерцијална банка организира наградна игра за корисниците на Visa картички, во која главната награда е средба со фудбалската ѕвезда Ламин Јамал и можност за следење натпревар на Барселона во живо на „Камп Ноу“.
Во наградната игра учествуваат плаќањата направени до 31 октомври 2026 година со Visa Debit, Visa Classic Revolving, Visa Classic Standard, Visa Signature и Visa Gold картичките на Комерцијална банка.
Со секоја трансакција корисниците добиваат кодови за учество, додека плаќањата преку Google Pay, Apple Pay или Garmin Pay носат по два кода.
Главната награда вклучува средба со Ламин Јамал за добитникот и негов придружник, како и фудбалско искуство поврзано со Барселона.

Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 ноември 2026 година.
Банки
АЛТА банка АД Битола бронзен партнер на MicroBalkans 2026
АЛТА банка АД Битола е најавена како бронзен партнер на регионалниот настан MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined, кој ќе се одржи на 24 и 25 септември во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.
Банката нуди широк спектар финансиски услуги за физички и правни лица, меѓу кои кредитирање, штедење, платежни картички, трансакциски сметки и дигитално банкарство.
АЛТА банка АД Битола, поранешна Стопанска банка Битола, во 2025 година стана дел од српската ALTA Group, а во декември истата година го презеде новото име.
Со долгогодишно присуство на финансискиот пазар во Северна Македонија, банката со учеството на MicroBalkans 2026 се вклучува во регионалниот дијалог за развојот на нови модели и современи решенија во финансиските услуги.
Настанот MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined е во организација на Групацијата на небанкарски финансиски институции во Северна Македонија и ќе обедини претставници од финансискиот сектор со фокус на трендовите, иновациите и идниот развој на кредитирањето и финансиските услуги во регионот.
Банки
Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.
Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.
Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.
Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати јулската пензија
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита





