Банки
Работилница на Народната банка за државата и државните органи: Практични аспекти при вршењето плаќања преку СЕПА
Народната банка организира работилница за државните институции за практичните аспекти при вршење плаќања во евра во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Целта на работилницата е запознавање на државните институции на кои Народната банка им дава платежни услуги со конкретните придобивки од членството на земјата во СЕПА, како и со новите услови и начинот на извршување на прекуграничните плаќања во евра. Ова е прва ваква работилница наменета за државата и државните органи, на која присуствуваа вработени од околу 60 институции кои се вклучени директно во извршувањето одливни и приливни плаќања со странство.

Работилницата е дел од активностите на Народната банка за појаснување на можностите за подобро искористување на придобивките по оперативното приклучување на Народната банка кон СЕПА, во компаративен контекст со извршувањето на плаќањата преку кореспондентното банкарство. Во текот на дискусијата се истакна дека СЕПА овозможува побрзи, поевтини и потранспарентни плаќања во евра, со предвидливи трошоци и поедноставени процедури. Имено, со плаќањата преку СЕПА, државните институции имаат значително пониски надоместоци за одливните плаќања и намалени надоместоци за приливите во споредба со кореспондентното банкарство. Ова носи значителна заштеда за државните институции коишто редовно вршат плаќање во четириесетте земји од СЕПА, особено кај плаќањата на поголеми износи.
Народната банка и понатаму ќе биде посветена на унапредување на платежните услуги коишто ги дава за државните институции.
Банки
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 25 мај
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка“, велат од Комерцијална банка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.
Банки
Комерцијална банка и Visa со наградна игра: Патување во Disneyland Paris за четири лица
Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa Inc. организира наградна игра преку која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland® Paris за четири лица.
Од Банката информираат дека наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Во овој период, секое плаќање со Visa картичка носи дополнителна шанса за освојување на главната награда.
„Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за награда“, велат од Комерцијална банка.
Извлекувањето на добитникот е закажано за 3 јуни 2026 година.
Повеќе информации и правилата за наградната игра се достапни на: Комерцијална банка
Банки
Стопанска банка АД – Скопје доби LEED Gold сертификат за одржлива градба
Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво.
Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити.
Од компанијата посочуваат дека станува збор за значаен успех не само за тимот што работел на проектот, туку и за развојот на одржливата и енергетски ефикасна градба во регионот.
LEED сертификатот претставува меѓународно признат стандард за зелени и еколошки одржливи објекти, кој ги оценува енергетската ефикасност, одржливоста и влијанието врз животната средина.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија
-
Интервјуапред 2 месециОд плата до капитал: Како најдобро да ги оплодите вашите средства | Владимир Деспотовски | WVP фондови
-
Продуктипред 4 неделиУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април


