Connect with us

Банки

Каматите на депозитите стабилни, кредитите со благ годишен пад во февруари

Објавено

на

Каматните стапки во банкарскиот сектор во февруари покажуваат стабилност кај депозитите и умерено намалување кај кредитите, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити остана на ниво од 4,73%, непроменета во однос на јануари, но на годишно ниво бележи намалување од 0,45 процентни поени. Кај депозитите, пак, просечната каматна стапка изнесува 2,19%, со минимално месечно намалување и без промена споредено со истиот период лани.

Во сегментот на новоодобрените кредити е забележан раст, каматната стапка достигна 4,69%, што е зголемување и на месечно и на годишно ниво. Сличен тренд има и кај новопримените депозити, каде каматата порасна на 2,41% на месечно ниво.

Кај корпоративниот сектор, каматните стапки на вкупните кредити останаа стабилни на 4,35%, но се пониски за 0,47 процентни поени на годишно ниво. Новите корпоративни кредити бележат месечен раст на каматите, кои достигнаа 4,62%, пред сè поради поскапувањето на денарските кредити без девизна клаузула и кредитите во странска валута.

Од друга страна, каматите на вкупните депозити на компаниите се зголемија на 2,73% на месечно ниво, додека новите депозити во овој сектор достигнаа 2,49%, со значителен месечен раст.

Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити благо се намали на 5,1%, а на годишно ниво падот изнесува 0,43 процентни поени. Новоодобрените кредити за домаќинствата, пак, бележат умерен раст и достигнаа 4,76%.

Каматите на депозитите на населението остануваат релативно стабилни, вкупните депозити се на ниво од 2,12%, додека новопримените депозити достигнаа 2,38%, со минимални месечни поместувања.

Податоците укажуваат на стабилизирање на каматната политика во банкарскиот сектор, со умерени корекции кај поединечни категории кредити и депозити.

Банки

АЛТА Банка предвремено изврши исплата на мартовските пензии

Објавено

на

АЛТА банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец март 2026 година.

Како што соопштуваат од банката, средствата се веќе префрлени и достапни на трансакциските сметки на корисниците, согласно вообичаената банкарска процедура.

Пензионерите можат да располагаат со средствата преку банкомати, електронско банкарство или на шалтерите на банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк известува: Пензиите за март се достапни на пензионерите

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја известува јавноста дека пензиите за март 2026 година се веќе достапни за подигање.

Пензионерите можат да ги примат средствата на своите трансакциски сметки во сите филијали на Банката, преку банкомати, како и електронско и мобилно банкарство.

За корисниците кои дале согласност, подигањето на пензиите е можно и преку поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите почитувани пензионери дека пензиите за месец март 2026 година се исплатени и средствата се веќе достапни за подигање и може да се користат уште веднаш.

НЛБ Банка ги потсетува клиентите дека имаат можност средствата да ги подигнат преку користење на мрежата на банкомати, да плаќаат безготовински во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Пензионерите кои немаат или не користат дебитна картичка, пензијата од денес 31.03.2026 година можат да ја подигнат во експозитурите на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange