Connect with us

Банки

Алта банка го засилува менаџментот и го забрзува развојот на пазарот

Објавено

на

Со јасна стратегија и амбициозна визија за раст, Алта банка АД Битола сè поцврсто се позиционира како значаен и стабилен играч на македонскиот банкарски пазар.

Клучен пресврт во развојот на Банката претставуваше 16 октомври 2025 година, кога Стопанска банка АД Битола стана дел од Алта групацијата. Со оваа трансформација, Банката влезе во рамки на модерна и динамична финансиска група со седиште во Белград, позната по својата експертиза во платниот промет и дигиталните финансиски решенија. 

Ова партнерство донесе нова енергија, знаење и технолошки капацитети, кои веќе имаат директно влијание врз унапредувањето на услугите и модернизацијата на банкарското работење на домашниот пазар.

Фокус на силно управување и кадар

Како дел од својата стратегија за раст, Банката направи значајни чекори во зајакнување на управувачката структура. Формиран е Надзорен одбор составен од искусни и реномирани професионалци од регионот, што претставува јасен сигнал за сериозен и долгорочен пристап кон развојот.

Со одлука на акционерите и по добиена согласност од регулаторот, за членови на Надзорниот одбор се именувани докажани експерти од банкарскиот и академскиот сектор, со мандат од четири години. 

Надзорниот одбор на Банката е составен од искусни професионалци од банкарскиот и академскиот сектор, именувани со четиригодишен мандат по одлука на Собранието на акционери и со согласност од Народната банка. Во неговиот состав се Давор Мацура, сопственик на ALTA Group Белград, како и Уна Сикимиќ и Татјана Куљак од Алта банка Белград, заедно со независните членови – универзитетските професори Вељко Мијушковиќ и Горан Коевски. Ваквата структура комбинира регионално банкарско искуство со академска експертиза и обезбедува силна основа за квалитетно корпоративно управување.

Управниот одбор го предводи Александра Радевска, која и во изминатите години покажа стабилно и успешно лидерство во развојот на Банката. Дополнително зајакнување на раководниот тим доаѓа со именувањето на Зарије Коралија за член на Упавниот одбор, професионалец со повеќе од 20 години искуство во банкарството. Со неговото знаење во управување со тимови, продажни стратегии и финансиска анализа, Управниот одбор добива дополнителен капацитет за носење одлуки и справување со современите пазарни и регулаторни предизвици.

Овој потег не е само формална промена, туку дел од поширока трансформација насочена кон подобро корпоративно управување, поголема транспарентност и зајакната доверба кај клиентите и партнерите.

Банка што инвестира во луѓето

Паралелно со структурните промени, Алта банка активно инвестира и во развојот на својот тим. Новите иницијативи се фокусирани на унапредување на лидерските вештини, организациската култура и поддршка на трансформациските процеси во Банката. 

Овој пристап покажува дека Банката не се потпира само на капитал и технологија, туку гради одржлив раст преку вложување во човечкиот потенцијал.

Јасна насока: раст и модернизација

Со комбинирање на регионално искуство, силен менаџмент и инвестиции во кадар, Алта банка испраќа јасна порака – амбицијата е да се изгради современа, сигурна и конкурентна банка, подготвена да одговори на предизвиците на модерниот финансиски пазар.

Банки

Комерцијална банка повторно златен спонзор на Скопскиот маратон

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје и годинава е златен спонзор на Скопскиот маратон, еден од најголемите спортски настани во главниот град.

Банката најави посебна КБ зона, каде учесниците и посетителите ќе можат да уживаат во дополнителни содржини, добра атмосфера и изненадувања и по завршувањето на трките.

Посебно внимание е насочено кон трката „Комерцијална банка 5 км“, за која се предвидени награди за најуспешните натпреварувачи. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат награди во форма на подарок-картички.

Од Комерцијална банка ги повикаа учесниците и навивачите да ја посетат КБ зоната и да бидат дел од атмосферата на Скопскиот маратон.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА банка денеска ги исплати пензиите

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола ги информира своите клиенти пензионери дека исплатата на пензиите ќе е извршена денеска, 29 септември 2026 година.

Средствата ќе бидат префрлени на трансакциските сметки на корисниците и ќе бидат достапни за користење преку банкоматите и експозитурите на Банката.

Со тоа, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку АЛТА банка ќе можат да располагаат со средствата во текот на денешниот ден.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка: Времето може да има значајна улога во долгорочното инвестирање

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје, во соработка со НЛБ Фондови АД Скопје, го истакнува значењето на долгорочното и редовното вложување како еден од пристапите за постепено градење на вредноста на инвестициите.

„Износот е ист. Времето прави разлика“, порачуваат од Банката, посочувајќи дека редовните месечни вложувања во подолг временски период можат да имаат значајна улога во акумулирањето на инвестициската вредност.

Од НЛБ упатуваат заинтересираните граѓани да се информираат за можностите за долгорочно вложување преку НЛБ Фондови АД Скопје, при што нагласуваат дека инвестирањето треба да се разгледува во согласност со личните финансиски цели, временскиот хоризонт и подготвеноста за преземање ризик.

Во рамки на актуелната понуда, инвеститорите можат да вложуваат без влезни провизии до 25 декември 2026 година.

Од НЛБ, сепак, нагласуваат дека сите презентирани пресметки се од информативен карактер. Приносите од инвестициските фондови не се гарантирани, а остварените резултати во минатото не претставуваат сигурен показател за идните приноси.

Редовното инвестирање на помали износи е пристап што им овозможува на инвеститорите постепено да градат инвестициско портфолио, без потреба од голема почетна сума. Во подолг период, должината на инвестирањето може да биде важен фактор за конечниот резултат, но вредноста на инвестицијата истовремено зависи и од движењата на финансиските пазари и од избраниот инвестициски фонд.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange