Connect with us
no baners

Кариера

Народна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор

Објавено

на

no baners

Народната банка објави оглас за вработување на аналитичари, нудејќи плата која за една од позициите надминува 80 илјади денари месечно. Станува збор за ангажман на две работни места на определено време од две години, со можност за продолжување на договорот.

Огласот опфаќа позиции за „самостоен советник аналитичар“ и „помлад аналитичар почетен II степен“. Повисоко платеното работно место е во Отсекот за планирање и контрола во рамки на Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола, каде основната нето-плата изнесува 83.306 денари. За време на пробниот период, кој трае еден месец, платата е пониска.

За оваа позиција се бара високо образование од областа на економските науки со најмалку 240 ЕКТС кредити, како и минимум четири години работно искуство. Кандидатите треба да поседуваат знаења од управувачко сметководство, финансиско планирање, МСФИ, напредно користење на Excel и добро познавање на англиски јазик.

Втората позиција, помлад аналитичар во секторот за платни системи, носи основна нето-плата од 49.826 денари, со намален износ во пробниот период. За ова работно место се бара високо образование од повеќе области, меѓу кои економски, правни, информатички и технички науки, како и најмалку една година работно искуство.

Кандидатите ќе поминат тестирање во процесот на селекција, при што ќе се оценуваат нивните знаења од соодветните области, вклучително и познавање на платните системи, англискиот јазик и работа со компјутери.

Работното време е флексибилно, со почеток меѓу 8 и 9 часот и завршување меѓу 16 и 17 часот. Договорите ќе бидат склучени на определено време со пробна работа, а изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45 дена по завршување на огласот.

Пријавувањето трае седум работни дена од објавувањето, а кандидатите треба да достават комплетна документација, вклучувајќи биографија, дипломи и релевантни потврди. Ненавремените и некомплетните апликации нема да бидат разгледувани.

no baners
no baners

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.

Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.

Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Кариера

Стопанска банка бара агент за грижа на корисници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.

Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.

Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.

Продолжи со читање

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.

Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.

Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange