Connect with us

Анализи

 Нафтата паузира по силниот раст: пазарот се „лади“, но трендот останува нагорен

Објавено

на

Цената на суровата нафта забележа благ пад во текот на последното интрадневно тргување, што претставува корективно движење по претходните добивки. Со ова повлекување, цената се обидува да ослободи дел од акумулираниот профит и да создаде нов позитивен моментум што би можел да ѝ овозможи повторно да го продолжи растечкиот тренд.

Овој пад доаѓа во услови кога цената се обидува да го намали изразениот сигнал на прекупеност што го покажуваат индикаторите за релативна сила (RSI), особено по појавата на негативен пресек на индикаторот. И покрај ова привремено намалување, главниот краткорочен тренд останува нагорен.

Цената и натаму се движи долж поддржувачка тренд линија која го засилува позитивниот технички сигнал и го одржува очекувањето за продолжување на растот во следниот период.

Во меѓувреме, цената на среброто забележа мало зголемување во текот на последното интрадневно тргување, потпомогнато од краткорочна корективна растечка тренд линија која обезбеди привремена техничка поддршка.

Сепак, среброто и натаму се соочува со негативен притисок бидејќи се тргува под експоненцијалниот подвижен просек EMA50, кој делува како динамичен отпор и ги ограничува шансите за позначително закрепнување.

Дополнителен притисок доаѓа и од негативните сигнали на индикаторите за релативна сила, кои се појавија откако цената го ублажи претходниот сигнал на препродаденост. Ова ја зголемува веројатноста за продолжување на надолниот притисок врз цената на среброто во блиска иднина.

Анализи

Цената на нафтата падна по паузата во судирите меѓу САД и Иран

Објавено

на

Цената на суровата нафта продолжи да се намалува, откако САД и Иран привремено ги запреа нападите и се отвори простор за продолжување на дипломатските разговори.

Нафтата во понеделникот поевтини за повеќе од седум проценти, бидејќи инвеститорите позитивно реагираа на намалувањето на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран. Американската војска во петокот ги запре нападите врз Иран по речиси две недели воени операции, додека Техеран во последните денови се воздржуваше од напади врз цели во регионот.

Падот на цената продолжи и во последното тргување, при што суровата нафта се приближи до пробивање на нивото на поддршка од 81 долар за барел.

Според техничката анализа, цената и натаму се движи под 50-дневниот експоненцијален подвижен просек, што го засилува продажниот притисок и ги намалува шансите за целосно закрепнување. На краток рок и понатаму доминира силен надолен тренд.

Сепак, техничките индикатори покажуваат знаци дека нафтата достигнала ниво на прекумерна продаденост. Тоа би можело да го забави темпото на падот или да предизвика ограничено привремено закрепнување на цената.

Извор: CNBC/Economies

Продолжи со читање

Анализи

Златото се повлече, но останува можноста за продолжување на растот

Објавено

на

Цената на златото забележа пад во последното тргување, откако наиде на силен отпор околу нивото од 4.100 долари.

Повлекувањето се оценува како корективно движење, кое помогна да се намали прекумерната купеност забележана кај техничките индикатори. Цената потоа најде поддршка кај 50-дневниот експоненцијален подвижен просек, што придонесе за ограничување на продажниот притисок.

Техничката слика и натаму останува наклонета кон раст. Краткорочниот позитивен тренд сè уште е активен, додека цената се движи долж линија на поддршка.

Ова ги зголемува шансите златото повторно да добие позитивен моментум и во наредниот период повторно да се обиде да го пробие нивото на отпор од 4.100 долари, под услов да се задржи над актуелните нивоа на поддршка.

Продолжи со читање

Анализи

Како и зошто колабира пензискиот систем во Македонија?

Објавено

на

Прво добрата вест: македонскиот пензиски систем веројатно нема да ги остави идните пензионери сосема без пензии. Лошата вест е дека постои реална опасност тие пензии да бидат значително пониски од она што денес им се ветува.

Проблемите не се случиле преку ноќ туку се наталожувале со години, слој по слој. ПИОМ постојано работи со значителна буџетска поддршка. Приносите на приватните фондови остануваат релативно скромни. Голем дел од средствата завршуваат во државни обврзници наместо во поконкурентни инвестиции. А врвот на ледениот брег – во јавноста излезе и практиката на задоцнети трансфери на придонесите кон приватните фондови, нешто што директно ги чепка идните пензии на секој осигуреник.

Прашањето сега не е дали нешто треба да се промени, туку што и каде.

Ако Македонија погледне кон искуствата на другите, се отвораат неколку опции:

• Хрватски модел – избор меѓу комбинирана пензија (од првиот и вториот столб) или целосно враќање во првиот столб.

• Пример на Литванија и Естонија – постепено претворање на вториот столб во доброволен систем.

Преиспитување на самата формула на поделба: денес од 18,8% придонес за пензиско осигурување, 12,8% оди во ПИОМ, а 6% се пренасочува кон индивидуалната сметка во приватните фондови, од кои најголем дел, повторно, завршува во државни обврзници. Прашањето е директно: Дали таквиот круг воопшто ја исполнува целта за повисоки и посигурни пензии?

Ако постои еден податок што сликовито го покажува притисокот врз системот, тоа е соодносот меѓу оние што плаќаат и оние што примаат. Според ревизорските наоди за 2024 година, крајот на таа година затекнал 556.294 осигуреници наспроти 343.048 пензионери – или само 1,63 осигуреници на еден пензионер. Годинава претходно, тој сооднос бил 1:1,70. Насоката е јасна, и не е добра.Финансиски, сликата е уште построга:

• Приходи од придонеси за ПИО: 71,4 милијарди денари

• Расходи за пензии: 90,2 милијарди денари

Разликата, како и секоја година досега, се затвора со пари од државниот буџет. Со други зборови првиот, државен пензиски столб веќе сам не може да ги финансира пензиите. Кон таа сметка се додава и линеарното зголемување на пензиите: од септември 2024 до март 2026 година, зголемувањето достигнало вкупно 7.000 денари месечно. Добро за пензионерите денес, но сериозен дополнителен товар за буџетот утре.

Вториот пензиски столб влезе во сила во 2006 година, како дел од реформа поддржана од Светската банка. Целта звучеше разумно: да се диверзифицира ризикот, да се олесни притисокот врз ПИОМ и да се изгради лична пензиска заштеда преку капитално финансирање така што идната пензија да не зависи само од тоа колку луѓе ќе работат, туку и од тоа колку пари се веќе акумулирани на индивидуалната сметка.

Проблемот не е во таа идеја. Проблемот е во нејзиното спроведување. Ова е можеби најнепријатниот дел од приказната. ПИОМ по закон има обврска да ги префрли придонесите на индивидуалните сметки во вториот столб во рок од пет работни дена. Во пракса, тоа не се случувало редовно. Според ревизорските наоди, долгот на ПИОМ кон вториот пензиски столб достигнал околу 42 милиони евра.

Тука бројката е само врвот, а вистинската штета е скриена подлабоко. Секој ден задоцнување значи дека тие пари не се на личната сметка на осигуреникот, не се инвестираат и не носат принос. За идниот пензионер, тоа не е само задоцнет придонес туку изгубена капитализација што требало да расте со години. И оваа приказна веќе си имаше премиера. Во 2019 година излезе на виделина дека придонесите на околу 12.000 осигуреници воопшто не биле пренасочувани кон вториот столб цела една деценија, од 2006/2007 па сè до 2018 година – туку останале во ПИОМ. Државата тогаш тивко префрлила околу 19 милиони евра.

Сето ова покажува нешто подлабоко од технички пропуст. ПИОМ, МАПАС, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии и другите вклучени институции досега не изградиле доволно цврст механизам кој гарантира едно едноставно нешто: дека секој денар што му припаѓа на осигуреникот ќе биде префрлен навреме и точно.

А без таа гаранција, секоја дискусија за реформа на вториот столб останува нецелосна.

(Продолжува)

Автор: Филип Чижбановски.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е строго забрането без претходно писмено одобрение и е предмет на условите наведени на следниот линк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange