Connect with us
no baners

Осигурување

ActiveCare – Нов пакет за приватно здравствено осигурување од Евроинс

Објавено

на

Евроинс Осигурување креирше нов пакет за приватно здравствено осигурување, наречен ActiveCare, кој според компанијата има за цел да понуди поголема предвидливост и транспарентност на пазарот, во период кога интересот за приватно здравствено осигурување континуирано расте.

Од компанијата велат дека ActiveCare е дизајниран како одговор на реалните потреби на осигурениците, со акцент на специјалистичко-консултативните прегледи и амбулантското лекување, сегмент кој најчесто се користи од клиентите. Пакетот нуди највисок годишен лимит за оваа категорија, без франшиза, како и покритие за болничко лекување со директна исплата кон најпознатите здравствените установи како Систина, Жан Митрев, Ремедика и други.

Пазарот денес е во фаза кога клиентите не бараат само полиса, туку решение кое ќе функционира тогаш кога им е најпотребно. Со ActiveCare направивме внимателен баланс помеѓу одржливоста на продуктот и реалните очекувања на корисниците. Наместо комплексни процедури и административни ограничувања, се фокусиравме на јасни правила, високи лимити таму каде што навистина се користи полисата и директна исплата кон болниците,“ изјави Ралица Губерова, Извршен директор на Евроинс Осигурување АД Скопје.

Покрај специјалистичките услуги, болничкото лекување и операциите, ActiveCare вклучува и покритие за бременост, влезна возраст до 59 години, како и широк спектар дополнителни услуги како психологија, стоматологија, физиотерапија и лекови. Дел од концептот на пакетот е и поттикнување на активен однос кон здравјето, преку вклучен лимит за превентивни прегледи, како и FitKit кредити во вредност од 3.000 денари, кои можат да се користат во спортски и фитнес центри низ државата.

ActiveCare е достапен за склучување едноставно и целосно онлајн преку дигиталната платформа за споредба на осигурителни пакети Kompa.mk. Увидот на Компа во реалните барања и предизвици на клиентите поврзани со приватното здравствено осигурување беше од голема помош во дефинирањето на структурата на пакетот.

Во изминатите години преку Компа анализиравме стотици барања за приватно здравствено осигурување и јасен беше заклучокот дека најголемиот предизвик за корисниците не е цената, туку неизвесноста дали ќе биде сѐ во ред со покритието кога ќе им затреба. Овие сознанија ги споделивме со Евроинс, а компанијата ги преточи во пакет кој со задоволство дигитално ќе го дистрибуираме, бидејќи знаеме дека одговара на реалните барања на клиентите,“ изјави Дарјан Раденковиќ, основач на Компа.

Со лансирањето на ActiveCare, Евроинс најавува понатамошен фокус на развој на одржливи и модерни осигурителни решенија, прилагодени на потребите на современите корисници и на дигиталната достапност на услугите. Од компанијата најавуваат дека наскоро ќе биде лансиран и уште еден иновативен продукт – Мини Каско, кој на возачите за минимална премија им овозможува поправка на сопственото возило во случај кога тие се виновни за сообраќајна штета, но и нивното возило е оштетено.

Повеќе информации за пакетот ActiveCare се достапни преку продажната мрежа на Евроинс и на платформата Kompa.mk.

Осигурување

Кроација Осигурување го промовира „Ексклузив осигурување – Живот“

Објавено

на

Кроација Осигурување ги повикува граѓаните да ја обезбедат својата иднина преку производот „Ексклузив осигурување – Живот“, кој нуди животно осигурување, можност за штедење и оплодување на средствата во рамки на едно решение.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за производ кој овозможува финансиска сигурност и долгорочно планирање, комбинирајќи осигурителна заштита со можност за акумулација на средства.

Заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе информации преку контакт-центарот на Кроација Осигурување на телефонскиот број 15-510 или преку официјалните канали на компанијата.

Производот е наменет за сите кои сакаат истовремено да инвестираат во својата финансиска сигурност и во иднината на своето семејство.

Продолжи со читање

Осигурување

Отворено гласањето за најдобрите тимови во натпреварот Future Finance на Iute Македонија

Објавено

на

Iute Македонија објави дека е отворено гласањето за финалистите во рамки на натпреварот Future Finance, со што започнува завршната и највозбудлива фаза од изборот на најдобрите идеи.

По разгледувањето на сите пристигнати апликации, избрани се осум финалистички тимови кои, според организаторите, се издвоиле со својата храброст, визија и креативност.

Публиката сега има можност да ги запознае финалистите, да гласа за својот фаворит и да даде поддршка на идеите што смета дека заслужуваат признание. Од Iute Македонија посочуваат дека токму гласовите на јавноста ќе бидат клучни во изборот на победниците.

„Секој глас може да направи разлика“, велат од компанијата, повикувајќи ги граѓаните да се вклучат во гласањето и да ги поддржат младите тимови и нивните иновативни решенија.

Гласањето е достапно преку платформата Futurefinance.iute.mk.

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав со раст на приходите во првиот квартал, ја задржува прогнозата за 2026 година

Објавено

на

Групација Триглав во првото тримесечје од 2026 година оствари вкупен обем на работење од 633,4 милиони евра, што претставува раст од 14 проценти во однос на истиот период лани. Од компанијата посочуваат дека најголем придонес за растот имаат меѓународните пазари и зголемените премии.

Деловниот резултат пред оданочување достигна 49,3 милиони евра, додека нето добивката изнесува 39,8 милиони евра. И покрај нешто пониските резултати во споредба со минатата година, групацијата останува на ставот дека ќе ја исполни годишната проекција за 2026 година.

Според проценките на компанијата, очекуваниот деловен резултат пред оданочување за целата година треба да се движи меѓу 170 и 190 милиони евра.

Комбинираниот количник на групацијата изнесува 93 проценти, додека профитабилноста на новите договори во сегментот животно осигурување е подобрена на 14,8 проценти.

Од Триглав информираат и дека капиталната адекватност на крајот на кварталот останува во планираниот опсег меѓу 200 и 250 проценти.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange