Банки
BEAM 2026: Публицис Груп доби награда за Најдобар корпоративен настан за прославата на 40 години НЛБ Банка
Секогаш е задоволство да се прославуваат успесите, особено кога тоа се прави на искрен начин, кој јавноста го препознава. Но, за секој успех е потребен труд, многу работа и квалитетен и посветен тим кој е подготвен да ги реализира дури и најамбициозните замисли. Токму таков е тимот на Публицис Груп, кој ја освои наградата за Најдобар корпоративен настан на овогодинешниот BEAM Festival, за организирање на прославата за 40-от роденден на НЛБ Банка Скопје.
Одделот за организација на настани на Публицис Груп, заедно со креативниот тим на Saatchi & Saatchi и во соработка со тимот на НЛБ Банка Скопје организираа спектакуларен гала концерт со нашиот најголем виртуоз на пијано, маестро Симон Трпчевски, кој настапи во придружба на квинтетот Македонисимо и Камерниот ансамбл – солисти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, како и поп-дивата Каролина Гочева.

„Со огромна чест и задоволство ја примаме оваа награда и притоа сакаме да се заблагодариме на НЛБ Банка Скопје за укажаната доверба да организираме еден вака важен настан, кој одбележува јубилеј со кој малку компании во земјава можат да се пофалат. Честитки до целата екипа која беше вклучена во процесот и која помогна да го направиме невозможното – возможно“, изјавија од Публицис Груп.
Настанот кој се одржа на 26 ноември 2025 година во Националната опера и балет на едно место ги собра претставниците на институциите, партнерите и соработниците, клиентите, важните и истакнати поединци на Банката, како и вработените, кои ја имаа можност да уживаат во спектакуларна прослава која уште долго ќе се памети.

Претходно истиот ден беше организирана и конференцијата „NLBNext“ на тема „Иднината на банкарството“ која понуди интересни панел дискусии и го задржа вниманието на присутните. Беше креирана и интензивна ПР комуникација која неколку дена ги исполни економските рубрики на најрелевантните медиуми во земјава.
„Нашата прослава инспирирана од јубилејниот слоган Што ако можеш сѐ? и четирите децении посветеност, иновации и раст е доказ дека кога ќе се спојат луѓето, визијата и храброста, само небото е граница. Море од идеи, неколку креативни концепти и стотици часови тимска работа за да се создаде искуство што се памети.
Јубилејот на Банката беше повеќе од само настан. Тој беше живописно патување низ историјата, сегашноста и иднината, прослава посветена на извонредност и партнерства“, изјавија од НЛБ Банка.

Наградата од BEAM Festival уште еднаш ги потврдува високите стандарди кон кои се придржува Публицис Груп, особено кога е во прашање реализацијата на идеите на своите клиенти. Но, исто така претставува мотивација за енергичниот и креативен тим на Агенцијата да продолжи да ги тестира своите можности и да ја поместува границата на она што го дефинираме како успех.
ПР објава
Банки
Народната банка и годинава ги поддржува македонските ученици за учество на Меѓународната економска олимпијада
Народната банка четврта година по ред обезбедува поддршка за македонските ученици кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада.
Годинашната Деветта меѓународна економска олимпијада ќе се одржи од 12 до 20 јули 2026 година во Шенжен, Народна Република Кина. Во рамки на подготовките, учениците посетуваа стручни предавања и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството организирани од Народната банка.
Македонскиот тим го сочинуваат Стефан Младеновски, Теа Ангелова, Оливера Џамбазова, Георги Јаковлев и Ванеса Томова. Тие имаа можност да се запознаат со теми поврзани со монетарната политика, личните финансии и современите платежни системи, а го посетија и Музејот на Народната банка каде се информираа за монетарното наследство на земјата.
Подготовките се реализираат во рамките на долгогодишната соработка меѓу Народната банка и Сојузот на математичари, чија цел е да се поттикне интересот на младите за економијата, финансиите и бизнисот.
Од Народната банка им посакаа успех на учениците и достојно претставување на Северна Македонија на престижниот меѓународен натпревар.
Банки
Халкбанк со нови поволности за пензионерите: 1.000 денари бонус за новите корисници
Халкбанк ги повикува пензионерите да ги искористат придобивките од ПЕНЗИ пакетот, кој нуди повеќе банкарски услуги и дополнителни поволности за полесно секојдневие.
Со пакетот, корисниците добиваат исплата на пензијата пред првиот ден во месецот, можност за подигнување готовина од сите банкомати во земјава, како и пристап до низа услуги наменети за нивните секојдневни потреби.
Дополнително, сите новопријавени корисници на ПЕНЗИ пакетот добиваат бонус од 1.000 денари на својата платежна сметка.
Од банката информираат дека заинтересираните граѓани можат да се обратат во најблиската филијала за повеќе информации за условите и придобивките што ги нуди пакетот. Информации се достапни и на официјалната веб-страница на Халкбанк.
Банки
ЕЦБ пред тешка одлука: Дали ќе ги зголеми каматните стапки поради растот на цените на енергијата?
Европската централна банка (ЕЦБ) се соочува со една од најтешките одлуки во последните години, откако наглиот раст на цените на енергијата предизвикан од воениот конфликт меѓу САД и Иран повторно ја зголеми инфлацијата во еврозоната.
Сè повеќе сигнали упатуваат на тоа дека ЕЦБ веќе оваа недела би можела да ги зголеми каматните стапки, но дел од економистите предупредуваат дека таков потег би можел дополнително да ја забави европската економија, која веќе покажува знаци на слабеење.
Главниот аргумент на поддржувачите на зголемувањето на каматите е зачувување на кредибилитетот на ЕЦБ во борбата против инфлацијата. Инфлацијата во еврозоната достигна 3,2 проценти, што е значително над целта од два проценти. Воедно, расте и базичната инфлација, која не ги вклучува цените на енергијата и храната.
Според дел од претставниците на ЕЦБ, постои ризик повисоките цени на енергенсите да се прелеат во останатите сектори на економијата преку поскапување на услугите и стоките, како и преку барањата за повисоки плати. Затоа тие сметаат дека е потребна навремена реакција за да се спречи дополнително вкоренување на инфлаторните очекувања.
Сепак, противниците на ваквиот потег потсетуваат дека сегашната ситуација се разликува од периодот по почетокот на војната во Украина во 2022 година. Тие нагласуваат дека сè уште нема доволно докази дека поскапувањето на енергијата ќе прерасне во долготраен инфлаторен проблем, а растот на платите останува релативно умерен.
Економистите предупредуваат и на историските грешки на ЕЦБ од 2008 и 2011 година, кога банката ги зголеми каматните стапки поради растот на цените на нафтата, но набргу потоа беше принудена да ја промени политиката поради финансиската и должничката криза.
Дополнителна неизвесност создава и фактот што ЕЦБ во моментов зазема поостар став од другите големи централни банки. Додека Европската централна банка размислува за ново зголемување на каматите, американските Федерални резерви засега претпочитаат да ги следат долгорочните последици од конфликтот на Блискиот Исток.
Финансиските пазари во моментов очекуваат ЕЦБ оваа година двапати да ги зголеми каматните стапки за по 0,25 процентни поени. Сепак, поголемиот дел од аналитичарите сметаат дека евентуалното зголемување треба да се сфати како превентивна мерка, а не како почеток на нов циклус на агресивно затегнување на монетарната политика.
Поради тоа, вниманието на инвеститорите нема да биде насочено само кон самата одлука за каматните стапки, туку и кон пораките што ќе ги испрати претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, за идните чекори на централната банка.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Фондовипред 2 месециКБ Прво пензиско друштво потсетува на навремено планирање на пензијата
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај
-
Бизниспред 4 неделиОд полноќ нови цени на горивата


