Connect with us
no baners

Банки

Народната банка: Податоците за депозитите кај банките и штедилниците јавно достапни на НБСтат

Објавено

на

no baners

Податоците за депозитите кај банките и штедилниците во Северна Македонија се јавно достапни преку статистичкиот веб-портал НБСтат на Народната банка.

Граѓаните и компаниите можат да ја следат состојбата на депозитите преку делот „Монетарна статистика“, во секцијата „Монетарни и кредитни агрегати“, каде се објавени податоците за „Депозити на недржавен сектор дадени од банки и штедилници“.

Со избор на категориите „Вкупни депозити“ и „Месец“, корисниците можат да ја следат динамиката на вкупните депозити, кои се прикажани во милиони денари.

Податоците се прикажуваат во денари, како и во странска валута, при што се вклучени и денарските депозити со валутна клаузула.

Според објаснувањето на Народната банка, вкупните депозити на недржавниот сектор ги опфаќаат депозитите на корпоративниот сектор, домаќинствата – односно физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд, како и депозитите на останатите финансиски институции, непрофитните организации што им служат на домаќинствата и единиците на локалната самоуправа.

Во овие податоци се вклучени депозитните пари, краткорочните депозити и долгорочните депозити.

Статистичките податоци може да се прегледуваат преку порталот НБСтат на адресата nbstat.nbrm.mk.

no baners

Банки

АЛТА банка ја промовира програмата за детско штедење „Растеме заедно“

Објавено

на

АЛТА банка ја претстави својата програма за детско штедење „Растеме заедно“, наменета за родителите кои сакаат навреме да обезбедат финансиска сигурност за иднината на своите деца. Преку оваа програма, банката ги поттикнува семејствата уште од најрана возраст да започнат со штедење и постепено да создаваат средства што ќе им помогнат на најмладите полесно да ги остварат своите соништа.

Од банката посочуваат дека дури и најголемите желби на децата можат да станат реалност со навремена поддршка од родителите. Токму затоа, детското штедење „Растеме заедно“ е осмислено како начин родителите чекор по чекор да инвестираат во иднината на своите деца и да им обезбедат посигурна финансиска основа.

Со отворање на ваква штедна сметка, родителите имаат можност постепено да издвојуваат средства и да создадат фонд што во иднина може да им помогне на децата при образованието, развојот или остварувањето на нивните планови.

Повеќе информации за условите и можностите што ги нуди детското штедење „Растеме заедно“ може да се најдат на следниот линк: https://bit.ly/rasteme_zaedno.

Продолжи со читање

Банки

Силк Роуд Банка со специјална понуда за 8-ми Март: двоен бонус за секој купен подарок

Објавено

на

Силк Роуд Банка најави специјална промотивна понуда по повод Меѓународниот ден на жената – 8-ми Март, со која корисниците на програмата „Твој Бонус“ ќе можат да добијат двоен бонус при купување подароци.

Како што информира банката, акцијата е посветена на жените кои секојдневно се инспирација, а клиентите во рамки на промоцијата ќе добиваат двојно повеќе бонус средства на својата сметка при купување кај партнерите од програмата.

Понудата вклучува неколку поволности: двоен бонус за секоја трансакција, без минимален износ за пазарување, како и без ограничување на максималниот износ на бонус што може да се добие.

Промотивната акција ќе трае од 5 до 8 март 2026 година, а корисниците можат да ги разгледаат сите партнери вклучени во програмата „Твој Бонус“ преку официјалните канали на Силк Роуд Банка.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ја лансира програмата за лојалност BonusBox за корисниците на Debit Mastercard World картичките

Објавено

на

Комерцијална банка воведе нова програма за лојалност – BonusBox, наменета за корисниците на дебитната картичка Debit Mastercard World. Со оваа бесплатна програма, секоја трансакција со картичката станува повредна, бидејќи корисниците можат да собираат поени и да ги заменат за различни бенефити.

Откако ќе се регистрираат во програмата, клиентите почнуваат да заработуваат поени при секое плаќање со нивната Debit Mastercard World картичка, без разлика дали трансакцијата е на продажно место или онлајн. За секои 1.000 денари направен промет со картичката се добиваат 10 поени, кои се евидентираат на корисничката сметка во рок од седум работни дена.

Собраните поени можат да се искористат на повеќе начини. Корисниците можат да ги заменат за поврат на средства на картичката, да плаќаат со поени или да изберат подарок-картичка за шопинг во Skopje City Mall или во East Gate Mall. За поврат на средства на картичка потребни се најмалку 4.000 поени, со што се добиваат 300 денари. За плаќање со поени, како индиректен поврат на средства, се потребни минимум 3.000 поени за 300 денари, додека за подарок-картичка потребни се најмалку 10.000 поени за вредност од 1.000 денари.

При користење на опцијата за поврат на средства на картичката може да се искористат најмногу 75 проценти од акумулираните поени, додека кај плаќањето со поени и подарок-картичките може да се искористат 100 проценти од поените.

Регистрацијата во програмата е едноставна и се врши преку платформата BonusBox. Корисниците треба да ја регистрираат својата Debit Mastercard World картичка, да внесат e-mail адреса, да креираат лозинка и да ги прифатат условите на програмата. Програмата е наменета за сите полнолетни корисници на оваа дебитна картичка издадена од Комерцијална банка.

Со BonusBox, банката им овозможува на клиентите дополнителни придобивки и награди за нивната лојалност и за секојдневното користење на картичката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange