Connect with us

Банки

Комерцијална банка ја нуди програмата за лојалност BonusBox за корисниците на Debit Mastercard World картичките

Објавено

на

Комерцијална банка ја нуди програмата за лојалност BonusBox, наменета за корисниците на дебитната картичка Debit Mastercard World. Преку оваа бесплатна програма, секоја трансакција со картичката може да донесе дополнителна вредност, бидејќи корисниците собираат поени кои потоа можат да ги заменат за различни бенефити.

Со користење на картичката, клиентите заработуваат поени при секое плаќање, без разлика дали трансакцијата е на продажно место или онлајн. За секои 1.000 денари направен промет со картичката се добиваат 10 поени, кои се евидентираат на корисничката сметка во рок од седум работни дена.

Собраните поени можат да се искористат на повеќе начини. Корисниците можат да ги заменат за поврат на средства на картичката, да плаќаат со поени или да изберат подарок-картичка за шопинг во Skopje City Mall или во East Gate Mall. За поврат на средства на картичка потребни се најмалку 4.000 поени, со што се добиваат 300 денари. За плаќање со поени, како индиректен поврат на средства, се потребни минимум 3.000 поени за 300 денари, додека за подарок-картичка потребни се најмалку 10.000 поени за вредност од 1.000 денари.

При користење на опцијата за поврат на средства на картичката може да се искористат најмногу 75 проценти од акумулираните поени, додека кај плаќањето со поени и подарок-картичките може да се искористат 100 проценти од поените.

Регистрацијата во програмата се врши преку платформата BonusBox, каде корисниците ја регистрираат својата Debit Mastercard World картичка, внесуваат e-mail адреса, креираат лозинка и ги прифаќаат условите на програмата. Програмата е наменета за сите полнолетни корисници на оваа дебитна картичка издадена од Комерцијална банка.

Преку BonusBox, банката на клиентите им овозможува дополнителни придобивки и награди за нивната лојалност и за секојдневното користење на картичката.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange