Бизнис
Еден примерок од оваа монета вреди повеќе од еден милион евра – што ја прави толку скапоцена!?
Британските граѓани се повикани да посветат внимание на старите монети, откако беше потенцирано на исклучително редок примерок кој денес вреди вистинско богатство. Станува збор за монети со ликот на кралот Едвард VIII, од кои една беше продадена во 2020 година за дури еден милион фунти (1,14 милиони евра).
Вредноста на колекционерските монети зависи од повеќе фактори, но реткоста речиси секогаш е пресудна. Колку е поретка монетата, толку колекционерите се поспремни да издвојат поголеми суми. Токму ова е случај со еден посебен примерок од многу специфичен период од британската историја.
Во видео објавено на социјалната мрежа „TikTok“, експерт познат како „Волшебник за собирање монети“ им советуваше на следбениците да внимаваат на монети со ликот на кралот Едвард VIII. Монетите на Едвард VIII се исклучително ретки и меѓу најскапите во британската нумизматика. Тој владеел само 326 дена во 1936 година, пред да абдицира за да се ожени со Волис Симпсон, што довело до уставна и политичка криза.
Поради краткото владеење, ниту една монета со неговиот лик официјално не била пуштена во оптек. Сепак, биле изработени неколку пробни примероци, вклучувајќи златни суверени и пени, кои денес се сметаат за едни од најретките британски монети.
Според податоци од аукциски куќи, еден златен суверен на Едвард VIII бил купен во 2014 година од американски колекционер за 516.000 фунти, а во 2020 година бил препродаден за речиси двојно повисока сума на анонимен британски колекционер. Со достигната цена од околу еден милион фунти ја прави најскапата британска монета некогаш продадена.
Експертите советуваат дека секој кој поседува ваков примерок може да има во рацете исклучително вреден колекционерски предмет, чија цена со текот на времето дополнително расте.
Фото: canadiancoinnews.com
Бизнис
Фершпед АД ќе исплати повисока дивиденда за 2025 година
Акционерите на македонската шпедитерска компанија Фершпед АД одобрија исплата на бруто дивиденда од 920 денари по акција за 2025 година, што претставува зголемување во однос на ланските 720 денари по акција, објави SeeNews.
Според информациите, дивидендата изнесува околу 17,3 долари, односно 14,9 евра по акција.
Фершпед е една од најпознатите компании во Северна Македонија во секторот транспорт и логистика, а одлуката за повисока дивиденда доаѓа во услови на стабилно работење и позитивни финансиски резултати.
Компанијата е активна во областа на шпедицијата, транспортот и логистичките услуги на домашниот и регионалниот пазар.
Бизнис
Нови правила на ЕУ: Крај за евтините пратки од Temu и AliExpress?
Купувањето евтини производи од платформи како Temu, Shein и AliExpress наскоро би можело значително да поскапи, откако Eвропската Комисија најави нови правила за мали пратки што пристигнуваат од земји надвор од Европската Унија, пред сè од Кина.
Според планот, од 1 јули 2026 година би се вовела посебна такса за пратки со вредност под 150 евра, кои досега често пристигнуваа без дополнителни трошоци. Предвидена е паушална такса од три евра по пакет, а можно е да има и дополнителни давачки во зависност од видот на производот.
Податоците на Европската комисија покажуваат дека во ЕУ секојдневно пристигнуваат околу 12 милиони мали пакети, при што дури 91 процент доаѓаат од Кина.
Главната причина за новите мерки е засилување на контролата врз евтините производи кои, според Брисел, често не ги исполнуваат безбедносните стандарди на ЕУ, особено кога станува збор за козметика, електроника и производи за деца.
Новите правила би можеле да создадат и дополнителни трошоци за купувачите кои не се задоволни од нарачаната стока. Иако враќањето на пратките ќе остане можно, царинските давачки и дополнителните трошоци најверојатно нема да бидат рефундирани.
Најпогодени би биле токму кинеските платформи кои последниве години доживеаја огромна популарност во Европа благодарение на ниските цени и бесплатната достава.
Во меѓувреме, големите логистички компании како DHL, FedEx и UPS предупредуваат дека новите правила може да предизвикаат доцнења и дополнително оптоварување на царинските системи низ Европа.
Бизнис
Финтек компанијата Iute Group обезбеди дополнителни 140 милиони евра преку обврзници
Iute Group објави дека успешно пласирала дополнителни 140 милиони евра од својата постојна обврзница, со што вкупниот износ на издадени обврзници достигна 300 милиони евра.
Компанијата, која работи на пазарите во Југоисточна Европа, соопшти дека новото приватно пласирање е дел од нејзината стратегија за понатамошен раст и зајакнување на финансиската позиција.
Iute Group е финтек компанија со седиште во Естонија, која нуди потрошувачки кредити, платежни услуги и банкарски решенија на пазарите во регионот на Југоисточна Европа.
Со зголемувањето на обемот на обврзницата на 300 милиони евра, компанијата дополнително го проширува пристапот до капитал за поддршка на своите активности и идни инвестиции.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Марјан Ристески: Акцизата на горивата под лупа, можно ново замрзнување на цените
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)


