Connect with us
no baners

Банки

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

Објавено

на

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестижниот светски фудбалски настан, шансите да го остварите вашиот сон се тука.

Пазарувајте со Visa НЛБ картичките и учествувајте во наградната игра на НЛБ Банка и Visa – „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“. Само една трансакција од минимум 500 денари може да ве однесе на најголемата фудбалска сцена во светот.

До 20 март 2026 година, љубителите на фудбалот и клиентите на НЛБ Банка имаат единствена можност да учествуваат во наградната игра „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™. Двајца среќни добитници ќе добијат пакет аранжмани за патување за двајца на четвртфиналето во Мајами, а ќе бидат доделени и триесет други вредни награди, овозможени од Visa. Главното извлекување на наградите е на 23 март, 2026 година.

Никогаш поблиску до трибините на „FIFA World Cup

Секоја безготовинска трансакција од минимум 500 денари со која била Visa НЛБ картичка е вашата шанса да учествувате во извлекувањето. Двојно поголема можност за добивка ви носи секоја безготовинска трансакција со која била Visa НЛБ картичка од минимум 500 денари, направена преку NLB Pay. Без разлика дали купувате во продавница или онлајн, секоја трансакција се брои и ги зголемува вашите шанси да навивате од трибините на „FIFA World Cup 26™“. Можност за учество имаат сите иматели на Visa дебитни и Visa кредитни картички (Visa Debit, Visa Classic, Visa Gold).

Направете го победничкиот потег

Побарајте ја вашата нова Visa НЛБ картичка и не заборавајте да ја дигитализирате за уште поголеми шанси за победа. Единствено во НЛБ Банка можете да ја имате вашата Visa дигитална картичка веднаш, подготвена за плаќање. А кога пазарувате, не само што уживате во леснотијата и безбедноста со Visa НЛБ картичките, туку сте и чекор поблиску до извонредни награди. Патот до незаборавните моменти на „FIFA World Cup 26™“ започнува со само една трансакција.

Банки

Славески: Mожна e корекција на основната каматна стапка ако има натамошни инфлациски притисоци

Објавено

на

„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов.

Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на дезинфлација, повторно бележат забрзување во март и април, под влијание на надворешни фактори, пред сè на растот на цените на енергентите.

Славески појасни дека претходно економијата била блиску до стабилизирање на инфлацијата на ниво од околу 2,5%, но дека последните геополитички случувања придонесле за промена на трендот и за зголемена неизвесност кај ценовните движења.

Тој истакна дека монетарната политика мора да биде внимателна и балансирана, бидејќи пребрзото затегнување може да предизвика забавување на економскиот раст, додека задоцнетата реакција може да доведе до вградување повисоки инфлациски очекувања.

Гувернерот додаде дека основната каматна стапка е главниот инструмент во одржувањето на ценовната стабилност, но дека Народната банка располага и со други инструменти, вклучително и макропрудентни мерки за зачувување на финансиската стабилност.

Народната банка и во иднина внимателно ќе ги следи економските показатели и ќе носи одлуки врз основа на поширок збир податоци за инфлацијата и за економските движења, при што во фокусот и натаму ќе биде одржувањето на ценовната стабилност на среден рок.

Продолжи со читање

Банки

Добивката на УНИ Банка намалена за 61 отсто во првиот квартал

Објавено

на

УНИ Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-добивка од 56,6 милиони денари, што претставува пад од 61 отсто во споредба со истиот период лани, објави SeeNews повикувајќи се на финансиските резултати на Банката.

Според објавените податоци, добивката на Банката во периодот јануари – март изнесувала околу 915 илјади евра.

Во кратката објава не се наведуваат дополнителни детали за причините за намалувањето на профитот, но резултатите покажуваат значително послаб финансиски резултат во однос на првиот квартал минатата година.

Продолжи со читање

Анализи

Монетарни движења во април: Пад на депозитите, но силен раст на кредитите

Објавено

на

Во април 2026 година паричната маса забележа месечен пад од 1,3%, главно како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Вкупните депозити на месечно ниво се намалени за 1,4%, при што падот е концентриран кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите бележат зголемување од 9,3%.

Во истиот период, вкупните кредити се зголемени за 1% на месечно и за 13,3% на годишно ниво, што укажува на континуирана кредитна активност кај компаниите и домаќинствата.

Кредитирањето на корпоративниот сектор бележи годишен раст од 15%, додека кредитите на домаќинствата се зголемени за 11,9%. Кај граѓаните, најизразен раст и понатаму имаат потрошувачките и станбените кредити. Потрошувачките кредити во април пораснале за 1,2% на месечно и 11,2% на годишно ниво, додека станбените кредити бележат раст од 1,3% месечно и 16,2% на годишна основа.

Од Народната банка посочуваат дека депозитите на домаќинствата во април се зголемени за 1,6% на месечно ниво и за 10,5% на годишно ниво, поттикнати од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Податоците упатуваат на комбинирани движења во монетарниот сектор – умерено забавување на депозитната динамика во корпоративниот сегмент, при истовремено засилена кредитна активност и стабилен раст кај населението.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange