Connect with us
no baners

Бизнис

УЈП: Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ обврзниците

Објавено

на

no baners

Управата за јавни приходи ги заврши регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ).

Од УЈП денеска информираа дека врз основа на поднесените барања во текот на јануари извршена е регистрација на 1.199 даночни обврзници за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ.

Во истиот период, врз основа на барањата за доброволна дерегистрација, Управата за јавни приходи извршила и прекинување на регистрацијата кај 231 обврзници за што се донесени исто толку решенија за дерегистрација.

Рокот за поднесување на пријавите беше до 15 јануари.

no baners
no baners

Бизнис

Трговскиот дефицит на државата се зголеми на 1,4 милијарди евра

Објавено

на

Трговскиот дефицит на Северна Македонија во првите пет месеци од годинава се зголемил на 88,5 милијарди денари, односно околу 1,4 милијарди евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период минатата година дефицитот изнесувал 82,9 милијарди денари, што укажува на продлабочување на трговскиот јаз.

Според податоците на Макстат, извозот во периодот јануари–мај пораснал за 5,7 проценти на годишно ниво и достигнал 218 милијарди денари. Истовремено, увозот забележал раст од 5,9 проценти и изнесувал 306,5 милијарди денари.

Во структурата на извозот најзастапени биле катализаторите со благородни метали или соединенија од благородни метали, како и сетови за палење и друга електрична инсталација што се користи во возила, авиони или бродови.

Кај увозот доминирале платина и легури на платина, други метали од платинската група и нивни легури, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали, како и моторни возила за превоз на патници.

Најзначајни трговски партнери на Македонија во овој период биле Германија, Велика Британија и Кина.

Продолжи со читање

Бизнис

Горивата поскапеа од полноќ, најголем скок кај дизелот

Објавено

на

Од полноќ се применуваат нови малопродажни цени на горивата, со кои бензините и дизелот повторно бележат зголемување.

Според најновата одлука за корекција на цените, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 85,5 денари, што претставува зголемување од еден денар. За ист износ поскапува и ЕУРОСУПЕР БС-98, чија нова цена изнесува 87,5 денари за литар.

Најголемо зголемување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ чини 82,5 денари за литар, односно 2,5 денари повеќе од досегашната цена.

Поскапување има и кај екстралесното масло за домаќинство ЕЛ-1, кое ќе се продава за 81,5 денари за литар, што е зголемување од два денари.

Единствено мазутот поевтинува за 0,3 денари и неговата нова цена изнесува 41,2 денари за килограм.

Продолжи со читање

Бизнис

Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот поскап за 2,5 денари, бензините за 1 денар

Објавено

на

Од полноќ ќе стапат во сила новите малопродажни цени на нафтените деривати, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар и ќе се продава по 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поскапува за еден денар, достигнувајќи цена од 87,50 денари за литар.

Поголемо зголемување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 2,50 денари, па новата цена ќе изнесува 82,50 денари за литар.

За екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е предвидено поскапување од 2 денари по литар, со што неговата малопродажна цена ќе биде 81,50 денари.

Од друга страна, мазутот М-1 НС поевтинува за 0,265 денари за килограм, а новата цена е 41,230 денари за килограм.

Новите цени ќе важат до следната пресметка и одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange