Кариера
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности!
Шпаркасе Банка АД Скопје има потреба од Благајник – Соработник, Сектор за население.
Што ќе биде твојата улога?
- Спроведување на сите готовински и безготовински трансакции со клиенти на благајна – физички и правни лица, работа со готовина, менувачко работење и подготовка на дневни и други извештаи;
- Одлично познавање на производите и услугите на Банката, учество во продажни кампањи, промоции и активна продажба на сите банкарски производи, како и реализација на продажните цели;
- Креирање, ажурирање и одржување на портфолиото на клиенти преку сеопфатно, професионално опслужување, следење и одржување на задоволството на клиентите и градење на долгорочни релации со клиентите;
- Постапување согласно деловната политика за чување банкарска и деловна тајна, строго почитување на процедурите за работа, доверливост и високо ниво на интегритет и работна етика.
Кои квалификации се потребни?
- Минимум ССС;
- Работно искуство во продажба и промоција на производи и услуги, остварување на таргети и работа со клиенти во банкарскиот или друг сектор/индустрија ќе се смета за предност;
- Активно познавање на работа со компјутер (MC Office);
- Познавање на англиски јазик (конверзација, разбирање, пишување);
- Одлични комуникациски и продажни вештини, одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети, активна продажба, тимска работа, препознавање на ризикот во работењето и способност за работа под притисок.
Кои ќе бидат твоите придобивки?
- Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
- Приватно здравствено осигурување;
- Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
- Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух;
- Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing).
Шпаркасе банка ве охрабрува да ја искористите оваа можност и да аплицирате на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмо на: [email protected] заклучно со 17.02.2026 година со назнака „Апликација за Благајник-соработник Штип“.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе банка Ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #ВерувајВоИднината
Бизнис
Македонија добива уролог обучен за роботска хирургија на глобална програма
Mакедонскиот уролог д-р Виктор Станков, од Универзитетската клиника за урологија во Скопје, кој е на меѓународна програма за едукација по роботска хирургија во Кина, доби признание за „Outstanding Fellow“, доделено во рамки на годишното собрание на болницата First Affiliated Hospital of Guangzhou Medical University во Гуангжу, каде што ја обавува едногодишната fellowship програма.
Станува збор за високо-специјализирана програма која се реализира во рамки на глобалната Endourological Society – водечка светска организација во областа на минимално инвазивната и роботската уролошка хирургија. Програмата овозможува интензивна практична обука и директно учество во комплексни роботски хируршки процедури со најсовремени технолошки системи.
Инаку признанието се доделува на учесници кои покажале исклучителни професионални резултати, посветеност и високо ниво на експертиза во текот на програмата.
Неговата едногодишна програма завршува наскоро, по што ќе се врати дома сертифициран за работа на робот. Со стекнатото знаење и практично искуство во областа на роботската хирургија, д-р Станков изразува подготвеност и амбиција да придонесе кон развојот на оваа високо-софистицирана медицинска гранка во земјата, со цел воведување и унапредување на најсовремените, минимално инвазивни хируршки техники.
„Се надевам дека знаењето стекнато во еден од најнапредните центри за роботска урологија ќе имам прилика да го споделам и имплементирам кај нас. Верувам дека Македонија ќе создаде клима и услови за да ги овозможиме придобивките од роботската хирургија и за нашите граѓани“, изјави д-р Станков.
Роботската хирургија претставува глобален тренд во современата медицина, овозможувајќи поголема прецизност, побрзо закрепнување и подобри клинички резултати за пациентите. Со неговото враќање, Македонија добива дополнителен капацитет за развој на оваа област и можност за приближување кон светските стандарди во уролошката хирургија.
Инаку ова е второ признание на Д-р Станков, тој претходно победи на натпреварот на млади уролози во Кина, каде од вкупно 200 учесници тој го освои првото место за најдобра презентација на операција. Натпреварот беше следен онлајн од 9000 уролози од цела Кина.
Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим од професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник – Cashier во Скопје
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 13.02.2026 година.
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
- Понуда на депозитни производи;
- Промоција и продажба на банкарски производи;
- Брз трансфер на пари;
- Менувачко работење;
- Учество во промотивни кампањи.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
- Со или без работно искуство;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Програма за спорт и рекреација;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб страницата на Банката на следниот линк, или преку e-пошта: [email protected], со назнака: „Помлад соработник – Cashier во Скопје”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Банки
Кристијан Василевски – пример за лидерство и посветеност во банкарството и спортот
Кристијан Василевски, раководителот на Експозитурата Ѓорче Петров во НЛБ Банка АД Скопје е пример за успешен баланс меѓу професионалниот и спортскиот живот. Со девет години работно искуство во банкарството, неговата посветеност, професионалност и лидерски способности секојдневно се одразуваат во резултатите што ги постигнува со својот тим.
Освен во банкарството, Кристијан е активен и на спортската сцена. Од најмали години се занимава со ракомет, настапувајќи за клубовите Бутел Скопје, Вардар, Тинекс Пролет, Работнички и Преспа. Како дел од РК Бутел Скопје, тој настапи и на европската сцена во EHF Cup во сезоната 2019/20 и EHF European League во сезоните 2020/21 и 2022/23..
Во спортот, Кристијан се истакнува како пивот и централна точка во одбраната, потврдувајќи ја дисциплината, посветеноста и високите стандарди што ги применува и во професионалниот живот. Меѓу неговите најзначајни успеси се: шампионската титула во младинска категорија со РК Вардар, седум настапи за младинската репрезентација на Македонија, како и изборот за најдобар ракометар на четвртото коло во Супер машката лига 2021, кога се најде пред големи имиња од светската ракометна сцена.
Кристијан е лиценциран ракометен тренер со трета категорија, со искуство како тренер на пионерската екипа и помошник тренер во првиот тим на РК Бутел. Неговиот следен професионален предизвик е да се стекне со реномираната европска лиценца Master Coach.
Од НЛБ Банка го истакнуваат како пример за професионалец кој успешно ги спојува дисциплината и тимската работа, како во спортот, така и во професионалниот живот, инспирирајќи ги своите колеги и младите спортски таленти.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија вработува Специјалист за плаќања




