Connect with us

Банки

Гувернерот Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите

Објавено

на

Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура. Оваа трансформација веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и за компаниите, а тоа се побрзи, поедноставни и значително поевтини трансакции во евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во колумна за Билтенот на Македонската банкарска асоцијација истакнува дека СЕПА претставува „суштинска трансформација, а не само техничка промена“, којашто директно ги подобрува квалитетот и достапноста на платежните услуги.

Од 7 октомври, девет банки во земјава веќе извршуваат кредитни трансфери преку СЕПА, а до крајот на годината се очекува целосно приклучување на десет банки. Благодарение на членството во СЕПА, надоместоците за плаќања се намалија повеќекратно. Така, за трансакција од 500 евра граѓаните сега плаќаат околу 4 евра, наместо околу 25, а деловните субјекти за трансакција од 20.000 евра што чинеше околу 80 евра, сега плаќаат помалку од 10 евра. Овие промени претставуваат годишни заштеди од околу 20 милиони евра на ниво на економија, а времето за извршување на плаќањата се скрати од неколку дена на најчесто помалку од два часа.

По приклучувањето кон СЕПА, следната стратегиска цел е воспоставувањето инстант плаќања, односно трансакции што се извршуваат за неколку секунди, 24 часа дневно. Народната банка, заедно со централните банки од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, работи на заеднички регионален систем за инстант плаќања заснован на европската платформа ТИПС на Банката на Италија. Целта е создавање интероперабилен платежен простор меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, што ќе овозможи едноставни и брзи плаќања во денари во земјава, подобар обрт на средствата за фирмите, пониски трошоци за прекуграничните трансакции и инстант пристигнување на дознаките во евра.

Во периодот што следува, модернизацијата на платниот систем ќе биде насочена кон целосно искористување на новата инфраструктура, дигитализација на плаќањата, намалување на употребата на готовина и дополнително усогласување на регулативата со европските стандарди. Со ова се обезбедува поголема транспарентност, иновативни услуги, фер конкуренција и повисока заштита на корисниците. „Модернизацијата на плаќањата е инвестиција во конкурентноста на економијата. Но, зад секоја технологија мора да стои довербата, како во системот и во институциите, така и во стабилноста на валутата“, нагласува гувернерот Славески.

Реформите во платниот систем се вложување во подобар стандард на граѓаните, поефикасно работење на компаниите и посилна, европски интегрирана економија. СЕПА и инстант плаќањата ја отвораат вратата кон иднина во која секој трансфер е брз, сигурен и достапен, иднина што ја градиме за новите генерации и модерен европски платежен простор.

Банки

НЛБ прави клучен потег во трката за Адико Банка: ги менува условите за да ја добие битката со Рајфајзен Банк

Објавено

на

Словенечката Нова Љубљанска Банка (НЛБ) најави дека ќе го намали минималниот праг на прифаќање во својата понуда за преземање на Адико Банка од над 75% на над 50%, по добивањето одобрение од Австриската комисија за преземање. Воедно, банката ќе го продолжи и рокот за прифаќање на понудата.

Одлуката доаѓа само неколку дена откако конкурентот Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) го намали сопствениот праг на прифаќање на над 55%, со што дополнително се интензивира битката за преземање на австриската банка фокусирана на пазарите во Југоисточна Европа.

НЛБ моментално нуди 37 евра по акција, што е значително повеќе од понудата на Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) од 26,5 евра по акција. Главниот извршен директор на НЛБ, Блаж Бродњак, изјави дека намалувањето на прагот треба да им даде поголема сигурност на акционерите дека понудата успешно ќе биде реализирана, нагласувајќи дека таа и понатаму останува највисока на пазарот.

Двете понуди остануваат отворени до 22 јули, а НЛБ потсети дека акционерите кои веќе ја прифатиле понудата на Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) имаат можност да ја повлечат својата согласност и да се определат за понудата на словенечката банка.

Адико Банка работи во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, каде што опслужува околу 900.000 клиенти преку мрежа од 155 филијали и други дигитални канали.

За НЛБ, преземањето би значело дополнително зајакнување на регионалното присуство и индиректен влез на хрватскиот банкарски пазар, додека за Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) аквизицијата претставува можност за зголемување на пазарниот удел во Хрватска и повторен влез на словенечкиот пазар. НЛБ веќе ги обезбеди потребните одобренија за концентрација во Австрија, Србија и Македонија, а постапките пред останатите регулаторни тела сè уште се во тек.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивна каматна стапка од 4,9 отсто за сите купувања направени со Mastercard Platinum кредитната картичка до крајот на годината.

Картичката е наменета за корисници кои, покрај можноста за плаќање на кредит, бараат и дополнителни поволности при патување.

Меѓу придобивките се бесплатен пристап до повеќе од 1.800 аеродромски деловни салони преку програмата LoungeKey, како и можност за користење дополнителни поволности преку Mastercard Travel Rewards.

Барање за картичката може да се поднесе онлајн преку интернет-страницата на банката, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со 50 отсто пониска провизија за тргување на странските пазари

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје воведе промотивна понуда со која брокерската провизија за тргување на меѓународните финансиски пазари е намалена за 50 отсто.

Преку услугата на банката, клиентите можат да инвестираат во акции, берзански фондови, познати како ЕТФ, државни и корпоративни обврзници, како и во еврообврзници што се тргуваат на странските берзи.

Промотивниот период ќе трае до 31 август 2026 година.

Од Халкбанк информираат дека заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе информации за условите и можностите за инвестирање во најблиската филијала на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange