Интервјуа
FinSight интервју со Сандра Томановиќ од КИБС: Како инстант-плаќањата и европските регулативи го менуваат финансискиот пејзаж?
Во најновото издание на FinSight разговараме со Сандра Томановиќ, директор на Дирекција за платни системи и поврзани услуги во КИБС АД Скопје, за најактуелните теми од светот на дигиталните плаќања и финтек трансформацијата.
Фокусот го ставаме на прашањата кои денес ја обликуваат иднината на банкарството:
🔹 Како инстант-плаќањата веќе го менуваат секојдневното користење на банкарските услуги?
🔹 Што донесува новата европска регулатива и кои се придобивките за корисниците, трговците и банките?
🔹 До каде е процесот на воведување на отворено банкарство (Open Banking) во Македонија и кога може да очекуваме негово практично функционирање?
Во интервјуто откриваме и значајни податоци за обемот на платни трансакции што поминуваат преку КИБС, како и трендовите што ги забележуваат во трансакциските и малопродажните плаќања.
Со јасни одговори, анализи и практични примери, Томановиќ нуди корисен увид за сите што сакаат да ја следат динамиката и брзиот развој на платните системи во земјава.
Следете ја емисијата FinSight и останете во тек со најважните финансиски и банкарски трендови во Македонија.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
Славески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
Во оваа епизода на FinSight, разговараме со Трајко Славески, гувернер на Народната банка, за најавените промени во банкарските провизии, законските измени во платниот промет и очекувањата за инфлацијата и каматните стапки во нарниот период.
Банките ја разбраа пораката и најголем дел од нив веќе ги намалија провизиите што им ги наплаќаа на граѓаните. Но, од следната година се очекуваат уште поголеми поволности, најавува гувернерот Славески во интервјуто за FinSight.
Со предложените измени на Законот за платен промет, граѓаните ќе добијат можност четири пати месечно бесплатно да подигаат по 2.000 денари од банкомат на друга банка, да извршуваат одреден број трансакции со минимален надомест, како и да имаат дозволено пречекорување (минус) на трансакциската сметка.
„Направивме измени кои ги доставивме до Министерството за финансии, кое е законски надлежно да ги предложи до Собранието. Со тие измени се тргаат постојните ограничувања – ќе може да има пречекорување, да се користат и други сметки, а за фиксна и ниска месечна сума граѓаните ќе можат да извршуваат повеќе трансакции“, изјави гувернерот Славески.
Тој додава дека дополнителна значајна поволност ќе биде можноста, кога нема готовина на банкомат на сопствената банка, граѓаните четири пати месечно бесплатно да подигнат по 2.000 денари од банкомат на друга банка.
„Сметаме дека ова ќе биде значајна дополнителна поволност за граѓаните“, истакнува Славески.
Гувернерот најави дека во првите месеци од новата година ќе следи дијалог со Министерството за финансии, по што очекува предложените законски измени да бидат усвоени.
Осврнувајќи се на макроекономските движења, Славески посочува дека следната година се очекува пад на инфлацијата, доколку индексирањето на платите и пензиите се спроведува согласно законските правила. Во таков случај, можно е и релаксирање на монетарната политика и постепено намалување на каматните стапки.
„Доколку растот на платите е над законското усогласување, инфлацијата може повторно да забрза. Во таков случај, за да ја зачуваме ценовната стабилност, Народната банка ќе реагира соодветно“, порачува гувернерот на Народната банка.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
FinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
Прашањето за растот на платите и минималната плата повторно е во фокусот на јавноста, во услови на зголемени трошоци за живот и притисок врз животниот стандард на работниците. Во најновото издание на емисијата FinSight, разговараме со Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за позициите на синдикатите, аргументите зад барањата за повисоки плати и можните сценарија доколку не дојде до корекција на минималната плата до крајот на годината.
Во разговорот, Трендафилов детално ги образложува следните чекори на ССМ доколку изостане договор за зголемување на минималецот, како и економската логика зад синдикалните барања. Посебен акцент се става на честата теза за продуктивноста – дали македонскиот работник е навистина помалку продуктивен и дали платите се во сооднос со создадената вредност.
Епизодата отвора и пошироки прашања за односот меѓу трудот и капиталот, улогата на државата во процесот на усогласување на платите и долгорочните ефекти врз пазарот на труд.
Разговорот нуди јасни ставови и конкретни аргументи, во момент кога темата за платите не е само економско, туку и социјално прашање.
Интервјуа
Иднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
Во новата епизода на FinSight, разговараме со Иван Стојановиќ од КБ Прво пензиско друштво за едно од најважните, а често недоволно разбрани прашања за иднината на пензискиот систем и улогата на приватните пензиски фондови.
Дваесет години по воведувањето на задолжителните пензиски фондови во вториот столб, се отвораат суштински теми: дали системот ја оправда довербата, колку се заштитени средствата на идните пензионери и какви се реалните очекувања од пензијата што допрва ќе ја примаме.
Како се промени перцепцијата за вториот столб?
Во разговорот, Стојановиќ анализира како се менувала јавната перцепција за приватните пензиски фондови од почетна недоверба, до сè поголема свесност дека вториот столб е клучен дел од долгорочната финансиска сигурност.
Дали придонесите се доволни за сигурна пензија?
Се отвора и прашањето дали процентот од придонесите што се издвојува во корист на приватните фондови е доволен за пристојна пензија, особено во услови на демографски промени и подолг животен век.
Како растат средствата на идните пензионери?
Посебен акцент е ставен на тоа колку се „оплодуваат“ средствата на членовите, како и на фактот дека приватните пензиски фондови денес располагаат со околу 3 милијарди евра, кои се инвестираат по строго регулирани и диверзифицирани стратегии.
Во што се инвестираат средствата?
Стојановиќ објаснува каде се вложуваат овие средства – од државни хартии од вредност, до странски пазари и други инструменти – и како се балансира ризикот со цел долгорочен принос.
Кога следува помасовна исплата на пензии?
Еден од клучните моменти во разговорот е очекувањето кога ќе започне помасовната исплата од вториот столб и како тоа ќе влијае врз целокупниот пензиски систем.
Нашиот модел во европски контекст
Се прави споредба на македонскиот модел со оние во други европски земји, при што се потенцираат и предностите и просторите за унапредување.
Што значи мултифондовски пристап?
Во епизодата се појаснува и концептот на мултифондовски пристап, кој овозможува различни инвестициски стратегии во зависност од возраста и ризичниот профил на членот.
Интересот за третиот столб
Разговараме и за тоа дали младите покажуваат интерес за доброволното пензиско осигурување, колку е важна раната уплата и дали постои минимален износ што ја прави инвестицијата исплатлива.
Што следува од КБ Прво пензиско друштво?
На крајот, Стојановиќ открива што можат членовите да очекуваат од КБ Прво пензиско друштво во иднина – во поглед на производи, транспарентност и поддршка за подобро пензиско планирање.
🎥 Целата епизода на FinSight носи јасни одговори и корисни насоки за секој што размислува долгорочно за својата финансиска сигурност.
-
Продуктипред 2 месециНова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
-
Продуктипред 1 месецГолема наградна игра на НЛБ Банка: Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
-
Продуктипред 2 месециПоволности за потрошувачки кредити во Халкбанк – што треба дазнаете?
-
Анализипред 2 месециМинималецот во Македонија далеку зад регионот – синдикатите бараат итни реформи
-
Продуктипред 1 месецХалкбанк денес официјално стартува со Apple Pay
-
Осигурувањепред 1 месецКЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување
-
Продуктипред 1 месецПразници со 0% камата – Мастеркард кредитна картичка од ПроКредит Банка
-
Интервјуапред 1 месецИнтервју | СИЛВАНА МИЛЕНКОВА И РАДИСАВ БУЛАТОВИЌ: Најважни се добрата комуникација, емоционалната интелигенција, искреноста и создавање на долгорочни односи на доверба со клиентите





